Вчера кај нас во лидл имаше уште, ама не знам кои точно, само видов дека се клими и дека луѓе насобрани купуваа, случајно ги загледав. Ако се распродадени вака во маркет, ги имаш онлајн за нарачка 100%. А ако се распродадени, а ги имаат во неделната понуда можеш да отидеш и да побараш Гутшајн за бесплатна достава, затоа што според проспектот треба да ги има, а ги нема во маркет. Барем кај нас е така.
Еве да дочистам и ќе одам ќе проверам. Дали можам преку продавачките таму да нарачам или мора онлајн? Не се разбирам многу онлајн, затоа сакам на лице место.
Преку нив нема да можеш, само можеш да прашаш за Гутшајн за достава доколку ги имало кај вас оваа недела во проспект. Симни си ја апликацијата Лидл Плус, напрај си конто и ќе си изгуглаш во Онлајншоп (долу десно на апп) Климаанлаге и ќе видиш, има доста избор. И ќе си ја нарачаш на домашна адреса, провери и во Лидл Плус (знакчето долу во средина) често имаш купони за поплуст во онлајн шоп. Пиши ако не се снајдеш, ќе ти помогнеме.
Нарачај од амазон или може ќе нарача деновиве некој од комшиите па ќе ти ја џитнат на тераса директ со достава до дневна
Ај ќе проверам најпрво низ продавниците за ако можеме одма да ја земеме, а ако нема никаде ќе пробам со ова шо ми го кажа.
Ок, климата купена. Спремни сме за утре. Сега уште ова ни фали. Како шо почнаа масовно да ги купуваат климите, така масовно и по овие сега ќе се пуштат. Ме потсеќа на короната и тоалет папирот. Ах, memories.
Леле ние имаме вакво, абе глупости у боја. Цел ден седам у спална затворена со него а навечер стравувам дека ќе влезат пајаци низ таа вентилација. На мм му викам дај да отвориме некоја фирма за клими, пари да правиме. Ама еве сега ветерче пафка па лежам на тераса по шорц и спортски градник. И Мк. јас не користам клими а и сум навикната на сонце и високи температури, сум имала физички активности на 40° ама вакво нешто не ми се случило. Кога ќе ги видам наоколу со вентилаторчињата ами ми се плачеее
Па извади го цревото и затвори вратата или џамот. Отворете фирма и работете само 1 месец во годината Одма ќе ви ги купат. Тука кај мене растур направија по продавниците.
Јас баш си уживам во сонцето. Лето е. Да имам чуство дека е лето. И сандали да облече човек, и фустан. И шо вика шантал ❤️ да си испереш на раат низ дома ќебиња и перници. Клима не купувам се уште. Маж ми нешто спомна, му реков со отворен прозор ќе спиеме ноќе, преку ден спушти ролетни. Ко летово 80дена ќе трае. Многу ги сакам долгите летни денови и топлите ноќи . Е сега само маци ме зеза многу, си спие во градинка по саат ипол и после журка до 22часот, па не ни остава време со маж ми да се напиеме по една чаша, да поквачаме, да си прајме дејтови. Така синоќа се заборавиме и сабајле се успав до 7 ипол . Ќе задоцневме за градинка. Друго ај да ве частам. Овој благородникот од над нас го иселивме. Тропаше маваше, се жалеше сегде, проба д аги организира станарите против нас, оти пазете детето е дете и оди низ дома. Е арно ама сите со деца, кои поголеми, кои внуци имаат на сите јасно им е како е. Правно го одјебале оти децата имаат предност да се играат дома и да бидат гласни. И на крај се иссели. Е сега се всели во станот проти него де. Пак е на иста адреса, исти спрат само е над другарка му со мачките, а не над нас . Шо значи уште ќе го среќаваме низ ходник, ама тоа е. Да се надевам само и ние поскоро да си најдеме наше.
Ние само што се вративме од одмор и не плесна сонцето уште појако. Таман реков исправ корпата празна е, почнаа да повраќаат големиот од 8 не престана, а сега почна и малото. Сето повраќаници и ќе се дежура ноќеска. Инаку на одмор видов големиот колку е само пораснат и самостоен, али малово е хаос 80 посто од времето кенка и нешто не му е погодено.Мислам дека психички ќе ме дотепа. Уште малку и накај Македонија ќе се оди,овој пат ќе седиме подолго ама поголемиот дел кај свекорци.Постот каша попара и ништо паметно не пишав, се надевам дека ќе дојде денот кога ќе напишам еден убав и позитивен пост.
Поздрав друштво, да ве освежам со . Ние сме на приземје и се живее. До недела ќе се издржи. Кој е на високо нека бара решение, сигурно е неиздржливо. Кај синко во школо имаат клими така да нема порано идење дома, редовна настава тераат. И јас во глобала не сакам прежешко ама тука и нема некое лето. Лани така затопли кратко и кога фати јули се утепа од врнење. Тука кај нас има културно лето, неќна имаше жива музика на интернационална вечер, преубаво… коктелче, музика, добра позитивна атмосфера, милина. Викендов повторно има добра програма па мож пак да се отиде. Цел одмор го земав од средина на август така да ќе уживаме месец дена МК со најмилите.
Некако мозокот не може да ми прифати дека тука цел јули децата на школо одат. Значи од наредната година летен одмор само во август .
Мене уредиве, "клими" или како и да ги викаат тука, не му бркаат работа на мојот климатизиран г'з во Македонија. Не смееме и тука да ставиме инвертер, иако не сфаќам што е проблемот кога надворешната единица би била на тераса, а на иселување може да се демонтира и избушеното да се пополни со гипс или пластофил и да се вароса. Се исплаќа ако е инвертер, вистина дека летно време само една недела е пуштен, но и плус зимно време може да загрева наместо да се пушта парно.
Како бе не ти вршат работа? Еве ние на ладничко си седеме, затемнето, чисто, намирисано, климата пука, абе милина Ко затвор некој. Маж ми само купува некои никакви перници, веќе немам место кај да чувам толку перници, ќе зеам ќе ги раздавам на бездомниците, жими се.