Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.948
    Има шанси. Само дали ќе е се внатре е прашање.

    @Cosmi во Германија е забрането да правиш што ќе ти текне. Не смееш да бушиш во ѕидови и да ставаш клими, па се ладиме како што е дозволено. Тука се почитуваат правила , колку чудно и да ти звучи тоа. Дури и да сакаш, да ставиш на балкон нешто пр.некоја преграда ти треба дозвола од агенцијата од која што го изнајмуваш станот. За сопствен стан/ куќа не знам како оди. И за жал оддамна не е само една недела топло.
     
    На SummerGirl, MacenceEna, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    Ме потсети со ова да прашам некој да не има некое чаре… имам мачки, на 4ти спрат сме тоа знаете. Не ни дозволува агенцијата да бушиме на тераса или да коваме и лепиме. Во претходниот стан имавме мрежа и доста висока беше оградата плус на приземје и не бегаа мачињата. Тука не знам што ќе правиме. Сакаат надвор, не знам како да го изведеме тоа, ми е страв по некоја птица да не скокнат и да паднат. Мм вика сепак да пробаме во наше присуство да ги пуштиме вика не се луди да скокнат ама тие кога ќе видат птица не се смируваат додека не ја фатат. Некој да не има идеа како да бидат и надвор и безбедни?
     
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    8.640
    Да ние го добивме куферот по 5 дена.
    Кој знае каде се не пропатувал.Се случи пред некоја година.Само алиштата беа малку замирисале оти се враќавме од одмор и дел беа влажни.
     
    На JasBee11, SanelaS, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    13.346
    Пол:
    Женски
    Ма и од приватен кога изнајмуваш, толкава листа долга што смееш што не.
    Во предходниот стан не смеевме низ ѕид да пробушиме да ставиме кабел за интернет, оти газдарицата во процесот на реновација го искорнала. Не и требал нејзе. Ама го имаа скинато и тој другиот, така да на крај прати електричар да дојде и да стави.
    Не знам дали и управа во сопствен стан би дозволил. Нели вода ќе тече и ќе загрозува заедничка сопственост. Во куќа можеш сигурно.

    Преска овој хер фрај хер вон не знам кој, викнал фирма да чистат балконите и цело ѓубре кај мене на балкон испадна.
    Па кога им излегов, лом ги направив. А ги гланцав нели во недела. Прати после еден со две леви раце да исчисти. Уште толку ме изнервираа..на крај го пратив да си оди, сама досредив.
    Кај нас се стопли ама многу се стопли. Дома е 28 степени. Не може да се симне температурата.

    Инаку имав енки интервју минатата недела..ама ме мрзеше и да зборам. Веќе имав решено дека не ја сакам работата поради губење по мин 1час и 15 мин во пат, иако само два дена. Ама и од сабајле додека се спремине со градинка и додека стигнам, ќе сум изморена веќе.
    Денеска па ми се јавија за една друга кај што аплицирав, ама 100%. Знаев дека е 100% и пак пратив. А работно време од 9 до 5. А кај е пат.
    Плата супер таму, ама не е изводливо. И им реков да пратив, ама не можам 100%. До 65% со задоволство.
    И така побарајте ме ако ви одговара за интервју.
    Среќна сум барем шо ме викаат после праќање цв. Шо има врска. До ноември белки најдам негде :bandit:.

    Па не дека се малку и овде ферии сега. Од клга почнуваат во Баерн? Мислам почнува од 1.08 и траат до прва-втора недела септември? Ако не сум грешка..после ноември картофелфериен имаат пак. И така.
    Мене ми е жал па во мк, децата во пролет освен за Велигден, немаат никаков пролетен распуст. А од јуни до септември се губи секаков ритам. Да му здосади на човек. Ама ок со климата кај нас и може попрактично е.
     
    На mal.ecka, JasBee11, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.853
    Допаѓања:
    93.785
    Пол:
    Женски
    Било каде да живееш, ако си под кирија, не во свое,живееш ограничено, треба да си прашаш и папагал ако сакаш да чуваш, а не да монтираш клима.
    Издавам стан во Скопје, па кираџиите за се прашуваат.
    Како што пишав нашата блиска без проблем и монтираа, ама таа живее во нејзин стан.
     
    На JasBee11, fairy88, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    9.021
    Пол:
    Женски
    За клима не знам, ама за све што сакаме да смениме изглед надворешен мора хаусфервалтунг амин да даде, пример за тенда да ставиме на тераса мора прво хаусфервалтунг да каже може, може да кажат може ама мора да биде таа боја сите од зградата да имаат иста боја, тоа значи сите сопственици на станови во зградата мора да се согласат за све што поголемо се изведува и менува надворешен изглед на зградата. За клима ете никој не прашувал кај нас. Мене сега за сега лудо ми е за две недели годишно да ставам клима. Стојам на тоа дека не е страшно како во мк.
     
    На JasBee11, Tajnaotrovna, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.948
    @Cosmi епа сега ти е јасно зошто се ладиме како што се ладиме ;)
    И вашата блиска е најверојатно исклучок, а не правило. Јас каде што живеам и работам нема клими на зградите.
     
    На Tajnaotrovna, SummerGirl, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам како по установите немаат клими… кај ќерка ми во градинка нема, во поштите нема…
     
    На Tajnaotrovna, SummerGirl и JasBee11 им се допаѓа ова.
  9. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    7.595
    Ima shansi ,pishuvam do kompanijata so koja letas.Ke go najdat I ke ti go dostavat.
     
    На JasBee11 и SanelaS им се допаѓа ова.
  10. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    Летавме до Мк пред 2 ипол месеци тогаш ќерка ми немаше годинка. На влегување во авион ни рекоа дека не смееме да седиме со бебе на седиштата кои сме ги букирале заради безбедност. Им кажавме дека плативме екстра за тие седишта. Ни рекоа жалете се на страната пишете е маил. Не сместија на последниот ред на авионот… Одма чим слетавме пишав мејл (file a complaint) на кој до ден денес не добив никаков одговор. После еден месец од тогаш пишав пак ми рекоа уште го разгледуваат проблемот. Денес пак пишав на некој емаил што го најдов на wizz customer support и ми стигна автоматска порака дека пораките не ги читаат на тој меил туку само на file a complaint. Некој со слична ситуација? Дали ви ги вратиле парите кога сте поднеле жалба за нешто?
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.199
    Допаѓања:
    40.181
    Пол:
    Женски
    Деца до 2 години треба да седат со родителот.

    Не се надевај дека ќе ти вратат пари. На мој роднина картата му пропадна затоа што не сакаа да му ги вратат парите.
     
  12. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    Знам дека треба. За местото се работи земавме 6б и 6ц ни рекоа не смеело таму, а онлајн ја даде да се букира со инфант без проблем и назад од Скопје кога се враќавме на тие седишта седевме за од Ск не беше проблем. Поентата ми е што напред седиштата коштаат повеќе него ли тие позади, или некој што си купил карта без седиште седнал на моето а јас во последен ред на авионот а сум платила 40€ за седишта.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.199
    Допаѓања:
    40.181
    Пол:
    Женски
    Не е прв пат така да прават. Крш компанија. Кога и да летам со нив, има некаков проблем. Последен пат кога летав не платив за седиште. До мене седеше жена која го имала истиот проблем како тебе. Платила за седиште, ама некој седнал на нејзиното и она седнала на друго.
     
    На JasBee11 и arwen93 им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    20.077
    Допаѓања:
    266.698
    Сега се враќам од Леголенд. Жешко е да, ама далеку како што во Мк или кај мене, на море, плус влажно.
    Значи кај нас не се дише. Тука се преживува, ама не се научени.
    Инаку тоа ти е малер, еј одиш јуни во Германија и те фаќа топлотен бран.
    И искрено не е скапо. Цени би рекла како кај нас, вода литар е 4,5 евра. Друго ок.
    Магнум сладолед 4 евра, кај нас на бензинските е 5 евра. Јас преплашена, дали 50 евра потрошив со поклони што купив и кафиња. Али не сум воодушевена. Не е адреналински ако некој оди за тоа.
    Следно Гардаленд ќе одиме.
     
    На bubemconia, Chantal, JasBee11 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.177
    Допаѓања:
    34.047
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво. Се топите ли?:whew:
    Викендов се очекува најјакото.
    Тука минатиот викенд на базен било лудило од гужва, немало кај да се паркираш…а сигурно и овој ќе биде. Ми се разладува и мене некаде ама у гужвите не знам дали би уживала. Има и езера во близина па ќе видиме. Ама јас сакам на море.(facepalm) И мене не ми се погодува, знам.

    Патем има ли некој што се преселил скоро или повеќе се разбира со вакциниве и ревакцини? Син ми се има примено во Мк досега.
    Како што гледам по нашиот календар за имунизација следно е на 14г. DT и IPV, а тука докторкава ми вика следна год. во ноември. Тогаш син ми ќе има 12 и пол години. Таман е ова?
    И последно како што гледам е ТТ на 17-18.
    Таман ли сме?:wasntme:
    Се секирам да не испуштам нешто.(facepalm)
     
    На SummerGirl, mal.ecka и Marge им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    13.346
    Пол:
    Женски
    Леле Јуле а денеска ни е еден од потоплите денови. Или за мене е. Дома ни се искачи на 28 степени веќе, не се лади. До недела вечер додека да заврне ќе има и преку 30 :D.
    Јас станувам во три сабајле и правам провев, ама не ми е многу успешно очигледно.

    A за скапо, па ние ко германците сме станати, циции..на нив се им е скапо, па и нас.
    Ја на се штедам, освен за одмор. Ој најди му крај.
     
    На Tajnaotrovna, JuLleE, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.948
    Не се спремни за летото. Голема инвестиција е, а досега не било толку топло. Ние на работа имаме вентилатори и такви мали клими на струја, што реално не ладат.
     
    На Tajnaotrovna и arwen93 им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.141
    Допаѓања:
    191.821
    Пол:
    Женски
    Wizz се крш. Нон стоп ги пребукираат и после нема доволно седишта за сите. Многу тешко се стига до пари од нив, само со адвокат да притиснеш ама тоа поскапо на крај ќе излезе. Иначе јас имам летано со бебиња на првите редови никогаш не ми напраиле проблем. Баш ме чудиш. Ама можно е и да ги чувале за некој нивни. Знам дека и така прават.

    Иначе раѓав Јули 2022, баш кога се породив фати жешко. На клиника нема клими, да поцркаш. Бебињата облечени во 3 слоја, третиот слој дебела плетка. Бебето ми крена тт. :D Дојде сестрата потресена чекај вика да го рассоблечам, му извади еден слој. Таа замина јас си го соблеков, сирото едвај дишеше. Се ќе разберам, ама на клиники мора да има клима. За 3 дена си дојдовме дома, паднаа температурите.

    Иначе објектите во Германија се градени првенствено да задржуваат топлина оти порано зимите биле доста ладни и долги, а летата благи и немало проблем со топло за да се барало некакво решение. Последниве години има топлотни бранови насекаде во Европа оти баш Европа е континентот чие загревање се случува најбрзо. Иначе лани ние не сетивме лето. Јуни онака, Јули цел не бевме овде ама кога се вративме ни рекоа ништо не сме пропуштиле цел месец врнело. Август фатија жештини максимум 3 недели и толку беше. Децава ниеднаш не облекоа пижами на кратки ниту спиевме со отворен прозор. А сега поцркавме. Отворени сите прозори и ден и ноќ, спиеме речиси голи не се диши. Нема воздух. За сабота стои 38 степени. А тек кај се Јули и Август. Дополнително, 21:20 е, а надвор уште сонце пука, деновите се долги и не може ни да олади надвор кога паѓа ноќ и сонцето ќе зајде, оти е кратко.
     
    На Dust, JasBee11, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    И јас до сега секогаш истиот ред, истите седишта ги букирав 3ти пат со бебето летав од ист аеродром и до сега не правеле проблем сега не знам што им стекна. Може ги чувале за нивни луѓе којзнае… По крш компанија не постои. Пишува таму во рок од 30 дена ги решавале проблемите еве скоро 3 месеци поминаа. Да се опростам од парите значи.
    Иначе како немаат клими во болниците? :| Не ми текнува како беше јас кога се пораѓав ама мај месец не беше многу топло мислам немаа клима ама сега ме замисли јас треба да се оперирам нели е опасно ако е многу топло се развиваат бактерии…
     
    На JasBee11 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.141
    Допаѓања:
    191.821
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено, не знам дали секаде е така, ама јас раѓав во најголемата клиника во северен Хесен и немаше клими. И ние со царски што бевме ни беше уште потешко. Пошто и тоа е операција. Сега ми текна дека налетав еднаш на една дискусија во некоја од групите на фб за странци и се пишуваше дека во некои болници има клими ама во родилиштата немало пошто не било добро за бебињата. Не знам колку е точно, ама пиши како ќе поминеш и дали ќе има клима. :D Со лесно. (fingers)
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.