И јас бев со царски ама не ми текнува да било претопло а не ми текнува ни дали видов клима или не Ќе видам тука како ќе биде на разговор сум следна недела. Фала
Пред некое време купив летови и направив банкарски трансфер. И покрај сите точно внесени податоци ми го откажаа. Пушував со агент и пополнив форма да ми вратат пари. Еве гледам пред некој ден вратиле. Да пробаш да контактираш некој од кастумер сервис. Прво пишуваш со бот ама после влегува и агент. Инаку еве јас со затнан нос на ова жешко, значи и од жешко и од затнан нос не се дише. Навивате за Германија? Ако победат и денес, пак нема да се спие
Нема клими во болниците. Јас раѓав во август, ги држев вратата и џамот отворени за да ми влага промаја.
Јас раѓав во јули. Исто еве исто ваков пекол беше. Сите трудни од жешкото добија болки и пукнаа водењаци. Болницата преполна со трудници, персонал не може да повтаса беше. Во собата немав клима, ама во тие просториите за раѓање беше климатизирано. На бокс и во ова како се викаше, просторот за раѓање, имаше. Крајссала ли беше? Леле сум заборавила. Абе три дена окапав таму. Четири смени извртев додека излезе . Ах да си бев помлада да можев ќе си родев уште едно. Сега веќе не ми држи телово, а бога ми и нервите. А и кај нашиот педијатр има клима. Вчера бев по рецепт и баш забележав.
Единствено како можам да ги контактирам е преку file a complaint. Ако имаш некој друг маил пушти ми. Каде да го најдам тој агент или бот?
Сите избегавте на ладење ? Препорака за убаво седиште за кола, што дававте против лошење при возење ?
И јас летно време раѓав без клима и тоа беше последниот круг на пеколот. Ми одмиле и дете, и живот, и се'. После на истата клиника бев за поблеми со притисок и срце. Од топлото крвните садови се шират и уште полошо станува. За стан знам дури и да е твој не смееш да бушиш. Ние сега едни цевки сакавме да ставиме за одвод на водата од балкон, ем сите комшии сме согласни, ем пак морало да чекаме хаусвервалт. Земавме си ги направивме со објаснување дека штетата од чекањето би биле поголема.
Денеска кај топло , кај главоболка почетна мигрена . Апче и крпа на глава , мирување . Сега сум поарна фала богу . Додека го ставиме базенот ќе помине летово , ама ај да не се бунам . Мм планира оваа недела да биде готов . Вие што правите на жештиниве ?
Јас чистам, перам и пеглам цел ден. Како беше таа ,,не се фалам само маките си ги кажувам". Откако се вратив на работа викендите за тоа ми се резервирани. Не се шета некаде, претопло е. Не се ни готви ниту пак апетит имаме. Живееме на сладолед леб и млечни производи деновиве. Аа и немајка сум, дадов на бебе сладолед. Фацата да му ја видевте. Прајслес.
Ние едвај преживуваме. Маж ми вчера отиде да купи клима. Нема по продавниците Од утре ќе биде облачно и ќе се намалат температурите Дома сме на лесна храна и на сладолед
Мене климата не ми стигна од амазон, бевме завчера да бараме никаде нема… и така сега се вариме на Dachgeschoss… а му зборев на мм да земеме уште пред 3 недели ама дур се накани се сваривме и ние и бебе…
Уф, едвај чекам да залади од утре. Се наоблачува од сабајле, ама никако да заврне. Шетавме денес, што под сенка, што на сонце, разладување со Цитроненајс Омилен ми е кога е така пеколно. @SanelaS Спојлер имаме за бебе Britax Römer Dualfix M i-SIZE и Maxi Cosi Tobi, ги наследи од големиот и двете се океј. Првото ми е некако тешко за ракување и за вртење и гломазно е, ама вака е доста високо оценето на страните за тестирање безбедност. И ни рекоа дека било доста удобно, со некој специјален пад направено за да биде удобно. Второто е пообично, го користиме за на кратки релации само, ама сепак и од него сум суперзадоволна. Најдобро е да отидете со бебе во некоја специјализирана продавница, ние бевме во Бејбивелт и таму со Бератер одбравме. Дури и проверуваа на компјутер дали одговараат со колата, ни го дадоа и да го пробаме на паркинг и одлучивме да земеме, а бевме тргнати по друго седиште. Гледај да биде во група на седишта до 4 год, да може да се спушта за спиење. За повраќањето, ние со големиот мака мачиме со тоа повраќање. И до сега имам давано само лижавчиња од Македонија на база на ѓумбир, ама не видов некое подобрување. А и кај него е кога како, некогаш на долг пат нема гајле, а на 15мин оддалеченост, ќе поврати. Најмногу што помогнало кај нас е, да не гледа надолу, значи колку повеќе може напред да гледа, по можност и да седи напред и музика да слуша. Баш читав во некое списание за тоа, дека помага нешто така да му го одвлекува вниманието, ама не да гледа, само да слуша, да биде сконцентриран на музиката или така нешто беше објаснето. Ние пуштаме Киндергартенкиндерлидер од јутјуб.
Welcome to the club И ние сме на Dachgeschoss Со маж ми бевме на гости. Се испотив во кола Сега е свежо. Дува и ветре. Вечер убаво ќе се спие Отиде месецов. Кога ќе дојде септември се нервирам дека за брзо ќе дојде зима. Мразам студ. Оваа зима беше хорор
Јас давам вомекс шируп. Сто пати се поврати и исто толку пати се испра седиштето. Уште на година ипол ја свртевме нанапред да гледа и тоа не помага. И музика се слуша и приказни и се. Ама џабе е. Сега за среќа се научи па кажува кога и е лошо и даваме одма пластичен сад и во него повраќа. На секое патување повеќе од 100км повраќа. Не знам колку пати пробавме демек ај без вомекс и секој пат повраќа. Сега и со вомекс а поминат 5 часа од шируп одма пак жбкуцка. Знаеме штом почнеше и штом почне да плаче, ќе поврати. Мојата си е од бебе бебе повраќало и на болести и на вирус и на лулашка се си повраќа.
@Katie90 исто сме правеле денес . Перев постелнина на сите денес . Бев да ја земам големата од една забава кај другарка . И на сладолед , ама испадна Мекдоналдс а ич го нејќам. Најмалото чим јаде од таму нареден ден не му е арно . Он е дете кое често повраќа . Не му е лошо додека се возиме , сме немале проблем со тоа . Ама општо си повраќа така . Големата беше пред недела денес на кирмес со друштво . Пиеле сите Apfelwein Cola . Другарка и спиеше кај нас , беше малку како поднапиена Бог да ги чува. Незнам како дошле до алкохол. Поголемите со нив купиле за сите . Една чаша не е проблем , ама некако мали ми се . Иако и ние на таа возраст почнавме со алкохол и цигари.. ама сепак Денес пак испила две мали чаши Apfelwein Cola Ама немаше знаци дека пиела Кога се мали ќе повраќаат од возење , после од алкохол
Одеднаш почна помалку да ме нервира што уште не се успива . Не сум спремна за овој муабет, далеку ми се чини . Алал да ви е што работевте домаќински работи викендов. Ние не ни дишавме дома, за да не се качи температура над 29 степени . Денеска и сите на куп една дневна дремка си направивме. За ручек јајца праевме и салата. Сега маж ми месо за утре спрема, јас вампирот не можам да го успијам. Пеглање веќе цел месец одложувам, немаме што да облечеме веќе, ама ми е гајле. Чекам па после.
Ај за убаво нека е. Тука врне и грми Конечно свежина Оваа недела не верувам дека децата ќе ги пуштаат порано од школо. @MacenceEna и јас не го сакам Мекдоналс и слични на него. И не купувам за мене и маж ми. И децата не го сакаат. Повеќе се за Бургер Кинг. А со оглед на цените, повеќе се исплати да јадеме донер
И кај нас не се дише,саботата одеше температурата над 40 степени. Ние пак двата дена бевме на пливање.Првиот на езеро,ама не ми се допадна.Тињак и со алги и жешка беше водата.Ја носев и малата,ама оно златното не можеше око да склопи од жешко. Цело време беше кенкава.Денес маж не му се излегувало и остана со неа дома.Јас со малиот бевме на базен. Супер си поминавме.Дали и дека пливав и денес пооблачно беше. Кога влегов дома во 8 саатот дамла ме удри преку 30 степени покажуваше термометарот.Ништо чудно треба да е затемнето со затворени прозори,маж отворил ја вратата да се луфтира И сега оди па спиј. Вчера купивме вентилатор не е лош ама не е некој кој знае каков ефект. Добро колку пари толку музика. @SanelaS јас искрено купив половно седиште на Britax Römer Dualfix M i-SIZE и се разочарав.Гломазно,на детето му паѓаше главата на напред оти не е доволно легнато. Катастрофа и јас го купив заради рецензиите и се излажав. Па видов не видов си купив ново на cybex reboarder sirona g i size од Babywalz и сум презадоволна. Малата лежи подобро. Гледам имаат уште ги имаат истите попусти,не беше скапо околу 230еу не фати.Зедовме кремаво и за изглед е убаво,е сега се мислам можеби требаше да земам темна боја да не се вала,само е касно.
Подалеку од Бургер Кинг, Мек и КФЦ и општо места каде што се продава брза храна, истото важи посебно и за турските донер ресторани. Или што поретко, оти знам како е со децата кога ќе запнат нешто или ќе се заинатат. Ако сакате да се заштитите себе и вашите најблиски. Добронамерен совет .