Понеделник, Имав испланирано да ги ипсратам двајцата и да раскренам низ дома. Ама како и секогаш кога така планирам, крипе цу . Оваа година се убија од работа. Исто сега и четврт и петок пак се затворени. Нон -стоп е дома малата. Ама барем оваа година не е од болести дома и за тоа сум преблагодарна. Убава недела женски. Нема да е толку пеколна оваа.
Конечно свежо надвор, дури и ладно некако ми дојде утрово. Однесовме дете во градинка, отидовме со малото да прошетаме и ми се јавија од градинка дека на големиот му тече крв од нос и никако не му престанува. Одма сменивме правец со бебе и отидовме пешки да го земеме големиот, И уште па воспитивачките се чудат дека многу крв течело, не престанувало, а него стварно претходните денови од топлото му течеше крв од нос и јас мислев и денес е од тоа. Кога, излеговме од градинка и го прашувам дали случајно се чепнал во носе, ми вика - не мама, јас се сопнав и паднав директно на нос И воспитувачките ништо не ми кажаа и наводно се чудат зошто му тече крв од нос Малото сега едвај заспа, со денови не е спиено како што треба од топлово, големиов па ме тера да си играме нешто и омилен дел од играта ми е - мама, Ауген цу Маж ме лути што не ме слуша за некои работи, препекав да размисли да ја продаде неговата кола, ама тој ја чува од чисти емоции буквално, без да уклучи разум дали стварно му е потребна. И сега од пред некој ден, покажува некој фелер и ако излезе дека мора да се прави, ќе кошта баш скапо. Скроз непотребен трошок. И секогаш кога ќе помислам на тоа колку зборев на таа тема, а он одбиваше макар да ме слушне убаво што зборувам, ми се спојуваат сите жички од лутина Така, си се испожалив од сите Јас битно најсупер сум, срцка Долг ќе биде денов… @bubemconia препорачано еднаш мислам дека за 8 дена ни стигна, ако добро ме држи памтењево. Има опција преку дхл да стигне нешто и за 24 саати, нас еднаш битни документи така ни праќаа, мислам 50€ кошташе таа услуга на времето.
Блазе си ви кај ве олади. Јас веќе сум нервозна, многу нервозна. Дома е таков хаос, што немам видено. Нит е ишмукано, нит испеглано. Испрани се ама сите алишта, така што претпоставите си колкав куп за пеглање стои. Има 5 пакети што треба да се прегледа и врати. Дома е веќе 28.5 надвор е 30 спарно и пржи сонце. Нема шо да ја занимавам веќе. Се се изигра низ дома. А и шо ќе игра. Скокне два пати, се угрева и не и е добро, се жали. Паркирана е пред тв да гледа песнички. Сабајле стана цела испотена, и откако дојде пораката дека ќе е дома, не можеш ни промаја да правиш. Веќе цела недела спиеме на провев, сегде отворено. Страв ми е ќе се настине. Не се покрива, голо спие. Ко демек ќе врнеше во 9, во 12 во 2 сега веројатно ни нема ни да врне денска. Маж ми додека дојде да се смениме дома црви ќе не јадат. А ме мрзи и да се спремам да барам надвор сенки да ја носам. Не ми се оди нигде. Колку да си поплачам, па белки заврне да можам вечерва да пеглам. И нешто не можам ни да спијам ноќиве. Дали е жешко, дали хормони, дали месечини или се на куп. Ај ќе се испратам .
Добро утро. Крипе цу А дали ви кажав дека 6 недели немам после градинка за малата . Пола август и септември..еве ако не сум ви кажала. Синоќа залади и заврна, ама дома не се олади многу многу. Мислам се олади ама во моментот кога затвараш пак се качува температурата. Ај денов да се преживее денов некако.
Зависи од покраината и кога генерално почнуваат распуси таму. Кај нас е во август, втора половина. Ќе видиме во градинката кало ќе биде. Се дава распоред уште во јануари секако клга ќе е затворено. Ама еве вака ко мојата, оваа недела од 5 дена, веројатно само утре ќе има градинка и тоа оти и се пуштја мајките на шефицата. Па друга група ќе затвори, не нашата. Лудница е крипе.
Ние сега се запишавме ќе почнеме од август со адаптација. Вака ми изгледаат воспитувачките и шефицата океј, многу се внимателни. Градинката е стара ама чиста. И пребрзо добивме место ми падна чудно. Кога отидовме на запознавање ни рекоа немаме деца ако знаете некој да бара градинка препорачајте не. Секоја година се помалце и помалце деца имале. Оваа година 14 се во група со 3 воспитувачки. Јас па се израдував зошто се надевам со помалце дечиња ќе имаат доволно време на сите посебно да им посветат внимание.
Крипе се по 11-12 деца и три воспитувачки. Или така е по план барем. Кај нас се толку. Децата се убаво згрижени, се држат во раце, си играат, ги учат. Не е тоа проблем. Проблем е дека се многу мали и постојано се разболуваат, додека се да поминат од болести. Па и воспитувачките се болни од децата нормално, постојано..нема доволно кадар за да може да се менуваат и на крај се затвараат групи и децата остануваат дома многу често. Плус имаат по 30 работни денови кога е затворена градинката. Значи организациски е тешко да се постигне се. Особено акп двајцата родители работат, не можеш се да искоординираш пошто ти иде мејл сабајле во 7 ипол, дека денеска нема градинка. Вие се селевте мислам. И ние се селевме таа година пред малата да тргне во градинка. Така имаат предност децата за адаптација во новата средина. Умцуг кинд. А може и така се погодило. Генерално сегде се зголемува број на деца и листа на чекање е долга, вие сте исклучок очигледно.
Може да сум грешка можеби се 11 во група. Местово е мало и мирно, не е село ама е приградска населба. За делот со разболување сум спремна, знам дека така ќе биде, тоа е… Јас планирам да барам тајл цајт работа, фол цајт ми се чини невозможно и двајцата да работиме…
Распустот во сите покраии е различно некаде почнуваат од јули некаде август. Тогаш градинките се затворени цел месец… Браво за сите родителни што може да работат воллзеит додека децата им се во градинка. Овде не постои таква можност многу малку градинки има целодневни, а и работното време не одговара работата и премногу се скапи. Алишта ако не соберам веднаш ќе стојат и по цела недела. Затоа гледам веднаш да ги соберам што треба да испеглам. Машината за садови ја полнам веднаш после доручек, ручек ја пуштам и навечер ги вадам. За сабајле имам празна машина и само ја полнам. Играчки собирам повеќе пати на ден. Еднаш усисувсм , за џогирање се срамам да кажам кога последен пат џогитав. Јас собирам тие расфраат и така секој ден неколку пати во денот. Готвам скоро секој ден. Навечер излегуваме шетаме или на шпилплстз и тоа е нашето секојдневие. Ова семоите тајни за чист дом, ако некој има друг начин или идеја за да биде чисто а притоа да не се губи многу време нека сподели слободно. Дека си @gjoker4e што направи со новата работа?
За 5-6 дена, една работна недела. Мајка ми ми имаше пуштено препорачано, честитка за децава во Декември. Се зачудив колку брзо стаса, воопшто не очекував.
Луѓе дали сте примале некои вакцини после пораѓај? Сега се јавив да закажам термин на нов фрауенарцт за контрола и ми велат да понесам импфпас викам “зошто?” Викаат: “па немате примено вакцини после пораѓај?” Викам: “од короната наваму немам ништо примано.” И вика “das ist schlecht…”
После не, но кратко пред да се породам да, и фала им, никаков вирус не фативме со бебе, додека маж и ќерка поминаа многу лошо. Можеби ова е нешто ново, но швабиве ептен почитуваат вакцини.
Вакцини нити примав во бременост, нити по бременост. На моја иницијатива за крлежи и тетанус сега примив. Уште 2 недели градинка, па 9 недели до училиште искрено страв ме фаќа како ќе се одвива натака. Од септември почнувам со 40 посто да работам, дете секако нема градинка па ќе го чува една тагес мути.Немаше ни да почнам сега ама ми дојде преку глава од стандардни обврски и маж што глуми жртва. А кога има слободно време си ужива, а јас во времето без деца чистам. За него скоро и ништо не се смени, а мене пак ништо исто не ми остана. Барем некоја симпатија да си најдам да ми одмори главата.
За која вакцина се работи што штити од вируси? Стандард вакцините дојчовци ги освежуваат на 10-15 години. Ммр освежував пред бременоста, во бременоста оваа за магарешка кашлица, тетанус. Тоа. Друго не знам. Ама дека од вакцините не сте фатиле со бебето, мислам не е возможно. Биди среќна што не мораш да бараш и работа со деца. Некна на тој оглас шо ми се јавија нели, да прашаат дали можам 100%. Во понеделник ми праќаат мејл ако сакам само хонорарно за една недела во септември да им сработам. Фактички да го почнам јас проектот, па после да си го вработат некој си да си лапка пари. Веројатно тој покасно може да почне, а они мораат една недела порано да почнат. Е тогаш ми нудат и пола работно време. Ок. Само мене кој дете да ми чува за таа една недела. Па маж се понуди да ја чувал он. Ок викам. Ама мене и подготовка ми треба оти јас од три години дома, не знам дали и името знам да си го напишам. А и предходно 4 недели ќе ја чувам. А и адаптација да планираме треба. И сега јас нели од принцип не сакам да им идам. Или си мислам само хонорарно ако не да работам. И утре морам да вратам на мејл. Не е професионално, ама шо да му вратам ко поима немам шо сакам.
Рсв и на возрасни се пушта? Мислев само на бебињата? Инаку за рав еднаш имаше дискусија тука, дали на новороденче би ја ставиле, особено ако имате уште едно дете дома? Да. Значи ставајте. И од мене препорака после ќерка ми, она на две ипол фати и имаше некоја средна слика. Ама не беше ок. Денека имаме шнупертаг во новата градинка. Синоќа бев на елтернабенд. Може и најстарата мајка ќе сум таму. Овде во крипе не бев. Повеќе бевме исти години и се оформи круг одма. Сега шо знам како ќе биде.
И уште едно прашање, абе почнаа нешто попусти? Од кога беше тоа? Ќе си земав ден за мене неделава и ќе одев по дуќани, смао нели маци нема кој да ја чува. А со неа имаш, мама ај доста сега..излавај. доста фаќаш. Мама ако продужиш вака ќе си одам сама дома и вечер нема да гледаш песнички . Јас од немоќ кажувам, она ме имитира. Колку бедно звучи. Нека крене два прста кој не уценил дете вака.
Јас вчера бев во трговски и имаше попусти. Ама ништо не си купив ептен немав време за мене да гледам.
@јolene зошто од принцип да не прифатиш? Незнам за каков проект се работи, но мој совет е да одиш. Маж ќе седе дома со дете. Верувам дека после 3 год добро ќе ти дојде промена, па макар и за една недела. Еве јас работам мини џоб само. И многу ми е убаво што немам некој да ми скака на глава. Што пијам едно кафе на раат. Прилагодувањето кај големите деца најчесто е 2-3 дена .