Во врска со градинкиве.. На пријателка моја нон стоп и прават проблем. Детево е запишано до 4,а тие секој ден и се јавуваат да дојде порано да го земе. Те бил немирен,те не заспивал без нишање,они одбивале да го нишаат и секој ден и го враќаат порано,неспиено и нервозно. Имаат ли право да те викаат да го земеш детето затоа што е немирно? Јас сега се плашам истото ќе ми го прават моево кога ќе почне
За немирно не знам али два месеци одев на прилагодување. И уште не е целосно до крај заклучно со следна недела ќе биде до 15ч, запишана ми е до 17ч (ама сега нема потреба да седи). Кога учителката не беше на работа што ја воведуваше во градинка детето ми го враќаа дома. Една недела имаше одмор, една недела болна и еден продолжен викенд. Таман ќе се навикне пак од ново потоа по некој саат на ден. Кога плаче за заспивање ми се јавуваат да си ја земам. Некако многу лабаво си ја сфатиле работата. Втор пат се скарав и плус пријавивме во општина. И згора на се за тие два месеци ми засметале и ручек за детето. Она вчера што се вика прв пат стаса до 12ч. И за тоа жалба поднесовме. Работата е што каде и да ја запишеш исто ќе биде. Си велиме ако ја преместиме ќе не лупнат уште два месеци прилагодување со гаранција
@gjoker4e Сега во Август 2 полни. @FreeMind Да,повеќето што ги знам имаат одено по две-три недели на прилагодување. Или ќе поседат додека се заигра,па си одат,ама сепак во близина да останат во случај да почне да плаче да си го земат. Јас баш да видам дали Бени ќе почне годинава како што требаше,Декември или Јануари. Рекоа после Sommerferien ќе не викнеле на разговор. Баш да видам.
Нека се жали мајката на главната во градинката. Нека каже дека не може да си доаѓа порано од работа (макар и да не работи или само до 14 работи на пример) затоа што тие не се способни да се справат со едно две годишно дете. За нашата градинка немам зборови. Од групата до 3 години сум презадоволна, а за над 3 уште сега гледам дека ќе имам забелешки. Прв ден заедно пола саат, втор ден пола саат заедно пола сама, трет ден еден саат сама, четврти до пред спиење, петти со спиење и може до 17 да остане. Толку грижливи, заангажирани, љубезни, трпеливи девојки и жени немам видено. Секоја чест. А во групиве над 3 години има по некоја со откачена жичка и тоа ме плаши. Малата баш се падна во групата во која не сакав. Знаете како избираат во која група ќе се падне и дали може да сменам? Ми беше незгодно да им речам бидејќи не знам дали е дозволено. Ако има шанси ќе им речам, ако не ќе чекам и ќе видам што како ако не е добро ќе се жалам секој ден.
Да,па баш тоа е проблем што почна да работи и не може секој ден порано од работа да излегува.Инаку рече и она дека ќе барала да зборува со некого,зошто детето е запишано и цело време си плаќаат и тоа убава сума на пари,а се по два теи саати порано ја викаат.
Зошто не би било дозволено? Ние сменивме група во градинка, дете пола година ми протестираше нешто дека една од учителките не била со нејзе мила. Ќе одиш кај директор и ќе побараш премештај, ако има некој проблем.
Воспитачките се многу безобразни. Гледам по градинките на син ми, ако може да направат да остане детето дома ќе пробат да го направат тоа и притискаат. Пример старата градинка кога ја откажавме во последниот месец пред да си одиме два пати ме викаа да си го земам детето- прв пат оса го уапала и втор пат наводно коленото многу повредено(рана изгребано со песок-демек не смеале да ја чистат). Исто прилагодувањето на синко траеше долго. Почнавме на 13 Март, а траеше до 15 Maj. Така да мајки не се нервирајте ќе се навикнат децата, синко дури и цицаше за време на прилагодувањето, па имав и фаза на одвикнување. Само како што кажав да не осетат дека сте флексибилни ќе ви се качат на глава. Во новата градинка видоа дека не работам полно време и дека имам слободно во текот на неделата и петок ми се јави зошто дошло детето требало дома да седи, а јас го пријавив тој ден после одморот дека ќе оди. Битно детето ја сака сега градинката и тоа ми е важно.
Препорачајте ми некое средство за нега на кожен мебел од кое сте задоволни и уште нешто... Од каде и какво чоколадо купувате за. Fondue? Добив на подарок па сакам да пробам.
Ние годинава одложивме, да сме сами би патувале можеби вака не. Може да се патува ако имаш регулиран престој на враќање ќе се прави тестирање на аеродромите. А и кај нас од фирмата на маж ми е е нагласено дека ако патува во ризична земја и покрај негативниот тест ќе треба да седи 14 дена дома неплатено. Така да сега за сега нема патување.
До три години даваат само д. Омега можеш да прашаш али овде не ја даваат како додаток кај деца. Ја има во риба, масло и авокадо.
Ох мислев 35та недела Да, сите хромозомски тестови ќе ти ги понудат чинат над 250 еур приватно се плаќаат. Тука е за даунов синдром и остали (трисономија 13,18,21) кој над 35та година е една на сто жени. Многу визок ризик согласно годините јас би ти препорачала да тестираш. Плус полот бесплатно ќе го дознаеш Најбитните тестови ти се до втор скрининг и ти останува уште стрептокока. Веќе идеш 20та недела? Машала машала на пола си уште пола и со најлесно до крај
Не бе па ти уште сум 10 и мачам маки со повраќање и гадење За трисономија јас правев со малата преку крв па мислам дека не е ради возраста туку желба имав.Ама кога ги чита трудниците во мк тука нема толку испитување или грешка сум