1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Goodgirll321

    Goodgirll321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, скоро дојдов Германија со фамилијарна виза,предходната недела се пријавив во АОК здравство ми рекоа дека оваа недела ќе ми стигне писмо со број на осигурување додека биде готова здравствената картичката. Сеуште нема стигнато писмо, прашањето ми е следно: бремена сум, треба да идам на контрола неможам да чекам веќе, дали гинекологот ќе може да ме најде во системот ? Или сепак морам да го чекам бројот и писмото?..
     
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    Кажи им дека накнадно ќе им ја донесеш картичката кога ќе ти стигне, дека би требало да ти стигне за скоро за да не плаќаш како приватен преглед. Објасни им ја ситуацијата на лекар би требало да имаат разбирање бидејќи си трудна. Ако имаш некој доказ дека ти е картичката во изработка меил, писмо било што, покажи им го.
     
  3. Goodgirll321

    Goodgirll321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    За жал немам доказ, имам само картонче што ни закажаа термин за пријава кај што бевме со маж ми да се осигураме преку него. Треба да чекам писмо рече вработениот таму и на тоа писмо да залепам сликичка од мене за картичката. Ќе идам утре да прашам , ќе ги замолам за преглед..
     
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.549
    Допаѓања:
    18.167
    Имав иста ситуација. Од шалтерот кај гинекологот се јавија до АОК, од таму им потврдија дека се водам како веќе осигурана и немаше проблем. Најдобро ќе ти биде да се јавиш во АОК и да кажеш дека мораш да одиш на лекар и барем усно нека ти го кажат бројот на осиг. па после ако треба и со ординацијата нека се оправаат. А друга опција би било да си го платиш прегледот приватно па после да бараш АОК да ти го надомести трошокот.