Јас четвртокот минував. Прочитав низ темиве за Товарник, да ја избегнеме Бајаково, така и направивме ама заглавивме и таму 2 часа. Не сакам ни да помислам колку ќе беше преку Бајаково. За Македонија планиравме преку Прохор, ама отворив камери во живо има да се провери ситуација немаше повеќе од 20тина коли во 4 реда, па се одлучивме за Табановце и поминавме за некои 5-6 минути. Околу 6 попладне.
Петок од 3 сабајлето до 10 .Табановце имаше многу коли ама многу ленти отворени, брзо работеа и многу брзо поминавме
Види може е и среќа ама и наши пријатели следниот ден чекаа 9 саати многу бавно работеа, плус немаше еу и не еу. Ние мислам Товарник ќе одиме на враќање.
Никогаш нема еу и не еу вака во сезона е хаос. Дефитивно Товарник. И таму се чека ама бар помалку е. Остај среќа, со деца мали ризик јак е тоа.
Сметај дека на 31.07, петок официјално почнуваат распустуи во баерн. Значи цел југ ќе тргнува тогаш. Темпирајте да не е тој викенд баш.
Баш затоа планираме да тргнеме во среда. Знам дека секако ќе има пак гужва, ама некако се надевам на помалку од петок/сабота.
Мене и неколку дена потоа главата ми пулсира ротее грутце, бајби шаркк мама шарк значи во немоќ повеќе милион пати ги преслушавме детските песни.
Скроз ти верувам. Ние обично со преспивање на пола пат сме патувале до сега. Е, ама, овој пат маж ми дојде на генијална идеја да тераме до Македонија без преноќување. Уште не можам при себе да дојдам. Дефинитивно стара сум за вакви авантури. На враќање ќе преспиваме негде после Словенија па мајка Јана. И мене уши ми зујат уште од бејби шарк, а до сеа немало потреба од мобилен претходно.
на 29ти во среда па завршуваат кај нас тука штуттгарт и околу, и што збориме со луѓе околу нас сите планираат да тргаат среда и четврток а некои па и вторник . И ние следна недела си одиме и знам со сигурност само дека малите граници и хрватска србија секаде ќе ги фаќаме , а камерите минатата недела зафркнаа многу не покажуваа точно на бајаково , и прохор полесно се минеше кај нас. За поклони носење во мк кој како заслужил така и си добива
Зошто сите преку Хр идете? Ние секогаш преку Маџарска и многу подобро се организирани и те редат во која колона да влезеш. Е сега и таму ќе има гужви сигурно овие викенди, сите си одат.
Ние почнуваме да се предомислуваме и веројатно нема да си одиме сега следната недела кога планиравме. Имавме свадби, ама едно цени со авион прескапи, друго ми излегоа обврски. Со кола ние шанса нема. Денеска 20 км рута имавме да извозиме и после 5тиот км, рече стој готово иде жблуц. Е арно ама си ја научивме да повраќа во еден пластичен сад, па не мораше да переме и седиште. За тргање со кола во еден здив не можеме со маци никако. И не ми се вози три дена по правец никако. И тоа е денови губење, па во лето ич немам желба. Сакавме прво роад трип да правиме, ама сега многу изморени се осеќаме и порадо би ги искористиле деновите за да се одмориме. И така ќе видиме. Јас велам у септември да си одиме. Таман тука сега ќе биде празно малку, на раат да си се прошеташ негде. Инаку гужви насекаде.
И тука на 29 ти среда започнува распустот. Не би тргнала со кола среда- четврток ама никако. Не само граница секаде ќе бидат гужви. Бајаково највеќе имаме 5 саати чекано, ама нас гужвата близу до граница не фати, а позади нас се направи огромна колона. Ние рековме мк само авион. Сега за недајбоже све е можно, ама планирано само авион.
Искрено кога и да се тргне таа е, гужви ќе има секако. Ние мислевме исто на 28ми да си тргнеме ама поради мои обврски ајде на 30ти ќе тргаме. Ама како ве читам гледам сите така планирале а ние мислевме оти сме ве заебале оваа година и дека ќе избегнеме гужви. Значи за Илинден сите сме таму
Цел Балкан е иселен. И плус сега почнаа распустите и во др. европски земји, така што се осеќа гужва и тоа како. Вчера од кај мене правец Минхен уште во 7:30 имаше Stau, тој правец го возам секогаш и се осеќа. Кампери врие. Само полека и сите да стасаме безбедно. Паузи и спиење обавезно.
Рекорд гужва една година, три дена не можевме да стигнеме во мк. 24 часа заглавивме во Србија. Нешто сообраќајки, одмори свашта. Во Хрватска исто еден ден изгибувме, а бевме тргнати од северна Германија. Од штутгарт па една година 6 саати до Минхен не можевме да стигнеме. И така. И не, не патуваме само ние на југ. Грци, турци, романците, бугари исто возат дел од рута. Срби и хрвати нормално. Па на тоа стај кампери, одморџии. Па некои авантуристи од уште понасевер и така. Гужва има секогаш, точно. Ама ова кога почнуваат распустите е друга димензија. Потоа пак малку се опушта сообраќајот.
Хај да пријавам и нас тргнување на 30ти Ќе биде супер весело изгледа Вие што одите со две деца, посебно кога едното е бебе, седите напред или назад помеѓу нив? Прв пат одиме вака на долг пат со две деца и стварно не знам каде да седнам, обично со едно кога сме биле сум седела назад до него, ама сега многу тесно, па дури и невозможно, дека и две седишта позади А напред ако седам, па ми е шубе да ги оставам сами позади, поготово што големиот повраќа, додуша се помалку последниве години, ама сепак ризично ми е.
Напред. Марге и раат. Додека седев надзат само грб ме болеше. Дај му таму празна кутија од сладолед, некоја подлабока и нека држи додека најдете место да застанете. Ним ништо не им менува што си ти до нив. Како ќе го спречиш да поврне? Вомекс даваш ли? Јас давам ама има дејство вкупно 5часа кај мојата и после пак жблуцка. Не сакам да давам повќе пати на ден и не сум давала и затоа темпираме пат до макс 7часа возење. Малото ќе го гледа големото, ти секако не си интересна. Може и ќе си го преспие пола пат. Мојата се научи сега и а ја ставиш у кола, се мести да си запие. Па се лути шо не возиме повеќе да спие. Ама такво жблуцкало е што и од спиење се има разбудено да поврати. Аман. Ај само да се живи и здрави. Ќе одам на елтернгешпреш во крипе. Завршен. Ми се спие ми се плаче. Кој ќе збори сега. Таа едната мајка па ми вика дали да им упатела критика. Велам ај сега за 3 недели ти завршува градинка и ќути си. Дојчовци. Се нешто да се мрмка. Од септември еве на шо ќе се дружам со мајки. Доста е. Носиш дете- земаш дете и се имаш нешто работа. Ни игралиштр, ни родендени ни ѓаволи . Да ја слушате Санела ко ви вика не ви треба главоболки и мути.