Женски гледам многу од вас користат Винтед, може ли да ми објасните како оди? Си го внесувам ибанот и така ми плаќаат купувачите? Ставам артикл на продажба и автоматски се внесува шипингот? Како ги пакувате работите? Може и приватно некој да ми пише да не замарам овде, малце сум смотана за вакви работи и ми е страв секаде сметка да внесувам хахах не сум продавала до сега онлајн.
Здраво на сите,од нервоза неможам да Апијан.Добив денес гласовна порака од мојата гинеколог,дела си оглед на ситуација на хормони и штитна жлезда-многу тешко да се остварам како мајка .Ај прво што не е етички ама и никаде не спомнува колику се вредности те . Дали имате искуство со Киндервунш клиника ,дали е скапо или дел превзема здравствено то осигурање? И што сте пиеле пред бременост како поддршка на организмот? Многу сум разочарана.
Ако си ти под 40 години, делите со касата трошоци до три обиди. Наоѓаш киндервунш клиника и од таму ти прават барање, носиш-праќаш во касата, ти одобруват секако. Чини од пролика од 1700- до 2700 евра по обид. Хормони се средуваат. Има терапија. Стрес треба да се намали за да може да има успех. Подобро уште сега регулирај исхрана и почни со спорт, побргу се средува се така. Не прашувај од кај знам. Смени гинеколог ако ти прави нервози, ќе треба стално да одиш и не ти трњба дополнителен извор на стрес, кога ќе почнеш. Стресно е да не се лажеме. Мислам не постои ништо по стресно за една жена пред да се оствари како мајка. Хормони, чуства, надежи ах ко ќе ми текне какво време беше уште ми е жал за мене, ама не сум знаела инаку. Инсеминација Мислам не се плаќаше. Исто со кломифен не се плаќаше. Хормони, хистеро-лапаро, ехо кога си во процедура исто не се плаќа. Мене овде ми беше поудобно отколку во мк. Кимдервунш клиника леле. Ако си во Јужна Германија да ти ја препорачам мојата. На пет места бев тука низ Германија.
@Marge јас до една година со сите тројца седев назад. За мој мир, ама и второто и третото бараа константно внимание. И двете се опуштија баш накај годината. Тестирајте прво низ град како ќе биде пред да тргнете на пат. @arwen93 Не знам како се креира страницата маж ми ја среди, ама да оставаш ајбан, шипингот стои дополнително под цената и е на купувачот, автоматски се креира од Винтед, а поретко ти ќе треба само да одбереш големина на предметот на достава за да се одреди шипинг. На тебе е само да го средиш она што сакаш да го продадеш и го носиш до достава што е преферирана од купувачот, таму го читаат кодот што ќе им го покажеш, лепат стикер и го праќаат. Имаш во Action за 1 евро 20 кеси за пакување и се многу слатки. Ја дополнително ако е нешто понежно и мислам дека може лесно да се оштети при достава го пакувам прво во хартија за поклони, обично секогаш имам што ми останува од децава од родендени, гледам секогаш да е неутрална некоја, па потоа во кесата. А имаш и хартиени пликоа големи, обични или внатре со баблс што се за кршливи работи, за нешто понежно. Ко за некој што не нарачал ништо преку Винтед, појма немам како другите пакуваат, ама пошто сите ривјус ми се позитивни и високо оценети, претпоставувам ова е прифатливо.
Вредностите можат да си ги побараш и ќе ти ги дадат испринтани. Поздрав од Македонија.Нашиот распуст почна од 08.07.Кога е распуст празни се улиците кога одам на работа ептен е убаво за возење, ама за викенд автопатите се хорор. Вие сите кога ќе си дојдете ние ќе си одиме.Градов станал игла да фрлеш нема кај да падне ,коли милион во град од ај ќе пишам 50000 жители.Гужва, страшна некултура на возење и нема шанса да возам.Порано велев само таму знам да возам секоја уличка ја знам ама сега не.Некако се возеше на пред 20 годинини сега не. Градот во последниве 10 години толку е сменет што има делови што не ми се во главата и само се чудам од кога е ова. Секогаш за Мк одиме на пролет сега лето.Мачно ми е од жешкото па само дома седам.До мајка ми не ми се оди. Важно ја крстивме малата, убаво беше дури и во кадичката ми го ставија 5годишното бебенце. Од 5 внуци што имаат светковци собрани на куп бевме само за малата . Ај жалопојки да скокнам.Да кажам на грчка граница од Дојран чекавме само 1ч.И не е ништо со обзир дека во гужва имаме заглавено од Руген 8ч без граница .Остаднувам цврста на мојот став дека само со авион за Мк ,не сум јас за кола.Да одам да тражам доручек оти 4 усти чекаат на мене .Имајте убаво остаток од летото.
Јас позади седев иако беше исклучително неудобно. Ама морав да бидам дежурен кловн, менував музика, лепевме слики, јадевме смоки, боевме со големиот, ставав цуцла на малото и милион такви работи за да можеме да го поминеме патот.
Ти благодарам многу.Дали можеш да ме советуваш околу промена на исхрана,јас планирам скрос да отфрлам млеко и мл.производи. И дали како спортување се рачуна велосипед возење
Кога некој ќе ти го купе производот, купувачот го избира начинот на достава хермес, дпд, упс.. ако немаш некои во близина и не си во можност преку нив има опција да ги исклучиш. И потоа автоматски добиваш етикета за пакетот. Можеш да дпакуваш во било каква кутија нели пропорционално со димензии. Кутија од добиени порачки од амазон , заландо… јас добив еднаш од кутија за обувки тамарис. Од како купувачот ќе ја примимпорачката треба да кликне дека се е во ред и ти ќе ги добиеш парите. Ако ти е нешто нејасно слободно прашај. одење во мк сега за сега само авионски излегуваме од дома за 4 часа сме во мк. Е сега не сме мобилни ни треба кола и таму, ама и за тоа има решение , изнајмуваме и така. Инаку ава ако зборуваш за сообраќајот во мк, се согласувам од збор ќе додадам секој парќира каде му се сака, буквално. И тие што имаат гаражи и паркинг простор во двор колата ја паркираат на улица, а секако тесни улици на тоа и паркирани возила и кога поминуваат две коли неможат да се разминат. Во лето немам воопшто желба да си одам, сите си тераат одмори. Кскво е вашето искуство со резервирање одмор порано пр јануари, февруари за во август? Дали понудите се поефтини во однос да резервираш месец дена пред одење на одмор? Ние никогаш во зимо не размислуваме за одмор и секогаш плаќаме повеќе за одмор.
Јас секогаш многу рано резервирам за одмор на пример уште во Декември за следниот Јуни и секогаш понудите ми се со мин.500 евра заштеда .
@joana18 ние во декември резервиравме и баш сега отворив да видам колку би чинело сега и е како што кажа Санела околу 500 евра е разлика.
Тоа само ако администраторите дозволат, јас не сум за префрлање, да е до мене и 40ка би си излегла назад зашто умре во скриено катче без никој нов да може да ја најде темата и да се приклучи. Па и цело скриено би го тргнала, јавен форум е. Така што не знам, тагнете го михајло можда, или фемина. И пишете во прашања за форумот за вакви работи, таму тагнете, не цела тема да оди оф топик непотребно.
Колку е пресудно , позитивно или негативно ако детето вп прв клас се погоди сам без познаниците пд градинката. Моево е супер отворено и дружељубиво, ама мене бубачки низ глава ми минуваат и некои стравови. Дали е потешко да пребродиш се , ако никого не познаваш.
Е мојот беше сам и првите неколку месеци му беше тешко. Дружељубив е, најде другари ама пак беше тажен често. Можеби имаше нешто друго. Него тогаш многу му помагаа другарите кој беа 2 одд на пауза со нив играше ( самиот бираше со нив да игра, не беше исклучен од тие од негов клас). Ама после 2-3 месеци све си дојде на свое место. Кај синко дури не сум сигурна дека тоа што незнае никој дека беше проблемот зошто он упорно повторуваше дека е тажен зошто јас му недостигам и многу сериозно го сваќаше школото исплашен беше некако. ( дете што нормално одеше во градинка и никогаш не сум му недостигала).
На последниот разговор во градинка за крај, учителката на ќерка ми токму за ова ми спомна. И ќерка ми е дружељубива многу, ама мнооогу ретко приоѓа прва и до сега немаше најдобра другарка. Се дружеше со неколку девојчиња и во различни периоди беше поблиска со едно/две, потоа со друго, па со трето и така истера градинка, без никаков проблем. Сега требаше да продолжи со две девојчиња од градинка, од кои со тоа што беше да речам поблиска се премести во друго школо. Учителката, која претходно има работено токму во школото и има искуство, ми рече дека сите деца ќе се групираат спонтано во друштва во првите 6 месеци. Дека може и да почне со деца што ги знае, но понатака да се зближи со сосем нови и да кликне сосем убаво со други ликови. Ама и јас сум малку загрижена, оти на ќерка ми и недостига искуство со најдобра другарка да е баш баш блиска со иста личност подолго време.
На моето најдобрите другари остануваат уште една година во градинка, од неговата група има уште 3 момчиња кои пак се заедно прв клас ама моево не беше баш близок со него. Незнам дали и тој е со нив во клас или не затоа што сме во Мк.Ама ми проработија бубачките и незнам дали да посакувам да е со нив или да си почне во сосема непозната средина.Јас мислам дека и претерувам, ама имам многу страв од тој преоден период.
Син ми е во клас со две деца од неговата градинка со едното многу се дружеше сега веќе не а со тоа другото воопшто не се поднасаше од сам старт ниту во градинка и ден денес со него проблем има. Веќе е 3 клас и воопшто не збори со нив сега вика дека воопшто несака од 5клас да има нркои деца од претходниот клас со него . Сака да склопи ново другарство. Освен со еден босанец со него се ептен блиски.
Верувај нема ни да се сеќавам по 1 година на најдобрите другари ако немате контакт. Ќе си најде нови .
Децата ќе си стекнат нови пријателства , ќе менуваат школо па ги мешаат класовите после 7 , 9 одделение. Плус децата се развиваат различно.