1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.824
    Допаѓања:
    13.376
    Пол:
    Женски
    Ова многу ме интересира стварно. Колку време не треба се видат со некое дете и скроз да го заборават. Пошто нели учат ново нон стоп, мора и да забораваат.
    Искрено се надевам и да заборави колку многу ја карав вчера. Се уште ми е лошо вака кога ќе се сетам и бегам од неа денеска.
    Климактерична станувам да ви кажам.

    А за детето, тоа едното што многу го дружеше уствари последните неколку недели почна да ја турка, гази, удира и исклучува од игра. Се уште се џаедно во градинка ама ќе ае уште три недели и толку.
    Мајката ми се извинуваше нешто пред некое време и јас и реков дека не планирам веќе да одиме заедно на игралиште, пошто не се однесува нејзиното и убво кон моето. Сигурно е фаза, ама она има и други другарчиња со кои мирно си играт.
    Се навреди може, ама ај дон гива фак. Сега е некако резервирана и ладна кој моето девојче и кон мене. Јас и натаму ја поздравувам, зблрам и со нејзиното ама кога доаѓа ред за после градинка да одиме на игралиште, јас не одам.
    И така. Сакав да речам знам дека секогаш ќе има некое такво дете, ама еве во моментов можам така да и кажувам дека со деца кои не знаат убаво да си играат не одиме ни да си играме.
     
    На Chantal, SanelaS, Marge и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    34.754
    Пол:
    Женски
    Брзу забораваат, знам дека за една година се сеќаваат ама како не ги интересира веќе тоа дете.
    После 3 години се сретнаа со едно дете , детето не се ни сеќаваше дека биле заедно во градинка.
     
    На јolene и Marge им се допаѓа ова.
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    5.276
    Да се надоврзам на ова Ава што пиша, најверојатно памтат ситуации/деца што ептен им биле блиски или им оставиле впечаток, а вака рандом не верувам. Ние имаме до зграда едно дете што е веќе во школо, а лани беа заедно во градинка, не се ни поздравуваат, едноставно ниту го памти, ниту го интересира. А од друга страна, го памти најдоброто другарче од старата градинка, а веќе две год не е таму. И уште го спомнува. Така да, најверојатно е само за одредени деца или ситуации, барем јас така мислам. А па ако го искараш за нешто, што според него било неправедно - држи се :D
    Ама твоето девојче е уште мало, не и се секирај, промената на градинка најверојатно ќе помине полесно од што очекуваш, а и карањето нема да го памти :)

    Требаше викендов да се пакуваме, а уствари ни П од пакување. Малата кола се расипа, остана на паркинг на 100км од дома, до последно се туфкавме дали да ја отшлепаат до тука или таму да се најде мајстор, на крај таму се најде мајстор, што наводно ќе ја прави, ама ние не сме тука. 3 дена скапоцено време - изгубено. Дома е хаос, расфрлено, порасфрлено не може да биде. Дете бара да оди во Леголенд сега и бидејќи ова ни е последна шанса за одење и ни истекуваат годишните карти, најверојатно ќе одиме. Дури догодина други ќе вадиме, за годинава сме завршиле.

    Имавме обид со мојата кола да се пикнам позади меѓу децата - невозможна мисија :x Сега до Леголенд ќе одиме со колата на маж, па ќе видиме таму дали ќе ме собере, иако се сомневам искрено :D Па ќе падне конечна одлука со што ќе одиме во Мк, во превод дали ќе биде опуштено или ќе треба со шпакли да ме одлепуваат од седишта кога ќе стигнеме :rofl:

    И пробувам да не се нервирам и да дишам и да бидам go with the flow, ама мислам дека треба да си помогнам со така некоја поголема чаша розе, што стварно нема смисла во 12 часот попладне :D Саморегулација - тешко дека ќе се уклучи ]:)

    Уф, одам да се спремам и да чекам на сонцево на ред со саати за да се возам на некое вовче, змејче или Бог знае што и дамла да ме удри, за љубов на дете :^)

    Оммммм, омммм…:wasntme:
     
    Последна измена: 26 јули 2026 во 13:14
    На bookslover, јolene и SanelaS им се допаѓа ова.