Можеби ако имаш сестра/брат во Мк да поднесе и да ти извади. Едит: Само фалби, а ништо не функционира онлајн да извадиш. Јас со Ујп пробував онлајн ама од Нова Год. не им функцинирало веќе тоа за ТМ преку Смс па одеше мајка ми директно.
Не знам лај живееш. Кај мене е полно деца. На сите игралишта. Јас си разговарам со родители на игралиште стално. Дете ми е постојано во гужви што некна ми рече сакала дома да си поседи малку. Деца до 3 -4 години не ни се способни да се заиграат заедно, туку се гледаат едно друго. Дури после следува заедничка игра. Барај и други игралишта, не мора само на едно кај не одат. Ние ги ротираме постојано игралиштата оти се здосадува.
За какви игралишта збориш? Лулашки ли? Кај мене а богами и во центарот нема деца. Бар не деца шо се дружат. Сите се држат со групата или фамилијата со која дошле. На игралиштата за фудбал или кошарка само повозрасни има. На местото кај шо праат скејтборд има 15-16 г деца и повозрасни. Сега ме замисливте, ама буквално никаде немам видено деца да се дружат во групи, освен школарците кога одат или си идат од школо. Ама изглеа тоа е оти во голем град сме, па се плашат да ги пуштаат сами надвор.
Реално, ако сè имаш внесено точно нема зошто да се стресираш до степен да не можеш да спиеш. Е сега ако си ја имаш мувата на капата тоа е нешто друго. Не се глупи тие во Finanzamt, ако нешто им изгледа сомнително ќе ти пуштат писмо да пратиш некој документ ако треба. Ако имаш за сè покрепа чему тогаш тој стрес. Иначе за штоер класа еден (што претпоставувам дека си) 450 еур и не е некој голем поврат. Си можела и повеќе да извлечеш ама сепак сè зависи од тоа толку работиш т.е колку ти имаат задржано Lohnsteuer преку платата. Плус ако не си сигурна во тоа што го правиш и ги правиш работите на жими мајка подобро плати си стотина евра на некој што е стручен на темата, барем мирно ќе спиеш.
Кај нас исто така игралиштата се полни и децата зависно некогаш се заигруваат некогаш не, имало случаеви да сме начекале и некое скроз осамено игралиште ама тоа зависело од населбата и времето, воглавно секаде има народ, повеќе или помалце.
Мојата е 16 месеци и не можам да си ја замислам сега да се заигрува со деца. Пред зграда се собираат 7,8 годишни она им се смее им праќа пољупци. Во градинка на пир груп еднаш кога бевме се затегнаа со едно девојче за кукла. Таа вика Ема пупе мојава вика нааајн. Тоа им е играњето сега, мое е, не, мое е. Ама голем екстроверт е не знам на кого се метна ваква.
Кај мене децата од зградите не излегуваат. Ги глеам само кога си доаѓаат од школо. Има едно мало, колку ќерка ми е, си игра само надвор татко му кога ќе го извади. Мојава незнае да игра со деца, па затоа не ни ја вадам со него да се види. Како ли ќе излезат такви несоцијализирани незнам.
На шпилплац бе ади. Од сабајле се добри 80% во градинка. После ако не е претопло или не врне или не е кочан ладно, од 14ч натала се полнат. Накај 15.30 до кај 16.15 сите излегуваат од градинка и право на игралиште се. Ние секој ден кога дозволуваат надворешни услови сме групно пола градинка надвор. Денеска еве претопло викавме дете кај нас, ама мали се 3 години и не знаат да се играат, само се караат. Мое, не мое Не може. Дај не дај. Јас не Јас. Глава ни пукнаа. Затоа само надвор. Едит. На фонтаната кај операта таму секогаш било полно со деца. Не знам кај одите. Мое село е поголемо од твое. Шо знам. Може до мене е, ја се си запознавам нелој па после главоболки. Епа ако ми е.
Како се снаоѓате за интернет кога сге во Мкд? Во Мкд имаме свој дом одделно, користиме мобилен интернет од А1 ама не е доволен тој. Дали користи некој м-тел? Читам дека може и за во Македонија да се користи ама не сум сигурна како функционира. Дали има некој искуство?
Сама си праам осум години и затоа и се чудам оти ќе ми вратат пари оти у единица ништо не враќаат, оти ние без мужи и деца небитни сме. Едино што земале мужи бауштелци првата година ако не ја работеле цела. Еднаш ми вратија 7 со букви седум евра, и лани ми вратија 250 евра оти не работев, а овие се изглеа оти две недели бев буквално без никави приходи, али платив даноци за цел месец. Да знаев дубари да правам, немаше да дремам на форумов со вас да ми простите , туку ќе си ја ладев негде на некоја ривиера.
Шознам, може и до мене е, не сум седнала убаво за да видам кој има и шо има. Цело време трчам по малата, оти оди да им ги краде шишињата, ранчињата и кацигите на децата. Од понеделник почнуваме со градинка, конечно после 1г чекање. Најден и асистент и се. Јас одма се јавив во дојч курс да прашам шо како, треба да идам овие денови да збориме и ваљда од септември ќе почнам. Вчера киндерарцот ни се смилува и даде мелатонин . Ваљда ќе спиеме убаво од сега натаму. За сега се оди ко шо треба, само фали уште нешто да излезе и се да ни поебе.
И јас кај што живеев предходно немаше деца. Го носев на друго игралиште кадр што живееа тие од градинка. Сега кај што сум од деца глава не можам да дигнам. Секој ден ни е некое комшиско на врата.
Стварно ме интересира кај живееш? Ние сме во NRW и тапа ми е тука кај шо живеам дете да видиш ни за лек. Чекаме место за во градинка, па да ја пуштам малце да се социјализира пошо моментално е само дома со нас и коа ќе ја задевне некој непознат пискотници е. А не е некое сиво дете да нејке други луѓе, кога ќе види деца пресреќна е одма им оди без разлика која возраст се.
Здраво, ве молам за помош и совет како е најдобро да постапам. Бремена сум 5 недели, но овде во Германија воопшто не се чувствувам сигурно и безбедно и немам доверба во лекарите. Имав и два спонтани абортуси тука. Сакам да се вратам за Македонија и да продолжам да ја водам бременоста таму. Како е најдобро да постапам? Дали е возможно да доставам во АОК потврда од лекар дека не смеам да се враќам, односно дека патувањето е ризично, па потоа тие да ми го покриваат лекувањето таму? Исто така имам и Arbeitsverbot за мини-џобот. Ве молам за помош и искуства како да постапам во оваа ситуација. Навистина многу ми е страв.
Тоа не игра никаква улога дали работиш на бауштела или во гастрономија. Класа еден е иста и на бауштела и во ресторан и во канцеларија. Обично на класа еден и четири никогаш не си во минус туку во плус. Сè зависи од личната ситуација, тоа толку имаш уплатено и што се можеш да одбиеш како Werbungskosten.
Да не те разочарувам но тешко би се остварил некој таков план. Посебно кога сега касите кратат од сè што можат.
Не знам што ти се случило тука за да не веруваш на докторите, секој за себе. Дали заради спонтаните не им веруваш? Дали те пратија на испитувања? И јас имав спонтан и побарав да направиме испитувања, докторката ме прати да испитам коагулација, хормони… Тоа со кранкенкасе тешко да се изведе ама не сум била во таква ситуација не можам да те советувам. Нипт тест ако сакаш да правиш тука би те коштал 250€, во Македонија е 800€ зошто ги праќаат во Германија и Австрија на испитување тестовите. АОК е паблик осигурителна компанија што значи не би ти биле покриени прегледи и испитувања во приватни болници.
За ова дека е паблик, можам одма да ти кажам дека не е вистина имав случаи на пријатели исто и маж ми каде парите биле вратени дури и за лекарства. Немам искуство за бременост затоа и прашав. Инаку да не им вервувам бидејќи поради не доволна терапија дојде до згрутчување во постелката и тоа во 17 нед. и тоа утрото бев кај гинекологот на преглед мене спонтаниот ми се случи попладнето, не да е апла нестручност... Инаку јас тестот нипт не го плаќав беспалтен ми беше зошто 250 евра. А ехата тука од дедо ное незнам и што би виделе...
Pobaraj ama vednas, drug ginekolog so dobri referenci.Valjda ne si seushte kaj istiot nestrucen. Se da bide dobro
Kaj istiot sum nemozev da najdam ni podobar, a i ostanov mislejki deka sega ke mi obrne navistina vnimanie. Inaku nemozes da smenis dodeka ne pomine kvartalot, znaci duri oktomvri...