Ne znam toa za kvartalot, ako e taka- bozee gluposti Na tvoe mesto, bi odela bilo kade vo svetov, samo ako mu veruvam na doktorot I znam deka kje posveti vnimanie. Za vo mk, da ne recham so vrski. Poshto samo da platish ne e dovolno,I vo mk ne e toa shto beshe, ni samo pari se dovolni.
Овде она што го добиваш со нормално здравство е на ниво на приватните во мк. Жал ми е што ти се случило, жал ми е што си минала низ лошо искуство. Можеш секогаш и тука да си платиш на приватно ехо кај друг доктор- специјалист, ако тоа ќе ти направи да си сигурна. Сега си уште на почетокот, со какво и ехо да гледаш, ништо не гледа. Јас во бременоста менував гинеколог и фала богу што ја сменив, ама да исто некако нови пациенти промаа од нов квартал. Само кај мене беше многу малку време тогаш. Оди на приватно ако не аи сигурна. Исто кај соецијалисти/ специјални клиники од тие што де со фина дијагностика може скринизи да правиш кај нив подобро се гледа. Веројатно ако имаш веќе предходни проблеми и порано може да отидеш. Кај мене покрај кексан и аспирин после вклучија. Ама ако беше таа првата што ми беше гинеколог ни клексани на рецепт не ми даваше. Ужас. Ама дека во мк подобри ќе те водат, мислам дека ти е само илузија. Пробај да не се плашиш и да не мислиш толку многу. Иако знам дека не е можно. Знам сама по себе дека до 20 недела у страв бев и ден и ноќ и протисок качував и се. Дури после тоа се опуштив колку толку.
Не и е илузија. Ниту имате искуство со водење бременост тука ниту знаете како е. Во 7 недела многу битни работи се гледаат на ехо. Не и правете филмови дека е добро здравството во Германија, зошто не е. Жената има и искуство и мака. Кај нас се потребни пари за во приватно. Ама ке добие комплет анализи и следење на бременост кој што во Германија може да ги сонува. @wonder woman5 Плати си лет и Оди Систина или Ремедика.
Како можеш така да генерализираш кога ниту ти имаш искуство со водење бременост во Германија. Како можеш да направиш споредба? Иначе нè има и такви што овде за 0 центи сме добиле водење на бременост и пораѓај каков што во македонските приватни клиники ќе те кошта цело богатство а и прашање е дали ќе го добиеш истиот третман и услуга. Ете во темите за бременост има и мајки што немаат баш најпофални зборови и најсјајни искуства со приватните клиники. Плус таму кадешто медицината е бизнис за мене не е решение. Ете и тука има една Босанка гинеколог, сите плачат од неа за тоа каков однос има со нив и само пари сака. Ама јбг не одат на друго место оти не знаат јазик и не се способни да се снајдат. Во тој случај значи сите гинеколози во Германија не чинат и системот им е крив..?
Јас имам искуство со водење бременост и во двете земји, токму така дека може да се извадат многу повеќе анализи во мкд платени секако. Но не споредливо е колку бев задоволна тука со породувањето отколку Ремедика која чинеше ѓавол и пол и со трајни последици, а услугата катастрофа. Додека овде платив нула евра за далеку подобра услуга. Како што и други членки кажаа битно е да се најде доктор/ка со добра референца, препораки, барем тоа е сега на дланка и само смирено и со лесно. Сепак ако некој се чувствува безбедно во својата земја за доктори тоа е сосема легитимно.
Прашањето беше дали здравственото од овде покрива трошоци за лечење во Македонија? Тоест водење на бременост. Поточно во приватните болници кои биле врв. Здравственото не покрива трошоци за водење бременост во приватна болница, испитувања слично . Тоа може да се прави секако , никој не те пречи , само треба се сам да си платиш . За тоа дека здравство во Македонија е подобро , нема да коментирам . Еве Косми има големо ( имагинарно) искуство за лекување во Германија , прашајте ја нејзе . Она Се знае . Посебно кога не знаеш да се разбереш со доктор , нормално е дека ќе бидеш скептичен. Кога јазикот така така го разбираш . Ама .. Кај нас пациентите се поголеми доктори од докторите . Плус сега е дефинитивно добро време за живеење во Македонија, посебно Гостивар , тој регион е супер за живеење. Смешки
Зависи нели од твојот организам. Јас со шеќер имам проблеми и за мене е идеално да не јадам шеќер, бело и многу овошје. Јас не можам без исхрана што содржи месо и млеко. За твојот организам може треба да избегнуваш баш тоа. Сега имаш доволно на нет и гуглај. Без шеќери, газирано, грицки и бело сигурно ќе ти биде подобро. Јатки, семки додади во исхрана. Исхрана со риба и омега е добра пред бременоста. За спорт. Она што тебе ќе ти прави да се осеќаш подобро. Ако е велосипед нека е. Ама нешто да одиш до крај на твоите граници за да си зголемиш самодоверба. Мене ми помогна тогаш вежби за стомак и задник пошто мислам така на матката со циркулација највеќе влијаев. Во Минхен. Ама сега ако се ферии кај вас може и затоа нема многу деца. Шо знам еве јас со отворен прозор, надвор гунгула деца само се шутира топки. Мојата од прозор ја слушам како се дере по татко и. Може таква ми е населбата со многу деца. А за ова со плаќањето во мк и касето. Мислам дека покрива ама итни случаи само. На пример ќерка ми кога беше хоспитализирана плативме ко да сме таму, 900 денари. Сега што малку повеќе терпија и дадоа од потребно и овде се и прекинаа кога се вративме, друго дваесет. Мислам дека и они прават прпверка на што покриваат и покриваат итни случаи само. И друго ако си на бешефтихунгсфербот дали смееш да патуваш и излезеш од државата е исто нешто кое мора да се расчисти со кранкен касето.
Јас искрено сум, од Скопје и секогаш сум имала и на клиника и секаде по поликлиникте уреден преглед. Незнам што е за тебе во Германија толку на ниво. Ајде може да е почисто по ново, ама стручност на докторите не ми кажувај јас незнам кој дипломи им даде, врска од животот немаат. Јас имам искуство можам да кажам нашите доктори се научници за овие. Кога немашпроблем да ок е, ама ако имаш катастрофа.
јазикот ама не е воопшто проблем, ако немаш проблем да лесно е, не ти ни треба лекар. Ама за ризични работи скраја само од тука. Еве синоќа со крварење од местото на убодот од келксанот одам на итна велат нема што да ми прават стискај само, немаат спреј за заширање крв ништо. И так си одседев наместо дома ништо не ми помогнаа, се чудеа и креваа раменици што да прават со мене. Не е смешно комично е. И еве и друго од сега скоро ми текна го прашувам мојот гинеколог дали интралипидна инфузија би помогнала за мојот случај и каде да се обратам за тоа, тој ме прашува што е тоа и плус го запиша на ливче да го изгугла. Епа тоа е веќе стварно за смеење.
Штознам луѓе и јас не сум нешто задоволна од посветеноста во Германија на гинеколозите. Јас барав нимп тест а гинекологот дали се правеше дека не разбира за каков тест станува збор дали ете сварно не знаела не знам и ми збореше за некој тест што се правел пред не знам колку години. До сега ехо само еднаш ми има направено и тогаш не го ни пушти да го слушнеме срцето. Јас имам проблем со неправилна форма на матка таа ниту го спомна тоа а што се забележува прво при преглед а ниту пак изреагира кога и беше кажано. За витамини побарав, едни апчиња ми ги даде и ми рече да ги пијам до крај а на апчињата пишува дека се за првото тромесечие. Ја препрашав дали е сигурна ми рече да. Е сега за породување од тука до Македонија е небо и земја. Тоа веќе можам да тврдам дека Македонија се изживуваат врз жените. Сепак јас се враќам и ќе направам преглед и кај мојот гинеколог па ќе видиме што ќе биде.
Ти го разбирам стравот што го имаш , зашто имаш лошо искуство . Ама интралипидна инфузија не е стандардна терапија што ја даваат за поддршка или стабилизирање на бременоста. Јас би разговарала повторно со гинекологот, дека веќе си имала спонтан. Да се испитаат повеќе работи . Јас ти посакувам лесна бременост, само со добра мисла и ќе биде . Низок е да , знам Ана. Грешка е . Ама ко да не знаеме какви се животните услови во Македонија. За греота . Воздухот во зима загаден , сега со водава Значи во Македонија има живот само ако имаш полн џеб , па да се лечиш приватно . Државното знаеле како функционира. Врски ако имаш само .
Pa pisav on ne ni znae sto e toa intralipidna ne pa da mi dava informacii. Do toj stepens e laici tuka...
Од кај знаеш ти какво јас лично искуство имам со германското здравство? Вие ја убедувате женава дека германсково здравство е супер , нашето платено е на исти левел со државно во Германија. Тоа едноставно не е точно. Нема пошпараџиски здравствен систем од германскиот. И вие на жена која изгубила бебе поради нестручност и кажувате да не оди кај нас? @MacenceEna Маж ми работеше како доктор во Германија пред да специјализира, така да изолирана во шумата продавај пуфки на друг за германското здравство колку е прекрасно. Па да не збориме колку германски дијаспорци има доле сега во моментов кои прават приватни прегледи од најпрости до најсложени благодарение на достапното германско здравство. Особено 50+ год . За долу се знаете за секој случај, а за во Германија не знаете за ниту еден пропуст или какви циркузи доктори и медицински персонал работат со кои и тие што се образовани не можат да работат. Ама германски ах германскиот воздух многу чист , а не сте ни отвориле апликација да проверите колку е чист особено во големите индустриски градови. Ама се е тоа во ист контекст Германија држава која има форма, а нема суштина. Ко со климите, битно е да не се нарушува фасадата, ама не е битно дали на луѓето кои живеат внатре им е топло.
Blagodaram, opisa tocno do zbor. Jas pobarav pomos, za nestrucnosta sum sigurna bidejki imam pataloski izvestai i dijagnozi. Taka da ne treba nikoj da me uveruva vo germanskoto zdravstvo dovolno sum ubedena. Nema sporedba so nasite strucni lekari.
Па ајде кажи нешто од твое искуство да слушнеме. Ете ние кажавме од наше искуство. Ми збориш за истото здравство кое те тера да трпиш родилни болки и не ти дава епидурална анестезија само затоа што како жена мора да трпиш страшни болки и осетиш што значи да родиш дете? За истото тоа здравство во кое доктори ти скокаат врз стомак и ти велат "Убаво ти било додека си го правела а сега плачеш" и "Ајде, мрдни, ќе го угушиш детето". Си ја читала темата Породилни приказни? Е таму ти е реалната слика за нашето здравство. А за воздухот си многу грешка. Македонските корумпирани политичари за ситна пара го горат тукашниот отпад што вие го дишете за тука да е чист воздухот. Ете јас сум во метропола, таков воздух како што е тука нема ни во најоддалеченото од цивилизација село во Македонија. Овој муабет ти е уште еден доказ дека збориш колку да напаѓаш за се и сешто. Ја знаеме ситуацијата во Македонија доволно добро, од лично искуство, за разлика од тебе што збориш за Германија од рекла-казала, така да не можеш да ни продаваш илузии за нашата држава. Јас да сум на твое место нема ни да седам тука. Никој не ве држи на сила. Ако толку ни било сјајно на сите во Македонија немало ни да дојдеме тука. Само не ве сфаќам таквите што доаѓате тука а не сте спремни пред се ментално за таа промена па деновите ви поминуаваат во тагување за татковината. Никому не му е било лесно, посебно не на почеток ама ако си се решил на тој чекор треба да знаеш дека треба борба пред се да се прилагодиш на средината, нема средината да се прилагоди на тебе.
Јас овде сум била кај преку 10 гинеколози. Во четири клиники за неплодност и ај да не навлегувам повеќе. Од матичен гинеколог не сум била само еднаш задоволна, од специјалист за неплодност еднаш сум била задоволна. Многу тешко е да добиеш некои испитувања, за тоа се согласувам. Во мк бев на две клиники, кај извикани доктори. Се осетив како само парите да сакат за ми ги земат и некако површно. Истото чуство и кај гинекологот што ја сменив. Сега имам правило, за матичен хаусарц може секаков да ми биде. За педијатар и гинеколог мора да е германец. Не знам оти ама јас нив повеќе им верувам. Ако сакам некое дополнително испитување си кажувам дека ќе си платам приватно и завршува муабетот. Истото би го платила и во мк на приватно и скроз исто ќе чини. Кога за нешто не знаат или не се сигурни, што исто е човечки, ќе кажат не знам, чекај ќе видам ќе се распрашам. За разлика од мк кај со глупости ми импровизирале. Секој тргнува од неговото искуство и со неговата приказна. Никоја од членките не те нападна, а и не можеш да тврдиш дека сме немале ние проблеми, оти на никој не му ја знаеш судбината. Јас те разбираме и знам во колку психички тешка состојба која те оптеретува си. Сум била слично некако. Ако би се осеќала посигурно ако те води некој во мк, тогаш врати се во мк. Нема тука што да се правдаш. Ама не можеш да тврдиш и дека овде не знаат докторите и дека само кај нас знаат. Има секакви и тука и кај нас. Бог да чува е кај се какви не сме наидувале. И овде и кај нас во мк.
До членката, ако не ти чинат гинеколозите тука, врати се во Мк и таму помини си ја бременоста за да бидеш мирна. А за породување ти препорачувам во Германија, пошо тој третман и однос шо ќе го добиеш тука за без пари, во ниту една клиника во Мк нема да го добиеш, макар и сите сестри и сите доктори да ги подмитиш.