1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонската историја е една голема лага

Дискусија во 'Канта' започната од Григор Прличев, 26 август 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите, нов сум овде и веднаш сакам да ја отворам оваа тема пошто гледам дека никогаш се нема дискутирано за неа.

    Значи во последно време доста ја проучував македонската историја и заклучив дека нашата историја до 1944 година е една голема лага. Исто така заклучив дека македонскиот етнос не постоел се до почетокот на 20-от век, тој почнал да се формира кога Вардарска Македонија станала дел од Кралството СХС (подоцна Кралство Југославија), а дефинитивно бил формиран кон крајот на Втората Светска Војна.

    Имам многу докази за моите тврдења, ама ќе одам пополека, прво сакам да ги слушнам вашите размислувања.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Купи си ја книгата ,,Име од светлина и рани``, нека те просветли троа.
     
    На mode-kristina, Meckicja и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Григорче,и ти ли бате? :o
     
    На Lolo5, biGirl, Meckicja и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Па дај ги де, не е ова филозофија па да си произнесуваме наши мислења!!
     
    На DAngel и Gosh им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.260
    Вау, кој наслов, а каков никаков вовед.
    Па дај детали, примери, па кој ја лажирал, па зашто...
    Уствари не мораш, и онака ми е гајле оти тоа ништо не ми мења у животов. :|
     
    На candy.cane, PaLaVa, biGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Абе, нам и сегашноста ни е една голема лага. Сите не лажат, ама ние си ќутиме, трпиме, и размислуваме за историјата, оти таа побитна е од сегашноста.
     
    На candy.cane, PaLaVa, biGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Lolo5, Someonespecial, +++ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    @Gosh, па воведот решив да ми биде краток бидејќи искрено не знаев од кај да почнам да објаснувам, а има толку многу за објаснување, за толку личности , настани и тн.

    Еве за почеток да започнам со Григор Прличев, човек кој ние го претставуваме како Македонец, а тој јасно си се има декларирано како Бугарин. Тоа може да се види во неговата автобиографија напишана 16 април 1884 до 1 мај 1885 година. Исто така неговата етничка припадност може да се види и преку неговите песни. Еве на пример една песна напишана од него за Бугарите во Охрид и Струга и за целиот бугарски народ.

    Ова е оригиналот на бугарски.
    http://www.strumski.com/books/Григор Пърличев от Охрид, Вардарска Македония - Автобиография, София, 1894 година.pdf

    Ова е преводот на македонски.
    http://www.strumski.com/books/издание от 2004 на македонски.pdf

    Ова е оригиналот од неговата песна.
    http://www.strumski.com/books/Grigor_Prlicev_1762.pdf

    P.S. За да ги отворите книгите, копирајте го линкот, вака со кликање не ги отвора.
     
  9. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Еве некои извадоци од неговата биографија.

    Ова може да се прочита на страна 45 од автобиографијата преведена на македонски.

    Доколку ние Бугарите сме биле ругани и презрени од сите народности, што време е веќе да се опаметиме. Кога ги чита човек нашите народни песни, каде што секоја убавица се вика Гркинка, неволно ќе заклучи дека клетото самопрезрение е знак на бугарштината. Време е да се покажеме луѓе меѓу луѓето. Бугарското трудољубие ретко се наоѓа кај другите народи. Тоа не облагородило; тоа било, е и ќе биде наш спас. Ако е вистина дека неработењето е мајка на сите зла, тогаш исто така е вистина дека трудот е татко на сите добрини. Каква преднина можат да имаат пред нас другите народности? Слушајќи ги сеопштите ругања над бугарштината, целиот живот сум го поминал со мислата дека не чинам ништо. Оваа иста мисла ме отстранувала од највисоките кругови на општеството, без кои никој не бидува знаменит граѓанин ниту спасител. Верно е дека горделивиот никогаш не прокопсува; но вистина е исто така дека којшто се презира себеси е самоубиец. Првиот грев, се разбира, е поопасен, но ние, Бугарите, треба да се чуваме повеќе од вториот: треба да се опираме на своите сили, на својот труд.

    Ова може да се прочита на страна 47, исто така од преводот на македонски.

    После отидов кај Рангавис и му јавив дека сум авторот на ,,Ο Αρματόλος''. Тој ме прими многу мило и со тржествен глас ја повика својата госпоѓа и ме препорача.
    -Вие ја посветивте половината од наградата на какво било благочестиво дело.
    -Да, така пишував и не одрекувам.
    -Оваа штедрост многу ве препорачува. А втората половина?
    Ова чудно прашање ме зачуди.
    -За другата половина, додаде тој вие не пишавте ништо.
    -Другата половина ми треба мене. Не сум богат.
    Очигледно беше дека одговорот не му се свиде и тој молкна.
    -Чувте ли какви пофалби ви сплетов?
    -Да, вам не ви е возможно да зборувате против својата совест.
    -Веднаш ја сфати суровоста на одговорот.
    -На каква сте возраст?
    -Триесетгодишен.
    -Од каква сте народност?
    -Бугарин.
    -Не е можно Бугарин да има црни коси и врни очи.
    На ова не одговорив, туку ги приковав своите очи во неговите.
    -Нели вие сам рековте дека од изговорот на само еден збор можете да го познаете секого дали е Грк или не. А јас ни зборот Е л и н не можам да го изговорам како што вие го изговарате.
    Рангавис занеме. Разговорот стана несносен и се повлеков.
    По три дена ме повикаа универзитетските власти.
    Првото прашање беше:
    -Од каква сте народност?
    -Бугарин.
    Замолкнаа.
     
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.260
    Ајдееее, дојдоа Бугарите и на Фемина да продаваат муда за бубрезиииии...

    Малце им беше Кајгана. Барем на бугарски пишувај, да не се мачи некој воопшто да те чита.

    Ајт.
     
    На Lolo5, edenandrej, biGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  11. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Му ги испревртивте коските на Гоце Делчев (facepalm) , незнам кој народ сакал да го ослободи, дали блгарите дали Македонците.
    Кој се смета за бугарин ете му од другата страна на границата нека појде. Срам да ви биде. Деца со пелени ќе не просветлуваат по Историја.
    Е затоа Македонија е заостаната, зашто нам ни е важна историјата, а сегашноста не се ни приметува.
     
    На Lolo5, biGirl, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ако го слушаш соседот нормално дека ќе ти каже дека твојата историја е лажна. Истата приказна е со сите словенски држави. Ако беше хрват или црногорец, србите ќе ти велеа дека твојата историја е лажна, ако беше украинец, русите ќе ти велеа дека си русин и дека твојата историја е лажна... :)
     
    На biGirl, Abeja, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    4.459
    Пол:
    Женски
    Григор Прличев е тродомен автор - македонски, грчки и бугарски, што значи дека пишувал на три јазици. После смртта на браќата Миладиновци тој се преориентира кон бугаризмот, но само со една цел, создавање на ЕДЕН општ јазик заеднички за Македонците и Бугарите. Тој се декларира себеси како Бугарин исклучиво поради бугарската пропаганда, но не се чувствува туѓ и никогаш не го отфрла својот мајчин јазик - македонскиот.
     
    На Lolo5 и biGirl им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не е никаква тајна дека секоја држава и нација барем делумно ја „разубавува“ сопствената историја или conveniently преќутува еден дел од неа.

    И ова само по себе не е ништо страшно или невидено на светов.

    Страшно е кога минатото на еден народ му станува опсесија и фиксација - толку многу, што заборава дека живее во сегашноста и дека треба да мисли и работи за идинината.

    Инаку, на темава, целосно ми е сеедно дали македонскиот народ настанал вчера, во ’91-ва, во ’45-та или пред 400000 години. :D
     
    На Lolo5, biGirl, daylight и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Бугар. Бан.
     
    На edenandrej, Abeja, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш ми биле интересни македончиња со коси очиња. Чудна работа, имам сретнато доста бугарчиња, ама ниту едно косооко. Инаку, првите со презир ги нарекуваат вторите Татари :D
     
  17. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Прво да прашам дали воопшто некој ја прочита неговата биографија?, мислам де не, а таму се сите одговори за тоа кој бил тој. Никој не го има терано да пишува дека е Бугарин, можел да напише дека е Македонец, ама тој си напишал тоа што си бил.

    @Gosh, јас сум Македонец, не сум Бугарин, и не можам да пишувам на бугарски бидејќи не знам.

    @smb asr, Македонија е држава за сите кои се родени овде, ова што ти го кажуваш се правело за време на комунизмот, сите Бугари биле прогонувани и малтретирани иако ова отсекогаш била нивна татковина. И овие докази кои јас ги приложив се непобитни и никој не може да ги негира.

    @boo3, тоа ти мислиш дека тој се декларира Бугарин поради бугарската пропаганда, ако така размислуваме, јас можам да кажам дека денеска некој се декларира како Македонец поради македонската пропаганда.
    Факт е дека секој има право да се декларира како што сака, ама никој нема право да им ја менува националноста на умрените. Патем, тогаш постоела само една пропаганда, а тоа била грчката, ама тој иако учел во грчки училишта секогаш си кажувал дека е Бугарин.

    Неговиот јазик бил бугарски, и тоа јасно си го има напишано во биографијата, читајте!, само читајте!
    Страна 38 од автобиографијата преведена на македонски.

    Ќе ги љубев своите соученици. Во секој нивни збор се трудев да најдам гордост. Навистина, тие иако се грабаа над моите ракописи за да ги препишат, но поради мојот бугарски изговор и поради бедноста на мојата облека постапуваа речиси презриво кон мене. Костурските мајстори кога врвеа квечерум пред универзитетот и си говореа бугарски, тие (моите соученици) велеа:...
     
    Последна измена: 27 август 2017
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Во секоја западна држава точно се изучува од кои племиња настанала нивната нација, само овде работите се кријат и бутаат под тепих.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    4.459
    Пол:
    Женски
    Да, ја имам прочитано неговата автобиографија и не, не постоела тогаш само грчката, туку и бугарската пропаганда. Ти не можеш да речеш дека некој сега се декларира како Македонец поради македонска пропаганда затоа што таква не постои.

    Не знам колку ти се јасни нивните влијанија и дејствувања во тој период. Доколку ти се кристално јасни би сфатил кои биле причините тој да се претставува себеси како Бугарин.
     
    На mode-kristina и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    @boo3, па има македонска пропаганда и има големо лажење. За време на Југославија го утепале народот од пропаганда, а и сега го утепуваат. Лажната историја за тебе не е пропаганда?, не е пропаганда да се претставува Григор Прличев а и уште многу други ликови како Македонци, а тие јасно си кажувале дека биле Бугари?

    Ај најди ми некој натпис каде некоја историска личност од Македонија пишува за бугарска пропаганда, нема, сите пишуваат за грчка и српска, тоа дека имало бугарска е наша измислица.
    Бугарија од 1878 година па се до поделбата на регионот Македонија ги заштитувала и се борела да им обезбеди подобар живот на Бугарите од регионот Македонија, тоа не е никава пропаганда. Единствени пропаганди кои постоеле биле грчката и српската.

    Григор Прличев обаво си објаснува каква била грчката пропаганда.

    Страна 59 од неговата автобиографија преведена на македонски.

    Уште во 1861 година го почнавме со Јакима Сапунџиев народниот подвиг, но го почнавме глуво. Времето уште не беше згодно. Грцизмот во Охрид од векови беше се вкоренил и досега се растел и растел; Бугарин Бугаринот го викаше ,,Шоп'', бугарската азбука само на тројца им беше позната и се викаше српска, учени мажи уверуваа дека Бугарите немаат писмен јазик; обвинителите на Миладиновци, тогаш скоро наградени со ордени, беа на највисокиот степен на својата слава и на своето влијание.

    Во дуќанот на Ангела Групчев, којшто служеше како читалиште, свикнав со бугарско читање и јазик. Си помагавме заедно: тој ни ги толкуваше бугарските за нас неразбирливи зборови, а ние нему европските.
    Ја прочитавме бугарската историја и ги раскажувавме по училиштето и по куќите каде што требаше, најпотресните страници нејзини и маченичката смрт на Миладиновци. Често им расправавме на учениците и на нивните родители (но не на сите) колку е тежок грчкиот и колку е послатко и полесно да се учат на мајчиниот јазик. Многу псалми преведни на македонско наречје, се читаа по црквите и им вдохнуваа свештен ужас на христијаните.

    Страна 61.

    Моите испити не само пред очите на простите луѓе, но и пред моите очи беа добри. Можам да се гордеам дека скоро сите образовани личности во Охрид и во неговата околија се мои ученици. Ни беше јад само што не можевме уште грчкото училиште да го претвориме во бугарско.

    Страна 63.

    Во мај 1868, арно ако паметам, ги поканив првенците дома,
    -Сакате ли да го воведеме бугарскиот јазик во цркви и училишча?
    -Сакаме.
    -Ќе ми дозволите ли тога да одам во Цариград да се поучам на словенски?
    -Дозволено ти јет.
    Во Цариград се учев на словенски кај г. Ивана Најденов (добар му час) бесплатно.
    Досега можев да бидам краток; му се срдев дури на своето перо што не пишува побрзо. Отсега краткоста е невозможна: ќе раскажувам страдања.
    Во почетокот на ноември 1868 година се вратив од Цариград и веднаш го воведов бугарскиот јазик во цркви и училишта. Тоа никако не му се допаѓаше на Мелетија. Какви клевети тој навести скова против мене, ќе покажат фактите.

    Страна 69.

    Поручек се разговаравме со оној беседен жар што ги карактеризира страдалците. Би сум составил повеќе од еден том, ако би ги запишал сите разговори; но многузборливоста е страшна и омразна. Старецот особено прикажуваше така живо се што беше чул и видел, што очите на сите кон него беа управени. Меѓу другото, то ме праша:
    -Даскале, син да си ми, каква јет онаа молитва шчо ја казавте?
    И јас му ја истолкував господната молитва.
    -Мили Боже, ми се чинит оти тоа јет наш бугарски јазик.
    -Не! - му рековј ас, за да не навлегувам во долги разјаснувања - тоа е руски јазик.
    -Сполај ми ти, Господи, колку сме биле близу! А попот наш шчо ми мрморит не можам нишчо да разберам.

    Страна 106.

    Мене ме одведоа на кашла, а жените на митрополија, Требало да платиме уште 20 бели меџлии, ветени а неплатени. Ги платив, а сестра ми си отиде в Охрид слободна. Мене ме одведоа пак на митрополија под изговор дека треба да се дополнат инстинтаците.
    Инстинтак никаков не стана, но останав во митрополијата уште три месеци. Зошто ли? За ништо друго освен за да не се изврши воведувањето на бугарскиот јазик во Охрид.

    Кога кон средината на април се вратив во Охрид, мајка ми не ме позна; бев станал многу здрав и двојно пополн отколку порано што бев, Го исфрливме грчкиот јазик, којшто пак го беа вовеле во времето на нашите маки. Го воведовме бугарскиот. Се појави ново мнение, нов стремеж, нов живот, Антонаки умре од јад. Го изгонивме Мелетија. Го жнавме она што беше одамна сеано.

    Страна 107.

    По победата веднаш се приготвивме за свадба. Ја поправивме дедовата куќа. Иако не сум никако наклонет кон општествен живот; иако знаев дека Исус Христос и изречно со својот сопствен пример го препорачува безбрачието; иако знаев дека Апостол павле вели: ,,Добар е бракот но подобро е безбрачието''; иако знаев дека кој сака да се посвети на татковината, треба да е безбрачен, -меѓутоа, како за инает на своите мачители, се оженив. - На секој Бугарин му пожелувам да има домаќинка како мојата. Но верно е дека ќе и бев поползен на татковината ако бев останал слободен.
     
    Последна измена: 27 август 2017
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.