1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонската историја е една голема лага

Дискусија во 'Канта' започната од Григор Прличев, 26 август 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Научи Германски. Ем се понапредна држава и од Бугарија и Макеоднија заедно, ем четириесетите години им беа идоли на бугарите. Значи по Бугарин ќе бидеш ако научиш Германски :)
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Прекраток е Глигоре. При сознание дека си имаш држава, на..толкава ко Бугарија, со толку голема историја и култура...да тебе те отцепат од тоа и те убедат дека си нешто друго...ништо, буквално. Како мајкуму не им успеа со Албанците?! Како тие отсекогаш си ја негуваа таа врска со нивната култура, традиција и историја и не успеа југословенизацијата кај нив?! Хм.
     
  3. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Ми текнува пред едно 15 години 1999-2000 година мајка ми ќе ме однесеше надвор јас 3-4 годинки бев и ќе викнеа луѓето „ајдее дојдоа бугарите“, а тие со камиони доаѓаа тука и те молеа да им купиш пластични влечки, штипки, фармерки... после ненадејно станаа Европјани оти ним и е навика да се менуваат. Фашисти, па комунисти, па капиталисти...
     
  4. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Mesto da se zamarame so segasnosta, nie se zamarame so minatoto, sto i kako bilo(facepalm)
    Komu mu e gajle
     
  5. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    https://en.wikipedia.org/wiki/Cyril_Parlichev
    Кирил Прличев, син на Григор Прличев, не знам колку е познат тој кај нас, ама мислам дека малку луѓе знаат за него и за неговото дело.

    Еве една книга напишана од него за српските злосторства во Македонија во периодот од 1912-1915 година.
    Ова е оригиналот. http://www.strumski.com/books/Сръбските жестокости в Македония.pdf

    http://www.promacedonia.org/prl/1.html
    http://www.promacedonia.org/prl/2.html
    http://www.promacedonia.org/prl/3.html
    http://www.promacedonia.org/prl/4.html
    http://www.promacedonia.org/prl/5.html
    http://www.promacedonia.org/prl/6.html
    http://www.promacedonia.org/prl/7.html
    http://www.promacedonia.org/prl/7.html#1
    http://www.promacedonia.org/prl/7.html#2
    http://www.promacedonia.org/prl/8.html
    http://www.promacedonia.org/prl/9.html

    @Daern, сите знаеме дека Бугарија била на страната на фашистите во Втората Светска Војна, но тоа е посебна тема и приказна за себе. Ама ретко кој знае за злосторствата на Србија во Македонија во периодот од 1912-1915, и ретки се тие кои ја обвинуваат Србија и Србите, некако селективна меморија имаме ние. Еве ти дел од злосторствата, ова го има напишано Кирил Прличев.

    Междусъюзнишката война и последствията и: открито преследване на всичко българско - език, училища, черкви, учители, свещенници, владици, граждани, селяни; биене, затвор, заточение. Конкретни случаи.
    Но нищо не бе в състояние да опомни забравилите се от леките успехи сърби, нищо не можеше да ограничи апетита им за българска земя и зловещата война между довчерашните съюзници се наложи един ден по фатален начин. И сега, като следствие от неизбежната междусъюзнишка война всичко българско бе подложено на открито и безпощадно преследване. За българщината в Македония настъпиха черни дни, които по своята грозота надминаха и най-мрачния период от стария и нов режим на султаните. Българският език в Македония бе руган заедно с българското племе, българските училища и черкви бяха разрушени, учителите, свещениците и владиците, гражданите, селяните и търговците - псувани, унизявани, бити, затваряни, изгонени, заточени, убивани.
    Но въпреки затруднението, пред което се изпречва човек при избора на материала поради огромната маса от злодеяния и представления, извършени от сърбите при започването на военните действия срещу България, нека дадем ред поне на най-известните факти от онова време.
    Ето един списък на арестуваните на 17-й юни 1913 год. учители в Битоля, които на 13-й юли същата година бяха екстернирани в България, задето отказали да изменят на народността си и да подоишат декларация, че са сърби, въпреки угрозата, че ще бъдат застреляни.

    I. Основни учители в гр.Битоля:
    1. Ефтим Миладинов от гр.Щип - главен учител.
    2. Евгений поп Симеонов от гр.Кичево, ст. учител.
    3. Благой Христов от гр.Битоля - учител.
    4. Траян Конев от гр.Прилеп - уител.
    5. Методий Бекяров от гр.Прилеп - учител.
    6. Христо Андрeев от Битолско - учител.
    7. Борис Белезелков от гр.Прилеп - учител.
    8. Томa Захов от гр.Дойран - учител.
    9. Гсорги Илиев от гр.Битоля - учител.

    II. Основни учители от Битолско околия:
    1. Илия Димев от Битолско - учител.
    2. Михаил Капиданчев от гр.Воден - учител.
    3. Стоян П.Андонов от Битолско - учител.
    4. Връстю Атанасов от Битолско - учител.
    5. Антон Кръстев от Дебърско - учител.
    6. Славейко Стрезов от гр.Дебър - учител.


    Ш. Класни учители в град Битоля:
    1. Лязар Дуцев от Гевгелийско - директор м. гимназия.
    2. Антон Димитров от Тиквешко - директор ж. прогимназия.
    3. Никола Янишлиев от гр.Дойран - учите в м. гимназия.
    4. Славейко Нечев от Велес - учтел.
    5. Димитър Небреклиев от Прилеп - учител.
    6. Иван Василев от Кайлярско - учител.
    7. Петьр Киров от Кайлярско - учител.
    8. Георги Гешев от Битоля - учител ж. прогимназия.
    9. Александър Маджаров от Охрид - учител ж. прогимназия.
    10. Антон Кецкаров от Охрид - учител ж. прогимназия.
    11. Александър Развигоров от Щип - окр. уч. инспектор.
    18. Ахил Минджов от Охрид - окол. учил. инспектор.
    13. Спиро Мирчев от Прилеп - секретар в Митрополията.
    14. Иван Петров от Битоля - архивар в Митрополията.
    16. п.Иван п. Анастасов от Охрид - енорийски свещеник.

    @zhap4e, очигледно дека не знаеш што се се има случувано за време на Југославија. Јас ти кажувам дека 45 години и тоа како се доволни да се изманипулира народот. Не заборавај дека до 1945 година немало ниту радио, ниту телевизија, ниту интернет, и голем дел од населението било многу слабо образовано. А оние што биле образовани и се бунеле, комунистите ги испратиле на оној свет.

    Еве ти само два од многуте примери за комунистичката репресија и цензура.

    During the Cold war, the original book "Bulgarian Folk Songs" was hidden from the general public in Yugoslavia. The collection was published in 1983 in Skopje under the title "The Collection of the Miladinov Brothers" and every references to Bulgaria or Bulgarian were removed. However, after the fall of Communism, the book was published in 2000 in original, which caused serious protests of Macedonian historians. As result the Macedonian State Archive displayed a photocopy of the book in cooperation with the Soros Foundation and the text on the cover was simply "Folk Songs", the upper part of the page showing "Bulgarian" has been cut off. There is a similar case with the national museum of the Republic of Macedonia which, apparently, refuses to display original works by the two brothers, because of the Bulgarian labels on some of them.
     
    Последна измена: 28 август 2017
  6. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    http://www.promacedonia.org/ab/md_1102_0.html

    Педесет и шест години премолчувањe на вистината


    МАКЕДОНСКО ДЕЛО 11 ФЕВРУАРИ 2000

    Александар Бонев

    Кирил Григоров Прличев е роден на 1.3.1875 г. во Охрид. Тој е син на Григор Ставрев Прличев и Анастасија Узунова. Кирил Прличев умира во Охрид на 9.2.1944 година.
    Како ученици во југословенските социјалистички манастири учевме за преродбеникот Григор Прличев, при што, за комунистичката власт беше најважно учениците да знаат дека мајка му на Григрр Прличев измеќарувала по богаташките куќи за да го одгледа својот син.
    За Григор Прличев учевме дека е син на многу сиромашни родители, дека татко му го изгубил уште како дете, та останал на грижата на мајка си и својот стар дедо, дека сестра му станува слугинка за да го одгледа. Во комунистичкото разубавување на вистината. за Григор Прличев можевме да знаеме дека се оженил со Анастасија Узунова, но не требавде да знаеме дека тие имаат син.

    Дали синот на Григор Прличев не заличи на својот татко и бил анонимен и незначаен лик, којшто со ништо не заслужил да биде спомнат пред учениците, студентите и целокупната македонска јавност, макар само како факт дека нашиот преродбеник Григор Прличев имал син?
    Деновиве, по повод отворањето на новоизградената спомен-куќа на Григор Прличев, пошироката македонска јавност имаше можност да слушне дека на отворањето присуствувале и потомци на Григор Прличев, неговите внуци Кирил и Григор.
    Зошто во СФРЈ пред македонската јавност беше премолчувано дека "најистакнатиот македонски преродбенски поет од XIX век, лавроносецот Григор Прличев имал син? Одгрворот на тоа прашање секако треба да се бара во револуционерната, општествено политичката, учителската, книжевната дејност на Кирил Прличев.

    Револуционерна дејност
    1894 - член на таен ученички револуционерен кружок во Солун.
    1895 - четник во четата на дедо Стоју војвода.
    1896 - делегат на оснивачкото собраниена ВМРО, раководител на Воденската и М'гленската околија.
    1898 - заради учество во политичкото убиство на србоманот Грданов во Охрид (егзекутиран од Методи Патчев), Кирил Прличев лежи во затворите во Охрид и Битола.
    1901 - член на ЦК на ВМРО во Солун.
    1902 - член на градското раководно тело во Прилеп.
    1902 - секретар на Задграничното преставништво на ВМРО, раководено од Гоце Делчев и Горче Петров.
    1903 - учесник во Илинденското востание како војвода во обединетите чети под општо раководство на Христо Чернопеев.
    1903-1905 - секретар на Задграничното претставништво на ВМРО, раководено од Христо Матов и Христо Татарчев.
    1915-1921 - секретар на Задграничното претставништво на ВМРО, раководено од Тодор Александров и Александар Протоѓеров.
    1921-1925 - извршител на должноста задграничен претставник на ВМРО.
    1921-1931 - задграничен претставник на ВМРО, раководено од Ванчо Михајлов.

    Општествено-политичката дејност
    1894 - основоположник и секретар на ученичкиот сојуз во Солунската бугарска машка гимназија.
    1903 - секретар на "Благотворително дружество" во Софија.
    1908 - секретар на " Сојузот на бугарските конституциони клубови" во европејска Турција, т.е. Македонија.
    1911 - секретар на "Управното тело на Учителскиот сојуз".
    1923 - член и основател на "Македонскиот научен институт" во Софија. Член на Бугарската секција на Паневропскиот сојуз. Член на Масонската ложа "Светлина".
    1935-1944 - директор на бугарскиот "Институт за слепи".
    1942 - како директор на бугарскиот "Народен музеј " во Охрид, го открива гробот. на Свети Климент. Член-основоположник на фондацијата "Свети Климент" во Охрид.

    Учителската дејност
    Учител во градовите: Воден, Прилеп, Цариброд, Солун, Софија и Стара Загора.
    Училишен инспектор во градовите: Воден и Солун.
    Директор на пансионот за сираци во Софија.

    Книжевната дејност
    1896 - Воден, редактор на весникот "Борец".
    1913 - Солун, редактор на списанието "Искра".
    1916 - Скопје, редактор на списанието "Родина".
    1922 - Софија, редактор на списанието "Македонија".
    1930-1931 - редактор на весникот на ВМРО "Свобода или смрт".
    Соработник на речиси сите весници и списанија на "македонските Б'лгари" и соработник на многу софиски весници.
    Автор на:
    "Ср'бскија режим и револуционата борба в Македонија 1912-1913 година", "Ср'бските жестокости в Македонија 1912-1915 г.", "Македонците в културно-политическија живот на Б'лгарија - 1918", "Истината за кризата в'в ВМРО-1929" и др.
    Поет - Некои од неговите стихови се публикувани во в. "Право(1895г.)."
    Преведувач - владее: француски, германски, грчки и латински. На бугарски преведува дела на: Волтер, К. Маркс, К. Кауцки, Ц. Милс, Г. Брандес, Г. Жули и др.
    (Краткиот опис на импозантната дејност на синот на Григор Прличев и Анастасија Узунова е препишан од книгата: "Триесет и шест години во ВМРО - спомени на Кирил Прличев", Софија -1999г.).

    [​IMG]
    Кирил Прличев, исто како неговиот татко, себе си се смета за Бугарин од Македонија. Целата импозантна дејност на Кирил Прличев е посветена на борбата и слободата на "македонските Б'лгари". Токму затоа, како комунистички морално-политички непогоден син на "најистакнатиот македонски преродбенски поет од XIX век", Кирил Прличев во југокомунистичката пропаганда е премолчуван и третиран како непостоечка личност.
    Во учебникот за втори клас на средните училишта: "Преглед на литературата со примери", издаден во Скопје 1971 година, на страна 370, во врска со националното чувство на "наjистакнатиот македонски преродбенски поет од XIX в., лавроносецот Глигор Прличев ", Блаже Конески пишува: "Со тоа штo, ослободувајќи се од грчкото влијание, ја прегрнал бугарштината - тој не станува ни за малку поодалечен од нас, тој со ништо не ни се противставува, ниту пак одговара тој пред свеста на нашето време, кога е македонската нација веќе оформена, а одговара пред повелбите на својата доба, кога допрва нашето ослободителцо движење се оформуваше и требаше да ги бара своите патишта. Во тоа свое време, при оние услови во кои живееше, пред оние задачи што му се поставуваа - Прличев се покажа достоен народен син".

    Тука имаме една парадоксална ситуација во комунистичката интерпретација на историските ликови од македонското минато. Пренебрегнувајќи го фактот дека и таткото и синот со еднаков занес ја прегрнуваат бугарштината, таткото Григор Прличев во комунистичката пропаганда е прифатен и славен како македонски "достоен народен син ", а синот Кирил Прличев, во комунистичкото шминкање на вистината недостоен ниту како најобичен син на својот славен татко.
    Еднаков комуниетички однос имаме и кон двата сина на легендарниот Питу Гули, коишто загинуваат како телохранители на Тодор Александров. Третиот син на крушевскиоу војвода Питу Гули, Стериу Гули, бугарската фашистичка окупација ја доживува како ослободување, станува водач на контрачета и кога влегуваат партизаните во Крушево се самоубива во една кафана, кажувајќи: "зарем пак ќе не гази српската чизма". - "Глас", бр. 7. стр.47)

    Во погоре спомнатото толкување на Блаже Конески, нема значение самиот чин на прегрнување на бугарштината од страна на Григор Прличев, туку најзначајното е времето во коешто тоа се прави.
    Таткото Григор Прличев ја прегрнува бугарштината многу време пред да биде усвоено становиштето на Коминтерната дека постои македонска нација, додека синот Кирил Прличев, не само што не се вклучува во југословенското народноослободително движење, туку цврсто ја прегрнува бугарштината и по проѓласувањето на АВНОЈ-ска Југославија.

    Кирил Прличев умира на 69 годишна возраст, на 9.2.1944 г. во Охрид, шест месеци пред одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. Ймајќи ги на ум неговите 36 активни години во ВМРО, Кирил Прличев кон "Решенијата на Второто заседание йа АВНОЈ" најверо јатно би се однесувал слично на поведението на основоположникот и прв претседател на ЦК на ТМОРО, Христо Татарчев, или членот на Главниoт штаб на Илиндейското востание, Атанас Лозанчев. (Првиот претседател на ЦК на ТМОРО, д-р Христо Татарчев умира на 5.1.1952 г. во Рим, никогаш неподржувајќи ја лагата дека: "во Титова Југославија се остварени заветите на Гоце Делчев и Јане Сандански".
    Членот на Главниот штаб на Илинденското востание, Атанас Лозанчев не ја прифаќа АСНОМ-ска Македонија и со перо пред ме ѓународната пйлитичка јавност се искажува против создавањето на АВНОЈ-ска Југославија. А. Лозанев умира октомври 1944 г. во Софија).

    Ако Кирил Прличев поживееше во Титова Југославија веројатно би ја имал судбината на братот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, (Горги Карев, осуден на пет години затвор како "соработник на бугарскиот фашистички окупатор ", по издржуванjeто на казнатa, убиен во Титово Идризово) или, пак, судбината на гемиџијата Павел Шатев (умира од глад "во домашен притвор") или, пак, судбината на илинденецот Панко Брашнаров (убиен на Голи Оток, независно од тоа што го отворил Првото заседание на АСНОМ).

    Вистината за синот на "најистакнатиот македонски преродбенски поет од XIX век, лавроносецот Глигор Прличев", денес дејствува шокантно, замајувачки. Таа не би имала такво дејство, ако не беше премолчувана закопана во окрвавените темели на комунистичката вообразена реалност како основа врз којашто требаше да се реализира Титовата идеја "за по добра и посреќна иднина". За жал, и по речиси една деценија од раздружувањето од СФРЈ, веќе како одамна оформена нација, во соочувањето со непријатните вистини од нашето минато имаме бурен отпор кон разоткривањето на комунистичките тајни, кое нешто, непријатните вистини ги прави уште поболни и уште повознемирувачки.

    За да стане некоја единка здрела, интегрирана личност, а не да остане расцепкана личност, таа треба да биде способна да ги носи и интегрира во себе и непријатните, вознемирувачки содржини и сознанија за себе. Оттука, е неприфатливо поведението на тие што се спротиставуваат на разоткривањето на комунистичките тајни, а при тоа себе си, од заблуда или лицемерле, се рекламираат како единствени заштитници на честа и угледот на македонската нација. Аналопно на тоа, на колективен план, таквото комунистичко историско пуританство е пречка на вистинското национално созревање и интeгрирање на еден инаку веќе правно и политички конституиран народ.
     
    Последна измена: 28 август 2017
  7. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Што ќе испадне ако испереш 10 пати во перална Бугарин? - Чист Македонец :D
     
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не постојат никакви прабугари, тоа се разни митови за да се поврзе името бугар (кое го измислиле ромеите за да укажат на нешто сосема друго) со словените и словенскиот јазик на денешните лица кои се перцепираат себеси како бугари. Дај да прочитаме како се нарекувале тие азијатите самите себе, да се изненадиме :)

    Тоа што со векови ниту една особа на светот не се декларирала како бугар е јасен показател за она што ти кажувам а за што треба да прочиташ а тоа се денешните перцепции за тоа што е колективен етнички и национален идентитет и како е тоа драматично различно од пред 10 века. Тоа потекнува од времето пред Француската револуција а на балканот таа идеја доаѓа тек во 19.век. И тоа ти е, можеш да си правиш фантазии, можеш да читаш лаги, можеш да правиш акробации, сето тоа е попусто.

    Нацистите правеле такви финти, германи=германци, демек тоа биле стара нација со илјадници години а пустата немачка не постоела до 1871 година и е помлада од Канада :devil:
    Колку што племињата кои Рим ги нарекол германи имале нешто заедничко со денешната дефиниција на германци толку имале и византиските именувања на племината кои ги нарекувале бугари (а тоа не било ништо за фалење од ромејска гледна точка8)) со денешната дефиниција на бугар.


    Никаква турска репресија, никакви глупости. Демек не патувале тие бугарите никаде, наведените ликови од линковите или било кој од милиони раја :D еден барем низ сите тие векови, еј, еден единствен, па не се декларирале за бугари надвор од границите на отоманската империја, и сега загрижени митомани ќе им доделуваат националност ретроградно.

    Отоманите ги сметале поданиците за 1.РАЈА и 2.КАУРИ. И тоа е тоа.
    Србите не постојат до 19.век. Словенците се тука некаде со бугарите по старост.

    И не ми одговори колку жители имала Бг во 1989 а колку сега?!
     
  9. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Зошто темава не е избришана? Ова спаѓа во категорија на ширење национална омраза.
     
    На Briar Rose, Nalutena1, Prijatelot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Апсолутно се согласувам. Се чудам зашто не ја избришале? Ова е чиста национална омраза.
    Ако почнеме да тераме сите у ПМ се , ќе го затвориме форумов.
    Нема што муабет да се прави насловот си кажува се а 5 колонашов нека бега од тука.
     
    Последна измена: 28 август 2017
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не е важно, титулата стои. Исто како што на Бугарите никој не може да им избрише 1994. четврто место и победи над Германија, Аргентина, Франција... во статистика. Македонија нема големи победи, не припарила на Светско и на Европско. Фудбалот не е другоразреден спорт како ракомет. Football matters.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Уште нешто за @zhap4e во врска со комунистите. Во Македонија истото се случувало и со оние кои се уште се чувствувале како Бугари и кои биле против комунистите.
    http://tatkovina.info/2017/08/28/документ-канцелариите-на-тито-да-ги-уб/
    ДОКУМЕНТ: Канцелариите на Тито: Да ги убијат сите „не-комунисти во Словенија“
    [​IMG]
    [​IMG]Во Словенија беше отворен документ на поранешните тајни служби од времето на jугодиктаторот Јосип Броз Тито, во кој се дава наредба да бидат „убиени сите некомунисти и нивните семејства, вклучувајќи ги и оние кои го поддржуваат само платонски нивното движење“.

    Словенечкиот историчар Срѓан Цветковиќ соопшти дека документот е отворен од негов колега кој многу наскоро ќе објави во посебна студиjа. Во почетокот на наредбата се даваат општи упатства: „Нападите на куќите, каде што се наоѓаат лицата за ликвидирање, треба да бидат извршени многу брзо, решително и сеопфатно. Секоја двоумење ќе се смета за предавство“.

    Начинот на убиство е опишан во 7 точки.

    „Треба да бидат убиени 100% од целата интелигенција, која не е поврзана со Југословенската комунистичка партија и не членува во неа. Тука не треба да се прават никакви компромиси, вклучувајќи ги и оние кои имаат платонски симпатии кон партијата … Да бидат убиени сите познати антикомунистички активисти и лидери, лидерите на националните организации … сите свештеници, членовите на различните католички организации. Да бидат убиени сите членови на буржоазијата, трговците, големите земјопоседници, средните претприемачи. Се разбира дека треба да бидат убиени и сите наемодатели, богаташи и индустријалци. На крајот треба да бидат ликвидирани и сите мали претставници на владејачката класа како офицерите, подофицерите, обичните војници, полицајците, финансиските чиновници. Треба да бидат стрелани и сите градоначалници на поголемите градови и нивните семејства „.

    Во однос на богатите граѓани кои ги помагале комунистите го пишува следново:

    „За оние богаташи, трговци и индустријалци кои парично ги помагале комунистите, треба да бидат применети истите горенаведени мерки. Зашто тие на тој начин сакале да спасат глава.“

    Словенечката комисија, која ги истражува извршените злосторства од комунистичкиот режим до моментов открила 581 масовни гробници со остатоци од повеќе од 100 000 жртви. Во архивите има документи за смртни пресуди на само 281 лица, во периодот 1945-1952 година

    Наредбите за ликвидирање биле давани лично од диктаторот Јосип Броз Тито до Александар Ранковиќ, првиот шеф на Државната безбедност, која во почетокот се нарекува ОЗНА, а потоа се преименува во УДБА, станува јасно пак од откритијата на Српската комисија која ги истражувала злосторствата на југословенскиот режим . Досега е утврдено дека во Србија се убиени 59 912 лица. Сеуште нема податоци за бројот на жртвите од големите градови, вклучително и Белград.
     
    Последна измена: 28 август 2017
  13. Григор Прличев

    Григор Прличев Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Во Македонија можеш да бидеш се, само Бугарин не. Запрашајте се зошто е тоа така, така е затоа што македонскиот идентитет е изграден врз основа на антибугаризмот, кој од 1944 па се до денес е присутен во Македонија. По коментарите на одредени членови, омразата и шовинизмот спрема оние како мене кои се Македонци ама се пробугарски настроени, може да се види и овде на форумот.

    Изјава на Македонец: Србите ни се најблиски, и по вера (очигледно не знае дека и Бугарите се православни), и коридорот, патиштата. :D Бугарите се окупатори, 3 години ја окупирале Македонија, тоа што голем дел од населението ги дочекало како ослободители ниту се спомнало во македонската историја, ниту пак ќе се спомне. А Србите што биле окупатори 23 години, тоа нема врска, добри окупатори биле тие. :D
    Третиот син на крушевскиот војвода Питу Гули, Стериу Гули, бугарската фашистичка окупација ја доживува како ослободување, станува водач на контрачета и кога влегуваат партизаните во Крушево се самоубива во една кафана, кажувајќи: "зарем пак ќе не гази српската чизма".

    Епа Стериу, подобро што си се самоубил, затоа што ќе си видел како српската чизма не гази, не газеше 45 години а донекаде и се уште не гази преку тајните служби.


     
    Последна измена: 28 август 2017
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.