Како што знаеме, полицијата во справувањето со актуелната ситуација има огромно, клучно значење. Сите мерки кои се донесени од Владата по препорака на МЗ и Комисијата за Заразни Болести треба да ги спроведе полицијата, но дали и колку ги спроведува? Според мене, мислам дека недоволно е ангажирана во процесот на спроведување, има недоволно и често неправилно казнување, но и други пропусти и грешки. Кое е вашето мислење на оваа тема? Дали и зошто полицијата треба подобро да си ја работи работата? Споредбено со други земји од регионот, Европа или светот, дали нашата полиција добро се справува со ситуацијата и како ги спроведува мерките?