Македонска Крвава Свадба (1967)

Дискусија во 'Филмови' започната од Majuv4ence13, 18 април 2013.

  1. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Македонска крвава свадба е македонски филм од 1967 година, режиран од Трајче Попов, со Коле Ангеловски, Вера Чукиќ, Драгомир Фелба, Зафир Хаџиманов, Драги Костовски, Петре Прличко, Ристо Шишков, Јанез Врховец и Павле Вуисиќ во главните улоги.Филмот е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година.

    Филмот ја раскажува приказната за девојката Цвета (Вера Чукиќ) која е грабната од страна на еден османски бег (Ристо Шишков) и потоа однесена на неговиот харем. Иако бегот се обидува да ја потурчи, нејзината упорност, како и нејзините соселани, предводени од саканикот Спасе (Зафир Хаџиманов) и локалниот поп (Павле Вуисиќ), потпомогнати од дипломатите на големите сили на крајот успеваат да ја ослободат. На денот на нејзината свадба, доаѓаат бегот и неговите војници во обид да ја повратат девојката. Цвета умира, но Спасе успева да го убие бегот и потоа „заминува со комитите“.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Некаде средно бев кога ја читав книгата и го гледав филмов. Постар филм, наша народна приказна и тоа е тоа. :)
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    Јас го имам повеќе пати гледано филмот, интересна приказна. Инаку една од тие бабите што ја плачат Цвета пред црквата е моја прабаба т.е. мајка на мојот дедо, бидејќи дел од филмот е снимен во едно село од каде што потекнува дедо ми па ги зеле за статисти и баш поради тоа го имам повеќе пати гледано и тоа уште како многу мала :D :D :D :D
     
    На elimkd и Meckicja им се допаѓа ова.
  4. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    И мене ми е интересен филмот..А посебно ми е згоден Ристо Шишков...Цвета ја видов на сликии многу е остарена неможев да ја препознамм 8) Ама се држи добро за 75 години
     
  5. ErminEki

    ErminEki Нов член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Vo koe selo e snimen filmot bas me interesira?
     
  6. ErminEki

    ErminEki Нов член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Za koe selo se raboti??
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Обично не ги сакам ваквите теми, ама филмот е бизарно квалитетен. Од мала ми беше интересен, а страшен.
    Имаше некоја егзотика што останува врежана, како сцените од сарајот или пак сцената со дервишите, нешто што е друга култура и чудно за гледање, иако дел од истата земја.
    Заедно со "Република во пламен" потсеќаат на холивудските историски спектакли од 50-те и 60-те.
    Штета што е мрачен за разлика од нив. Можеби му треба римејк :D, но тешко во Мк да се сними филм од ист ранг денес.
     
    На boomsleng и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    48.042
    Пол:
    Женски
    Тоа лелеците и оплакувањата тешко се забораваат па дури и по 25+години од гледање