Прилично долг период се мислев дали да ја отворам темава или не и каде да ја сместам. Конечно собрав храброст и решив. Колкумина од вас се заинтересирани за тргување со акции? Дали тоа го гледате како начин на заработка? Дали би се осудиле да почнете со тргување на хартии од вредност т.с. акции? Што мислите за нашата берза и нашиот пазар? И дали вие би сакале да станете брокер и зошто? Јас би сакала да тргувам со акции и кога би имала пари веднаш би купила акции. Најсигурни ми се акциите на Алкалоид, но за тоа треба новчаникот добро да ми тежи. Мене ми е интересно сето тоа постои голем процент за ризик знам и не ми изгледа некако досадно. И јас да, би сакала да станам брокер ако не направам ништо со акциите но не знам дали има работа и колку се платени.
Македонската берза стои. Не се исплати да затвараш пари. Па и брокерите се неискусни и шкрти на совети каде да ги пласираш парите.
Во минатото цените на нашите акции биле многу повисоки за разлика од сега. Кога сакаш да си купиш некој акција пример сакам од Стопанска банка и јас одам во банката и им велиш ми треба брокер, тие те контактираат со нивниот брокер и ти преку него договараш да купиш акции колку акции сакаш и по која цена . Брокерот си зема и провизија за тоа. Во годината фирмата објавува три извештаја за напредувањето на претпријатието, според тоа ти гледаш дали ќе ги продадеш акциите или ќе чекаш нивната цена да порасне.
Јас немам такво искуство. Склучив договор со брокерска куќа,им кажав идеа од чии акции би сакала да купам и за два -три дена ми се јавија да ме прашаат дали ја прифаќам одредената цена. Провизија земаат.И од купено и од продадено. Ако продадеш акции,без разлика дали си оатварил добивка,мора да пријавиш во У јП..ради данок.
2021 веќе.. Дали сега има повеќе детали околу оваа тема? Ептен ме интересира, а незнам од кај да дознаам повеќе информации..
Не е точно ова. Данок се плаќа единствено за дивиденда, а тоа ти го средува самата компанија. Данок на капитална добивка нема.
Не сум тргувала ама ми нема никаква логика да се плаќа данок. За персонален збориме, 10% ? Па ако е така скоро сите што тргуваат ке се во минус, 10% во добивка не се оди така лесно на наша берза, а секако за да си после данок во добивка треба продажната цена ти е повисока со повеке од 10% од куповната. А и плус провизии за брокери...
Неточно. Имаш тргувано? Може да ми посочиш закон, правилник, договор за берзанско со банка, каде го има ова? На што го базираш тврдењето?
Тоа што наводно го зборува референтката е данок на капитална добивка и тој се пресметува само на позитивна разлика меѓу куповна и продажна цена. Ако имаш 5% разлика, ќе платиш процент само на тие 5%. Кај нас данок на капитална нема, исто како што нема данок за штедна камата. По Европа има. Данок за дивиденда оди под персоналец, сосем различни категории се.
Да. Имав акции во Топлификација и ги продадов преку брокер. Од таму знам дека треба да се пријави добивка Секоја одтварена добивка во текот на фискалната година треба да ја пријавиш...освен личниот доход за кој кој плаќаш даноци. Со години работам со даноци. А ти си тргувала со акции?
Не ми наплатија, затоа што акциите ги купив по 1400 а ги ородадов во зорт кога купував стан за 1250. Кажи една држава каде не се оданочува добивка
Македонија до 2023. Буквално на страната на УЈП ти пишува дека нема капитален данок до 2023, кога пак ќе биде разгледана можноста за продолжување на праксата. Капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд не се оданочуваат со данокот на доход до 31 декември 2022 година. http://www.ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica/category/123
Добро ајде сподели закон, сподели линк од УЈП, линк од банка, каде е назначено дека се плаќа данок на капитална? Велиш дека се занимаваш со даноци, срамота е да се бламираш вака.