http://www.index.hr/sport/clanak/ru...i-osvojila-broncu-na-eurobasketu-/572422.aspx Хаха Русија тешко ја победила Македонија! тооо наши момци нема шампиони сте!
Одиме ракометарите да ги бодриме следни во јануари, па до година биче и Олимпијада и следно Европско, дебело ќе го јадат. Најмногу ми е жал за Дамјан, толкав притисок... Нешто ми кажува дека баш он следна прилика ќе си земе тоа што е негово. Утре, достоен пречек за хероите.
Аман бееее, зоштооо ??? Русишта едни гадни, одвратни, мораше ли да победите? Жив ќе се изеде Дамјан бе, жал ми е за него. Кошаркари, не можете да замислите колку сме горди на вас. Ни го осветливте образот. Македонија!
Мижи Митре тулумби паѓат. И малите деца знаат дека се’ е политика, пари, моќ. Затоа ај стоп со вакви коментари.Една Русија ќе дозволе една малечка земја да ја победат или пак гркот ќе дозволеше ние да победеме, ма немој.
Да немаш грк судија -.- И тој Кириленко косата ќе му ја ишишам, миженката и леженката да фрлеше ќе погодеше.. не е фер.
Изгубивме.Многу ми е жал. Но што е тука е.Нашите момци оствариа повеќе од што очекувавме и повеќе од доволно. Се пласираа меѓу четирите најдобри репрезентации, а тоа е голем успех. И денес игравте со цело срце, а тоа се цени. БРАВО МОМЦИ. ВИЕ СТЕ НАШАТА ГОРДОСТ. Единствено што ме изнервира е грчкиот судија.Да му се плукнам во лице и на педерот.Ги истепаа нашите, само колку фаули не им досуди. Од кај го најдоа не ми е јасно.Тоа е намерно направено.
Аха не сум оптимиста ни за следно ни за Олимпијада .... ова беше наш период ама не го искористивме до крај за жал. Македонија не е толку среќна па да добива се и секогаш.
Добро Џули, така е, ама има уште една реалност. Во 1999, веднаш испаднавме и бевме 14ти Во 2009 бевме 9ти. Во 2011 сме 4ти. Нашите не играле ни на ОИ, едвај успевале да се квалификуваат минатите првенства.Тоа е значително помалку спремање во однос на другите, а да не збориме колку нашите имаат спонзори, а колку овие останатите. Јас ќе се осеќам неблагодарно ако било што им префрлам.
Не добија бронзен медал на првенството, добија ЗЛАТНА почит и доверба! Нема да кажам друго освен, Нече среча поштеног човека и тоа е тоа... Затоа на олимпијада земаме злато... ГОспод знае што чува за нас... Изгубивме за да се трудат поише, да тренираат да не се опуштат зошто олимпијадата чука на врата, а тие ќе ни го обелат образот... Верувам и ги сакам нашите момчиња, ќе напреднеме уште повеќе и јас ви кажувам тука дека за 1 година повторно се наоѓаме на темава да се радуваме на успесите на Олимпијада.... М А К Е Д О Н И Ј А ! М А К Е Д О Н И Ј А ! М А К Е Д О Н И Ј А ! А Л Е А Л ЕЕЕЕ!!!
Голема празнина имам во душа. Потешко е да прифатиш дека нешто било на дофат на рака и се лизнало... Само не би ја напаѓала сега репрезентацијава наша дури на крај цела игра изгледаше онака очајно од страна на сите и кај русите промашувања, попусти обиди, неразумни акции...едноставно голем притисок е тоа. Барем да ни се исплатеше, мене најтажен момент ми беше кога ги видов солзите во очите на нашите девојчиња од навивачите ... И навистина мислам дека сите дадоа се‘ од себе, горда сум што како мала нација и земја ќе останеме репер на игра со срце и душа и дека иднината ќе ни биде и закитена со поголеми достигнувања, докажавме дека можеме да се носиме со предизвикот, дека сме дораснати и достојни... Нека им е наклонета иднината на нашата репрезаентација. Мене на памет ми паѓа еден коментар од еден фудбалер кој буквално ја опишува моменталнава состојба, само веќе не ми се смее на истиот - Ова ноч није био мој дан !
ако не се разбирате од спорт немојте да коментирате ќе ве молам....и Литванија беше домаќин и јака екипа па ги победивме значи дозволија да ги победиме....Гркот драга нема везе никаква....ти викам само слабите сеа ќе бараат грешки во судии и во Бог.....не одигравме добро и тоа секој кој се разбира во кошарка ќе ти го каже за оваа утакмица
битно и грците признаа дека сме нај нај! Kоментаторот само не фалел A тоа значи дека сме HAJ HAJ HAJ!!!!!
МРЧЕТЕ Кога победувавме лижевте гз на Антич и Мекелеб и др Кога губиме само да мрчите знаете НИЕ ВЕ САКАМЕ ЧЕСТИТКИ МАКЕДОНИЈААААААААААААААААААААААААААААААааааааа
Што ќе ни е бронза кога имаме златни момци?! Има време ќе се докажат. Ова е само почеток! Само криво е ми е за Дамјан, сега сигурно жив се јаде затоа што промаши. Утре кога ќе пристигнат ќе им покажеме дека не е битно дали со или без медал се вратиле. Ние сме со нив и им сме благодарни за овој успех што го постигнаа. Македонија ги сака своите кошаркари!
ЗЛАТНИ момци имаме !! Дадоа се од себе. Денес половина утакмица играа лошо, половина добро. Преуморени се кутрите жал ми е да ги гледам веќе. Колку само сакав да одам на плоштад утре ама глупав испит Златни се !! И лош збор да не слушнам за нашите
Зошто со таков пристап, дури сега почнува да се издига спортот кај нас, пред ова првенство речиси и ништо да немаше. За првпат слушам деца по улица кај што вриштат Антич! и трчаат на маалско игралиште, место амерички играчи што на видео игра само ги виделе. Ние ако не сме тука да се поддржиме, и да ги поддржиме, кој друг? Сте виделе вие до сега по градов наш толку насмеани фаци во исто време, толку сплотеност и желба за успех? Јас не, исправете ме ако грешам. Крај краева, од ништо ни направија екипа. Играа против НБА ѕвезди, па и да не е баскет во прашање, професионални спортисти се утепуваат од работа додека нашите си крцкаат скара, ко да не знаете. Сега и те како треба да се фати и да се работи многу напорно за следната прилика. Ова е отскочна даска, треба пепел да ги направиме на Олимписки. А со песимизам и -ех сеа така среќа ни се погоди- не правиме ништо. Балканот го прегазивме, Европа а и потака богами конечно слушнаа за нас, а да не е војна тема. Бидете горди, МНОГУ горди на момците.