Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Многу ми е жал.. но нашите беа прекрасни во секој случај.. како и да е 4то место не малце.. меѓу најдобрите во европа сме ... Се гордееме со вас херои наши !!

    Германскиот коментатор изјавил: Mazedonien ist der Europameister der Herzen! - МАКЕДОНИЈА Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН НА СРЦАТА !
     
  2. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    ;(
    Епа дечки не се игра во последните 10 минути за медал.
    Како и да е, нас ни остана да ве пречекаме најдобро што можеме зошто вие сте наши херои.

    И доста го плукате Дамјан, можете да замислите како му е сега на него. Кога победуваме сите среќни, сега одма нашиве неспособни се.. затоа сме си прост народ.
    И од Шпанија и од Русија пола тим им играат во НБА, Блат ги ротираше играчите 9 пати, а ние цело првенство играме со еден ист состав. И ако можеме да се тешиме со причина +, грк судија ни се падна како капаче на се. Сепак една Македонија не смее да се дозволи да ја победи големата Русија.


    Грдиленко, да даде господ жена ти за Македонец да те остави.
     
    На Smilly, Monna.Monna и eemmiilliijjaa им се допаѓа ова.
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]
    Те мразам....онака чисто од срце :devil: !!!
     
    На esperanca, Buttterfly и Adi888 им се допаѓа ова.
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Горда сум!
    Иако не победивме и овој пат, сепак другите научија и слушнаа за нас кои сме и што сме.
    Сепак меѓу најдобрите репрезентации и големи држави како Шпанија, Франција и Русија, ние една мала држава се помешавме меѓу нив. Преголем успех постигнавме и треба да се гордееме и со тоа.
    Нашите играчи играа до крај. Ние ги бодревме до крај.
    :clap: :clap: уште еднаш за нив. Најдобри се!
     
    На TheKiketoo, Smilly и Buttterfly им се допаѓа ова.
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674

    значи се подобри сме биле, сега 4 место, на ОИ мора бронза да освиме. :rock: :rock:
     
  6. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Чувството е тапа колку и да се ударам у гради дека не ми е криво! Но,и покрај се сум горда на дечкиве..неискуството и тремата на Дамјан си го направија своето! Можеби не го освоивме медалот, но ги освоивме симпатиите на цела кошаркарска Европа! На наредното првенство во Словенија 2013 год.сите че бидат со уште поголемо искуство играјќи во поголеми европски клубови така да се надевам на продолжување на успесите..не застануваме сигурно тука!! Кошаркари ве чекаме утре и главата горе!!!
     
  7. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    сепак нашите се морални победници...направија се,не донесоа во врвовите на спортот,онаму каде што не сне биле никогаш..најдобри бевте момци,ве сакамеееееееееееееееее..достојни сте за почит но не само од македонија туку и од целиот свет!!!!!!!
     
  8. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ова беа прекрани 20 дена, ова беа денови преполни со емоции, не се штедеше гласот, денови со насмевки и покрај поразите кои се составен дел и на најдобрите, денови со солзи од радост, денови со позитивна енергија, денови кога немаше македонец кој не беше горд на кошаркарите, на натписите од весниците, на зборовите од големите кошаркарски имиња. Ова беа денови кога нашето име се запиша позади Шпанија, Франција и Русија, а пред други 50сетина држави европски. Ова е УСПЕХ. А јас сум сеуште горда!
     
    На Buttterfly, sweetyears, Gioia и 4 други им се допаѓа ова.
  10. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    :clap: :clap: :clap: :clap: :bow: :bow: :bow:
    Браво момци, и четврто место е одлично, со оглед на тоа што на проценките Македонија беше многу многу назад, четврто место е супер. Денес оваа игра не ме воодушеви, но што е тоа е, ние цело време игравме со исти играчи, играчите се преморени... А и искуството си го прави своето.
    И не ми кажувајте немало политика, Бо и Чековски ги изгазија па фаул не им дадоа, а еден судија беше Грк, Кириленко вреди милиони, Русија има пари, има моќ, има мафии. И немојте немало политика немало воа немало оноа, ама сепак ние со чисти раце и чисто срце стасавме до 4то место што воопшто не е за потценување, докажавме дека може и фер и поштено да се стаса до успех.

    Нашите 12 момци се бореа до самиот крај како ЛАВОВИ.

    За Македонија сте херои, не научивте како да бидеме заедно, го оставивте срцето на терен за ова парче земја... За нас сте шампиони, Македонија е горда на 12-темината на Докузовски!!!


    [​IMG]
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Eдно прашање: Сега директно одиме на Олимпијада или ?
     
  12. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Ајдеее, добри сме.
    Цела Македонија ја почусвствува магијата на еднството. После толку многу време. :clap:
    Сега нашите кошаркари се со едно искуство плус, ова им е школо за понатака, на квалификациите за Олимпијадата (и здравје боже за следното европско првенство), сега подобро се запознаени со играта на најдобрите европски кошаркарски репрезентации, Докузовски сигурно ќе направи (по)добра стратегија и се разбира, повеќе ќе работат на шутевите.
    Веќе сме тргнати, нема застанување!

    Едит. Тенкаи, не, треба прво квалификациите да ги поминеме.
     
  13. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Не сакам да слушам погрдни зборови и критики за Дамјан , даде се од себе и колку што можеше тоа е тоа, на крај краева ова е премногу и мислам дека треба да се гордееме ..
    имаме кратка клупа и нормално е да се премногу изморени на почеток тоа се виде, 7 играчи ни играат и повеќе од јасно е да се нема сила веќе ,но повторно дадоа се од себе .. Честитки најпрекарсни бевте !!
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    правац Олимписки никој не не сопира, наводно првите 5 места директно се пласираат. :rock: :rock:
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Нашите кошаркари не сакаат да излезат од соблекувална, плакат. Срцки се бе, на сите ни е жал. Ама и понатаму ги сакаме. Не ги гледав последните секунди и промашајот на Дамјан. Се’ е политика, пари и власт, дури и во спортот се присутни, секаде.
     
  16. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ве сака Македонија

    [​IMG]

    Македонија е четвртата најдобра репрезентација на ова првенство. Нашите кошаркари не успеаа да се реваншираат на репрезентацијата на Русија. Откако несреќно бевме поразени во последните секунди од првиот натпревар среќата ни го сврти грбот и не беше наш придружник на овој натпревар.
    Трите брзи лични на Самарџиски допринесоа да имаме слаб скок под кошевите во првиот дел, па затоа и резултатот беше во корист на Русија по првите две четвртини.

    Без разлика на фактот дека заспани го започнавме првото полувреме, во второто игравме далеку подобро, но не доволно за победа. Ги изнамачивме русите кои на крај славеа со 72:68.
    Бо одличен, Антиќ исто така, добар и Илиевски. Честитки за сите!

    Не добија бронзен медал - добија златна почит и доверба.

    Ве сака Македонија!
    Бодрете ја нашата репрезентација, приклучете се на фејсбук групата на репрезентацијата на Македонија.


    Ве сака цела фемина..многу :l: :l: :l:
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    НЕ!

    На кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Лондон во машка конкуренција ќе настапат само 12 репрезентации. Едно место има за домаќинот Велика Британија, едно за светскиот првак САД, едно добива Африка (Тунис како првак на црниот континент), по две гарантирани места имаат финалистите од континенталните првенства во Америка и во Европа, а по едно имаат Азија и Океанија. Другите три места ќе се пополнат со квалификацискиот турнир, кој ќе се игра од 2 до 8 јули в година, значи 20 дена пред почетокот на ОИ.

    Од Евробаскетот само Франција и Шпанија одат директно.
     
  18. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    не само првите 2 се пласираат дирекно, од прво до 6то ќе играат во други квалификации за едно место
     
  19. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    на плоштадот македонија до пред 15мин имаше мн народ а сега само 15-20 души како што видов на сител мислам дека е срамота па ако не беа кошаркариве наши ни воопшто да играме ама 4 местоо еееј мислам хелоооу прстна глава малце :fubar:
    ке дават ли утре директен пренос од пречекот :)
     
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    На сител ќе има.