Ве молам штипнете ме! Сонувам ли луѓе? Прогнозите после оние турнири летово, после првиот натпревар прогнозите беа ако бидеме 3то место да славиме. Ама зборот славиме треба да се замени со друг збор, зашто ние сме први во групааааааааааа Благодарам момци!!!! Ме правите горда, не сум ја симнала насмевкава со денови, уживам да ве гледам, срцето ми е полно. Само продолжете со ваква игра па што биде нека биде. Не знам дали приметивте на крај што направија босанските навивачи? Јас се наежив. Се симнаа до теренот и им аплаудираа на нашите кошаркари и пееја со нашите навивачи. Секоја им чест. Им симнувам капа!
Јеее супер, таман не сме нашколо ќе си ги гледам. Па ако победат, поубав подарок за денов на независноста мислам дека не би имало. Спојлер Позз до БОрче, ај лавју мен
Опа мераци гледаш подршка од сите страни сите горди на нашиве... Се надевам со нив сме во добро и во лошо а не само во првото . . Мислам да бидеме реални македонски синдром ако не плукаме по нашето не се може . Искрено се надевам дека ќе продолжат во ист ритам . Пожртвувана игра +заинтересираност + несебичност +желба + концентрација = УСПЕХ !!! Заслуживме ретка прилика кај што сме пред педерите . Убаво е да ги гледаш од горе , убаво е да си на врвот !!! Уживај народе
Не само што први го завршивме овој дел од првенството, туку први стартуваме и во Група F. Ја имаме предноста, треба добро да ја искористиме. Само една победа не дели од четврт финалето.
Дури и пред русите муахахахахаха Него... И македонецот ги скантал сите Друго бе страшно се случило, Војдан не го пуштале од салата додека не ги врател сите топки И да некој ја победил Македонија кошарка..........И после го исклучил плестејшнот
Грузија ќе ги тепаме, него Русија? Имаме поголем коефициент од нив, се надевам ќе издвојуваме победа,макар и минимална.
Се виде деновиве,колку само Македонците се гладни за спортски успеси! БРАВО за Македонската кошаркарска репрезентација,покажаа колку е големо нашето срце и колку горди и сплотени знаеме да бидеме кога имаме вакви успеси!!! Моралот на оваа нација го дигнавте до небо,не постои никој во моментов по горд он нас,и не постои никој македонец кој не се гордее со вас! МАКЕДОНИЈА!!!
Драга Старбакс,толку беше значајна оваа победа што доколку ги победиме Грузија и потоа доколку би изгубиле и од Словенија и од Русија заедно би се пласирале во 1/4 финале со ептен ептен малку среќа секако во 1/4 финале мораме да победиме за да би биле меѓу првите 4 во Европа.А и Јас и Ти знаеме дека сите ке ги победиме
Искрено малку се плашам од Русите, али чим ги тепаме педерите и Хрватите,кои важеа за фаворити во нашата група,белки ќе ги тепаме и Русите. Абе ќе ги тепаме,мора да бидеме оптимисти.
Не се плашете толку од Русите, колку што се силни они, толку сме силни и ние. Не играме прв пат против русите и на минатото европско првенство се сретнавме со нив. И имавме далеку послаб тим и изгубивме со само 2 коша разлика. Се е можно, Русите знаат дека сме јак тим и ќе има борба, а ние ќе треба да се одмаздиме за тој пораз! http://www.youtube.com/watch?v=pPiyEU13GxA
Знам досадна сум ама на официјалната страна на ФИБА излезе табела на 12те репрезентации кои одат понатаму и статистика за досегашните натпревари. Па видете ја сами табелата и кој е на врвот
Знаев дека ќе победиме! Толку ми е убаво и сум горда, и толку мерачки си ги гледам натпревариве што едвај чекам да дојде наредната утакмица! Цела Македонија е со вас и само напред!!!!! Леле, кошаркариве не се свесни каков пречек ќе имаат тука
Македонија,Македонија, Македонија. Денеска ги смачкавме и Босна. Најкеифски морам да признаам ми е натпреварот со Грција. Страшно изгледаат како богатшка разгелена девојчица која татко и не успеал да го намести натпреварот за да ја изберат мис, иако е со крив нос, две леви ноги, криви зуби и дрн,дрн. Пресреќна сум. Сакам да одиме понатаму, иако и ова го сметам за огромен успех. Се надевам дека нашиве знаат дека сме со нив и дека ќе ги подриме. На Европа уште еднаш да и покажеме дека македончето го бива бре. Не заборавајте да навивате.
Црвено жолта тоа е боја за која живот даваме Срцево ми е полно луѓе. Браво момци, направивте сите да се почувствуваат горди на своите луѓе. Продолжете со својата игра и докажете дека иако Македонија е мала на карта, има луѓе во неа со кои сите се гордеат. I'm proud to be Macedonian.