Не се фер коментарите со кои ги навредуваат нашите херои....дали некој само помислил како е да си на нивно место, во тој пекол, под таков притисок....лесно е да се зборува од својата фотеља, убаво сместен, со пиво во раце....нели? ова што го направија нашите херои ме направи ГОРДА, овој успех што го доживеавме и ние и нашата земја е неверојатен.....па луѓе свестете се, па 4ти сме во Европа, тоа е неверојатен успех, нашите херои не направија неповторливо горди
И јас мислам дека титулата ке ја лапнат Шпанците.Туку не знам како ќе го гледам доделувањето на медалите
За мене навистина останаа херои Борбените наши лавови не оставија кусо, до крај беше неизвесно, тешко за Русите,тешко за нас Покрај оние грамади од по 2 и кусур метра нашиве кутри неколкумина што требаше да прават, да се истегнат ко ластик ли? Супер беа, останаа достојни на својата упорност и желба за победа. Јас добив три медали со нашите кошаркари, и еден највреден-дијамантски! Момци, му покажавте на светот дека Македонија е голема земја, полна со силни луѓе
http://kajgana.com/vlado-ilievski-ednas ... dnash-zema Македонскиот плејмекер Владо Илиевски, видно разочаран по мечот смогна сили да даде изјава во која соопшти дека ова е неповторлив успех иако на крајот останавме без медал. „ Еднаш животот дава, еднаш и зема. Се надевам дека не ги разочаравме нашите навивачи и само поради овие што дојдоа до тука да не бодрат, но и за тие што беа на плоштадите, многу ми е криво што не им донесовме медал. Ова е тешко повторливо, фала ви на сите што бевте со нас, едвај чекаме да дојдеме утре во Скопје за да славиме заедно со народот. Среќни сме, горди сме, срцето ни е полно" - рече Илиевски. Секако дека не не разочаравте. Со душа ве чекаме утре .
Имаше кој да ни покаже што е слога, љубов, пожртвуваност и единство. Зошто ни е студена бронза кога топлината на златото живее кај нас? Сега знаеме дека нашето срце знае и од љубовта посилно да чука. Ние сме ГОРДИ и со самите квалификации! 4-тото место е само публицитетски ранг. НИЕ запишавме историја. Некој пак, вечно ќе си остане единичар по географија. НИЕ знаеме и салата да ги направиме. А никој сеуште за нас не го открил рецептот. НИЕ гласно им го кажавме вицот. Некој сеуште не сака да ни признае дека го насмеавме.
Македонија се сака, Македонија се љуби - и кога победува и кога губи!!! За сите што ќе кажат лошо за репрезентацијата и за Стојановски децата на Кириленко да му личат !!!
На секое првенсто светско или европско има репрезентација-изненадување која секогаш е за жал четврта и ние го потврдивме тоа. Сепак ОГРОМЕН успех за нас големо браво за нашите, ќе се поправиме на ОИ 2012 и во Словенија 2013 А во финалево си навивам за Шпанија да кажеме изгубивме од прваците Viva Espana!!!
и мене леле ако го видам тој кирилено ке му ја исецкам таа фацата и однеа ке направам руска салата за кучето( не веррувам дека ке сака да ја даде ) леле греота дамјан премногу е разочаран http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=80277 нема зошто да биде разочаран и да плаче кога тие се победниците
Не направивте да се чувствуваме ГОРДИ МАКЕДОНЦИ, Вие сте нашите херои, прекрасни бевте,уште малце фалеше, ама то е то ..Не се разочарувајте,сигурно ве следат уште многу успеси,ние секогаш ќе ве бодриме, Одлични бевте,издржавте до крај,утре супер ќе бидите пречекани,така и заслужувате! Браво! Lester Bo Maccelleb MVP I Macedonia
БРАВО! Безразлика што и како направивте, колку кошеви дадовте а колку утнавте, колку лични грешки направивте, вие бевте, сте и ќе останете НАШИТЕ ПОБЕДНИЦИ, херои, лавови и претставници. Ни го одземавте секој здив да биде со вас и да ве бодри, ги земавте нашите гласови да ви викаат на уво додека шутирате и на крај ги земавте нашите срца и игравте на терен со нив заедно со вашите. А утре... повторно ќе бидеме со вас, заедно кон победата! Антиќ