И покрај се - криво ми е. Криво ми е, не заради тоа што ако земевме медал светот повеќе ќе зборуваше за нас, туку заради овие момчиња кои без апсолутно никаква подршка отидоа во Литванија. Криво ми е заради тоа што и покрај тоа што срце оставаа на терен, беа сложни и кога губеа и пееја песни заедно со нас, покажаа која е Македонија на светот, не успеаа да земат медал. Медал кој ќе ги потсетува дека се најдобри. Што им значи на Русите еден медал помалку? Што? И, не престанав да плачам заради нив, посебно за Дамјан - не сакам да замислам како му е. Достојно да ги пречекаме овие момци кои не се ништо друго освен херои за нас. За Македонија.
Бев на плоштад, умрев од мака што загубивме ама горд сум на сите на плоштад, со срце навиваа а и нашите дадоа максимум ама се виде на крај ги совлада уморот. Како и да е НАША ГОРДОСТ СЕ !
Македонијо,радувај се!! За мене патриот не е оној кој плукаше коа Дамјан промаши! За мене патриот е оној кој на крајот пушти неколку солзи,си ги забриша со рачињата и ја стави онаа горда насмевка.Им ракоплескаше на нашите херои,и гордо пееше излези момче.. Не ја добивме бронзата,но добивме златна почит.. Четврти во ЕВРОПА!!! Која гордост е да си Македонец!!! Proud to be Macedonian!!
Се наша гордост повеќе од сигурно, подобро што имаме ХЕРОИ, наша НАДЕЖ, наши представници, наша сила, па тоа повеќе вреди од еден златен медал. А да видиме сега Шпанциве што ќе направат. Сакам Франција да победи.
Ќе се молам на Вирхенсита де Гуадалупе за победа на лас побрес кукарачас дел Еспања, порке си признале поштено дека било чест да се игра и совлада тим како Македонија. Е нека станат сега шампиони за да се каже дека и шампионот како Хесус се мачеше да не победи.
БРАВО! Иако не победивме до овде стигнавме! Јас, плачката, плакав малце и се изнервирав, ама најголем успех ни е што стигнавме до овде, и што до последната секунда не се предадовме! Игравме до крај. Ме изнервира Дамјан на крајот, ама тоа е тоа. Така требало да биде. Важно е што учествувавме, стигнавме до овде, во ниту еден момент не се предадовме, бевме добри, кошаркарите го заслужуваат најдоброто! Ние имаме злато за гордоста, за борбеност, за тоа што не се откажавме во ниту една минута, по ниту еден пораз! Добро е, Антиќ ги погоди сите слободни, беше добар, за разлика од претходните утакмици. Мекејлеб, не треба да се коментира, борбен човек, мека рака, се бутка и поентира. Владо, секоја чест, ниту во една секунда на клупа (мислам дека), и добро поентираше! Војдан и Дамјан, добри се и тие, како што кажав Дамјан малце ме изнервира на крајот, ама... Сепак, и да водевме сигурно ќе направеа некоја глупава работа, се‘ со цел да победат. Како претходниот пат. Ама игравме со ,,голема‘‘ земја, и не потклекнавме, не се потценивме пред нив. Тие имаат голема клупа, а ние се‘ истите, и с сите овие работи, ние пак не се откажавме, и за малку изгубивме. МНОГУ СМЕ ЈАКИ! БРАВО ЗА НАШИТЕ КОШАРКАРИ! МАКЕДОНИЈА!!! Вечерва ќе имам кошмари од Кириленко, пинокио. Едит: Финалево не го следам многу, од време-навреме, ама сега се местам пред телевизор. Незнам за кој да навивам. Немам фаворит. Ќе бидам џокер-фан и за двете земји ќе сум.
Koментаторот сега кажа дека Бо има 40 кошеви повеќе од Паркер. Значи ли тоа дека ако Тони на натпреваров даде помалку од 40, Бо е прв стрелец?
Честитки за нашите момци, одлични беа и ни донесоа многу радост. Им посакувам уште мнооогу вакви и поголеми успеси. Русија е спортска велесила, плус е огромна територија од која се избираат најдобрите и им се даваат најдобри услови и мотив. Можеби не сме толку големи територијално, нашите немаат ни петнаестина од условите во кои тие се изградиле како спортисти, но покажавме дека сме достојни да стоиме рамо до рамо со такви репрезентации и фантастично ќе беше ако донесеа бронза, но и вака не губат од својата големина. И дечки аман веќе со тоа дека Кириленко бил грд или не знам каков, па спортист е а не фотомодел и не е достоинствено губење кога немаш за што да му замериш па се фаќаш за нешто што ич нема врска со натпреварот.
На такви златни деца и не им треба бронза Браво момци, не претставивте и повеќе од одлично !! За првпат сите се сплотија заедно кон една цел. Браво за Македонија, убави денови се изминативе за нас
http://mkzabava.com/sport/39-2009-11-22 ... donec.html Ти си веќе вистински Македонец. Најстрашна клетва: да даде Господ децата на Кириленко да ти личат! Спојлер Како ми тргнало со клетвиве..
ААА нели Русите биле прваци,незнаев дека можат да се задоволат со бронза и победа над мала земја со 2 мил. жители и тоа на среќа.Незнаев дека се толку бедни.Браво момци,секоја чест!
Едно огромно БРАВО за нашата репрезентација.Покажаа и докажаа дека иако сме мала држава знаеме да играме,да се радуваме и славиме дури и кога губиме.ОВа е огромен успех за Македонија(иако мене лично сеуште ми е криво).Засчужуваат секаква подршка.