И ОВА Е УСПЕХ.Честитки за нашите репрезентативци,добро издржаа.И 4 место е супер ИАКО НЕ ДОБИЈА БРОНЅЕН МЕДАЛ,ДОБИЈА ЗЛАТНА ПОЧИТ И ДОВЕРБА. БРАВО МОМЦИ :clap
За 2 години, во Словенија. Војдан и Дамјан ќе бидат поискусни. Дарко Соколов. Се надевам дека Бо нема да не напушти, Антич ќе биде тука. Владо Илиевски. Во 2013 медал сигурно не ни бега. Да се надеваме дека во наредниве 2 години ќе се родат и нови звезди кошаркарски, нема да ни е толку кратка клупата. Па ги изморија нашиве па, ние игравме со 12 души, цел терет на Антич, Бо, близнаците и уште 2-3 ца беше. Друго е кога знаеш дека имаш замена уште 2ца. Ова што се случи годинава е само вовед во блескавата иднина на нашите кошаркари. Општо, на сите спортисти. Ни тргна ЛУЃЕ, конечно.
Воопшто не се чувствувам како губитник, напротив, се чувствувам како да добивме златен медал, бидејќи и тоа заслужуваат нашите златни момци
Супер бевме. Т.е. сме. Горда сум на ова што го постигнаа кошаркариве! Многу горда! Мислам дека срцето ќе ми експлодира од возбуда. Цела Европа слушна за нас! Изигравме фер и тимска игра, што е навистина мноооогу важно! Нашиве кошаркари веќе имаат многу фанови (мислам на оние кои навистина ја ценат играта). Сега нашиве кошаркари добија искуство, се надеваме следниот пат ќе бидеме најдобри! И да, Бо ќе биде прогласен за стрелец на Европското првенство, освен ако Паркер не го помине, ама искрено не берувам. Паркер има околу 200, а Бо околу 235 коша. 4то место е супер, треба да сме горди. Можевме да завршиме последни, но се докажавме, без помош од судиите кои се познаваше дека беа против нас. Еј, хеј, главни сме, бреееееј.
Луѓее па ние сме 4то место не ми се верува до кај стасавме. Сакав да освоиме барем бронзен медал но сега па и воопшто не ми е важно.Ова е преголем успех за нас. Браво момци ! И се нервирам кога слушам негативни коментари за играчиве а посебно сеа за Дамјан, ко божем они нешто подобри се од нив. Се надевам дека на Дамјан нема да му биде криво што промаши - се случува луѓе сме. Едит: Читав сега коментари на страната Fiba Europe на фб и има многу пофалби од луѓе од други земји за нашата репрезентација.
Горда сум на сите! Ова е нешто преубавоо за сите нас! Премногу сме задоволни без разлика што не добијаа медал! иииии........ Само да си се искажам колку човеков го обожавам значиии опсесија ми стана..жал ми е што утре нема да бидам Скопје :/
тага...каква тага и за што тага за медал...сто медала да им дадат малку е...нема достоен медал за ова...НЕМА....и нема да има.. ....тие гордост ни дадоа,на карта на свет не ставија.... за тоа има да им го дадеме најскапоценото што го имаме.... ЌЕ ЈА ИМААТ ВЕЧНАТА ПОЧИТ ОД СВОЈОТ НАРОД.... знаете ли деца дека во Хрватска било неверување по поразот, знаете ли дека во Грција буквално полуделе од бес,..прекинале пренос..итн... во Словенија немале зборови да опишат што ги снашло, Русите признале дека изгубиле иако нели победија...... Литванците..па знаете нели неможат сеуште да се соземат...таму тој спорт е религија... знаете ли деца дека во Шпанија било молк на полувреме..МОЛК..ТЕШКА ТИШИНА.. прашувале и прашуваат..па кои се овие бре...од каде се..како е ова можно... ДОКАЖАА ДЕКА Е МОЖНО знаете ли колку значи да се игра без Гечевски.. пр.како да игра Шпанија без Гасол,Русија без Кириленко,Франција без Ноа..... но Гоче за нас е многу,многу повеќе...ви го гарантирам тоа..тој е лидер... затоа ве молам да ги пречекаме како Х Е Р О И...како што доликува.....да се одолжиме на тие момци... и ако можеме да се победиме одвнатре и да не бараме повеќе од она што ни го дадоа и да не заборавиме дека они ни го дадоа своето СРЦЕ... и како што тоа тие го направија за сите нас....така треба и ние да им го дадеме нашиот респект... го заслужија тоа нашите шампиони..да живее МАКЕДОНИЈА....Словенија...ви ар каминг аген..
Шпанците растур направија. Ама добри се бе, нема што, како ја водат играта свака им част. Ама морам да кажам, ние подобро се држевме од Французиве
Ќе беше интересно Бо и Тони Паркер да се видат рамо до рамо Ама ќе се сретнат можеби во некоја наредна прилика А утре ќе има некаква манифестација на плоштад? И од колку?
И те како треба да бидеме ГОРДИ!!! Го гледам финалниот натпревар во еден момент ми се чини Франција губеше со 19 разлика!!!!! Шпанците едвај ги победија нашите , не им дозволивме во ниту еден момет толкава разлика ТОА е за РЕСПЕКТ и поради тоа ги освоивме срцата на цела европа па и пошироко.....Ако самите не знаеме да се цениме никој нема! Утре се надевам сите ке излеземе да ги поздравиме нашите ХЕРОИ!!!!
иначе на плоштад ќе има накај 1ипол ,така се планира,па ќе видиме ,ние идеме сите важно!! мора да се пречекаат
Во 9 ќе имало автобуси, 20, за до аеродром, во 11.30 ќе стигнат во Македонија т.е на аеродромот, потоа со двокатен, ќе кружат низ градот. Инаку, Французите лесно ќе ги победевме, ама ајде, добро е и вака. Инаку Шпанците, доминираат, се изгубија Французите, ги нема. :geek:
Одлични беа, буквално срцето го оставаа на терен, се бореа со сите сили... Тие се нашата гордост, ова што го постигнаа е неверојатен успех. Медалот не е важен... Тие се нашите херои. 4-то место е феноменален успех, и јас неможам уште да поверувам до каде стигнавме... Заслужуваат огромно БРАВО, за се што направија, за се што постигнаа. Сите не направија горди, а нашите срца чукаа како едно, тоа е тоа што е најважно.