http://www.facebook.com/event.php?eid=262065147149780 Еве ја целата програма . Јас сум втора смена и нема да можам на плоштад да идам, ама до Бисер ќе тркнам на пол саат, да ги ѕирнам, после право на школо. Ако видите црна и плава со ранци кај што се бутаат да поминат тоа јас и другарка ми сме .
Ту, Французиве губат,а сакав да ги победат Шпанците, а ако ги нема Наваро и тој Гасол, слаби ќе беа е сега богами нашиве душата им ја извадија на сите таму тешко им било, е тешко е
Французиве да победат?! Горде не ме смеј. Цело време со голема разлика губат ... играта им е млака,ние гарант би ги тепале. Шпанците факт се ептен добри. Само со нас се добро се испотија и се изнамачиа, со другите што играле без проблем ги средиле.
едноо црнче имаме во душата го носиме за никојј не го давамеееее честитоо победаа за нашитее кошаркари ве сакамееее утре ке ги чекаме достоинствено им покажавме на сите кои се MAKEDONCITEEEEEEEEE
Искрено, финалево не беше воопшто интересно. Натпреварот не наликуваше на финале, повеќе беше како за квалификации. Ги згазија начисто. И честитки до Шпанците, барем изгубивме од шампионите
Нашиот Бо е најдобар стрелец на ЕП? Во нашата репрезентација или општо на цело ЕП??? Едит. Само што си го зема пехарот, најдобар стрелец на ЕП...БРАВО МОМЧЕ МАКЕДОНЧЕ!
Многу сум и среќна и горда за освоеното 4то место , но сепак мислам дека можевме и подобро да изиграме но сепак тоа е што е . Ептен сум горда што воопшто стигнавме до овде. Многу ми е криво што прославата ја ставиле во 1 ипол баш кога ми почнуваат часовите, толку сакав да одам на плоштад да ги изгушкам и да се сликам со сите, а сега очигледно ќе дремам во школо освен ако си најдам друштво за бегање. Во секој случај ако не одам , тие феминки што ќе одат да ги изгушкате кошаркарите и од мене!
Шпанциве си победија сосема заслужено. Да признаам, одлична игра. Французите неможеа да се споредуваат со нив. И браво за Бо! Се знае кој е нај нај!
Aj да се самоцитирам. Претпоставував, честитки до нив. Ќе ги стасаме и ние, го имаме нашиот Наваро (Војдан), Гасол (Антич) и Бо. За нас не ни ми се коментира, комплетно се разочарав од нашиов народ кога видов како се плука нашата репрезентација. Секоја чест за сите кои беа исклучок од ова. Бај д веј следното првенство прваци ќе бидеме. Слушајте ми го зборов, секогаш добар прогнозер сум. Едит - Честитки до Бо, душа златна, го зеде нашето знаме.
БОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООО Срце бре, дел од прва петорка. Срце ми се полнеше, па и со знаменце, а и цело време очињата му беа во нашите кошаркари и им го подаде трофејот ко ова е за нив. Секоја му чест! Инаку колку досаден натпревар, се знаеше од 2ра минута кој ќе победи. Реално шпанците се предобри и заслужено се златни. Франција ништо посебно, дури штета што не се сретнавме со нив, ќе беше тоа добра игра. Каде каде понеизвесен и интересен беше нашиот натпревар за 3то место!
Бо е во најдобрата петорка. Не беше тоа награда за најдобар стрелец. Ама многу беше тажен.. Или само мене така ми изгледаше?
Сите наши натпревари беа неизвесни и возбудливи. Башка нашата желба за победа и играта со срце ја правеше секоја уткамица единствена. Ниту еден тим не може да се мери со нас во тоа. Бо душичка, неизмерно ми е мило што е дел од најдобрата петорка