Па добро де, сакав да победат,па не видов до кај се е ако де Џули, смеењето е здравје за човекот ама ко што гледам Шпанциве, победија , а Боки со знамето наше
Срце бе, срце, како да му беше сеедно што освои награда, со нашето знаме на грб . Никој не е подобар од вас ! Вие заедно 12 вредите повеќе од 24 НБА играчи бре еј така да знаете. Каков Наваро, истрениран сам ги дава сите кошови и само тој игра за Шпанија па секако дека ќе биде најдобар стрелец. БО, срце не дека играше за нас, ама ти веќе си Македонец, т.е за Македонија со срце и душа зошто сам си кажува дека се чувствува како дел од нашиве кошаркари, така да ТЕ ПРИЗНАВАМЕ ако си црн
БРАВО за нашите херои! Редно беше вакво нешто да и се случи на нашава држава, го вратија патриотизмот во сите нас! Не направија да се чувствуваме горди што сме Македонци, направија нашите срца да чукаат како едно, не обединија цел македонски народ, да заборавиме на лошото за некое време и сите заеднички да се радуваме. Срца македонски, пееја и кога претрпеа пораз, станаа омилен тим, и не направија на сите барем малку да ни се појават солзи во очите од радост. Секогаш ќе бидеме горди на нив, и не треба да им биде мака и да се чувствуваат лошо, бидејќи беа прекрасни, па кога ќе си дојдат уште еднаш да прославиме заедно. Се надевам дека барем некој ќе прочита дел од коментариве, да знаат колку ги обожаваме, и дека ниту за момент не престанавме да веруваме во нив. П.С Не можеш да не го сакаш овој Бо значи
Нашите како и секогаш го остави срцето на теренот и се бореа лавовски.. Пуста среќа ги прати тие Русите бре.. Подобри беа во скоковите.. секогаш топката кај нив.. Многу ми беше тешко во последните минути од натпреварот.. посебно последните 4 сек Русите водат а јас уште полна со надеж..Ми идеше да се исплачам пред сите Дамјанче.. срце иако промаши НАЈДОБАР СИ!! МОМЦИ ГОРДИ СМЕ НА ВАС ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ...! ВЕ САКАМЕ МАКЕДОНИЈА
All Tournament Team: Tony Parker Bo McCalebb Juan Carlos Navarro Andrei Kirilenko Pau Gasol Како што кажа Ким, неможеш, а да не го сакаш! Ептен мил човек. Ама она со знамето беше црешата на тортата. Да се знае бре, за кој се бори он! Не како оние загубени во простор и време! Најдобри сме, какви Шпанци, какви Руси, какви бакрачи. Само МАКЕДОНИЈА, има да се знае! Едит: потписот и аватарот не ги менувам, за најмалку 2 месеци!
Кога го видов Бо како се наметнува со Македонското знам толку ми се исполни срцето што дури и една солза радосница ми се сткали по лицето.Цар е човеков
Покрај СФРЈ, СССР, Литванија сега и Шпанија се запишала освојувач на два пати едно по друго европски шампионат. Нели ова кажува се ... А бре југословенска почва вади најдобри од секогаш. И плус во првите осум се и Србија и Словенија. Што повеќе од ова?! Да не забораваме дека сме биле јака сила во тимски спортови секогаш меѓу првите и први многу пати со југословенските состави. Ете од тука излезени се сега иако поделени бившите југ. тимови да ја продолжат традицијата, ание сме едни од нив моментално најдобри. А за Бо знаев и ептен ми е ќејф и радост за наградата. Јас би му дала и МВП, ама морало од финалниот натпревар да се одбере Браво момци македонци, наши херои и обединители! Од срце за 2 милиони срца игравте! Тоа го признаваат сите кои учествуваа и го следеа Европското првенство.
Абе Наташа насмевката не ги прави подобри или помалку добри кошаркари(или спортисти), таа само им отвара широки врати кај навивачките и оние што пратат спорт(од женската публика) и можност за ругање секако доколку им е грда или целосно се грди на пример како Кириленко, ама тоа што е грд не го прави полош кошаркар(само му дава плус причина да биде пцуен од неговите противници) што е уште полошо од противничките навивачи е мета на ругање(без разлика дали е тоа резултат на незадоволство од исходот на играта(пораз))
А некој да ми објасни како ќе биде за Олимпијада http://kurir.mk/sport/kosarka/42701-Mak ... ta-petorka
Слушнав дека Шпанија биле и светски прваци . Ги победиле Америка? Можеби. Сепак нека им е честито победата. Колку и да ги мразиме, тие одиграа тимски и тоа ги одведе кон победа. И браво за Бо кој исто така е на листата за најдобар играч на ова првенство.
Чекајтее!!! Холд д фоун! Нели Бо и официјално беше најдобар МВП играч на шампионатот? Од каде по ѓаволите излезе Наваро?
Бо е нашето злато. Само тој излезе со македонското знаме. АМа да се најдеш меѓу Паркер, Гасол, Наваро и Курваленко дефинитвно е нешто најдобро. Честитки црнче, најдобар си мен. Ми беше жал што нашиве не беа таму, зашто дефинитивно заслужија. Кога победија Шпанците сега, како да го немаше оној дух, како кога нашиве победуваа, славеа заедно со навивачите,а овие Шпанциве сами си славеа. Затоа Македонците беа омилени таму.