Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    http://kurir.mk/sport/kosarka/42702-Dir ... ot-vo-2013

    И не сме биле добри |( |( |(

    Убаво ќе беше да се вратиме со медал, но и без медал сите сега знаат за Македонија, сите заедно наиваа, сите се горди Македонци зарем треба нешто повеќе :^)
    За 2 години ќе бидеме дека- дека подобри. :)

    И честитки до Шпанија, пак се праваци.
     
  2. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Честито Шпанија, убедливо најдобри сте нема тука што. Како ја водат играта свака им част, колку лесно кошеви даваат, тој Наваро значи мижечки, во скок, правејки ѕвезда ке даде кош... опулена гледам у телевизорот само за да го начекам Наваро да утне :evil: не е нормален значи.. ама општо сите играа... немам зборови браво :x

    Што се тиче нашите, без разлика на се горда сум јас на нас, прекрасно игравме и добро се покажавме.
    Според мене ние сме на 2рото морално место, и требаше да бидеме 2ро место. Со Шпанија немавме шанси тоа е јасно, али Русија можевме да ги победиме а богами и Франција.
    Да не не победија педерски првиот пат Русите, ке игравме со Србија и парче ке ги направевме, и потоа со Шпанија во финале и ке изгубевме и ке бевме реално второ место.
    Русија не победија во последните 10 секунди, а на Шпанците добро им се стресе газот кога ги водевме на полувреме. А Франција мислам дека воопшто не водеше, подобри сме ние многу од Французите. :)
    Велам јас, второ место, второ!!

    Иако морам да признаам, не ми е криво што изгубивме од Шпанците, неможе преку леб погача, но криво ми е што изгубивме денес, а можевме да ги тепаме..

    Сепак успех е што убаво им ги стресовме гаќите на Русиве, одвај успеаа да извадат жива глава :) :)

    БРАВО МАКЕДОНИЈА!!
     
    На julie77, eutixismena и dancing.queen им се допаѓа ова.
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Секако дека сме добри и без тој бронзен медал :clap:
    4то место ЕП, ова е најголемиот успех за Македонија, треба да сме горди што сме достигнале и до овде..
    За 2 години ќе бидеме далеку подобри, секако!
    Честитки за Бо нашиот МАКЕДОНСКИ шампион! секоја чест :l:
     
  4. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    И јас се зачудив до вчера стоеше на википедија дека е Бо и денеска проверив беше тргнат натписот ц ц ц
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.234
    Допаѓања:
    67.740
    Пол:
    Женски
    Не беше точна информацијата, не е можно да се прогласи MVP пред завршување на турнирот :lol:
     
  6. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Честитки и огромно БРАВО за Бо,заслужи .И браво за тоа што излезе со македонско знаме на терен
     
  7. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    На Buttterfly, la-chicka, sweetyears и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ајдее одвај чекам утре да ги пречекаме со топли прегратки! :inlove:
    и
    [​IMG]
     
    На la-chicka и eutixismena им се допаѓа ова.
  9. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Знам дека сме морални победници,дека реално требаше ние да сме втори,дека за Македончето нема правда и дека парите го вртат светот. Не можи никој да ме убеди дека Русите немаа платено. Кој страм ќе беше да изгубат од Македонја. Кога ќе размислам какви земји се тие,а каква малечка земја сме ние со 4то место сум прегорда Македонка. Немојте да ме сватите погрешно,нозете ќе му ги бакнувам на сите 12 мина,ќе му се поклонувам до земја. Ама се гледаше дека судиите беа платени. А, таму каде што владее парата,џабе е играта.
    Многу ми е жал за Дамјан. Колку ли му беше тешко. Цела Македонија мајка му пцуеше. :x
    ;( ;( ;( Сакам да ги пречекам утре,која раост и еуфорија ќе биде тоа,ама не е до мене,некој над мене наредува :@ И Гечевски повреден не играшее....Сакам да ги изгушкам сите до еден,поради тоа што вака ја сплотија Македонија,ова го немам доживеано во моиве 16 години. Се разбуди она Македонското во сите.

    Ај да завршам со постов бидејќи реченициве што ги пишувам немаат врска меѓу себе. Солзи имам во очиве.

    http://www.youtube.com/watch?v=lhIIKzVmoYU
     
    На eutixismena и Hiii им се допаѓа ова.
  10. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    На злато бронза не се става!
    [​IMG]
    Ти ни вредиш најмногу. :inlove:
     
    На joelle, la-chicka, SuperGirl2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Заплакав кога изгубивме..Не зошто не сум горда на нив,не зошто не сум задоволна со 4то место,туку зашто заслужија момците да се закитат со медал!
    Кога изгубивме од Шпанија реков дека ми биде страв да не се обесхрабрат нашите,а токму тоа се случи во првото полувреме т.е. во првите две четвртини.Ја немаше онаа борбеност,јас гледав само страв и несигурност,збунетост во тие минути.А ко за беља нашите навивачи слабо и ги бодреа.
    Секако дека се повратија во второто полувреме.Нашата одбрана се поврати,бевме на она наше ниво,токму таму кај што веруваат во себе,без никаков страв во противникот.

    Дамјан е премногу млад играч,без доволно искуство,и воопшто не ме изненади онаа негова трема и ни најмалку не го обвинувам.
    Па овие дечки играат во дуел со нивните довчерашни идоли.Оние чии снимки ги прегледувале за да научат нивни техники!А денеска се борат со нив и ги победуваат!
    Кога браќата Стојановски,Самарџиски,Мекејелб,па зошто не и Соколов и Симоноски,
    ќе бидат на врвот на својата кариера сегашните прваци како Наваро,Пау Гасол ,Кириленко..веќе ќе бидат во пензија.
    Тие допрва треба да го стекнуваат своето искуство,да ја градат својата кариера да стекуваат успеси!
    Горда сум на нив и на нивната пожуртвуваност!
    Им благодарам на среќата која ми ја пружија овие денови,им блгаодарам што ја обединија Македонија како никогаш досега!

    Со повеќе искуство,играчи и среќа во Олимписките игри,и секако во ЕП 2013!
    Срце,храброст,пожртвуваност и борбеност имаме доволно!
    Се надевам дека до тогаш ќе бидеме развиена репрезентација,со добар буџет,спонзори и подршка.. :^)

    Среќна сум за Мекејлеб кој влезе во ДримТимот,жал ми е за што не го избраа за МВП исто жал ми е за Антич, но очигледно беше дека нема да стават за МВП играч кои е во тимот на четврто место,или пак да има двајца во ДримТимот..
    Срцка каков беше со знамето...да ти иде да го изагушкаш :D. Уште повеќе што беше видно разочаран ради поразот..
    Утре се надевам ќе им ја оддадеме сетта можна поддршка,за да видат дека воопшто нема за што да бидат разочарани!
    И едно големо УА за организаторите,можеле главната прослава покасно да ја стават! :devil:
     
    На Buttterfly, starbucks, IndieGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  12. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    едно големо браво за бо,што излезе со македонското знаме!!! :clap:
    нашите кошаркари постигнаа огромен успех,и треба да бидат дочекани како херои..навистина жалам што нема да сум утре во скопје.гушнете ги и за мене. ;)
    никој не го очекуваше овој успех и самите тие беа запрепастени од ова што им се случуваше.сепак го немаме искуството и спремноста што ја имаа другите екипи,но игравме од срце и душа и докажавме колку сме јаки,во 2013-та има да ги скантаме,европо чувај се :rock:
     
    На Shana и esperanca им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    [​IMG]

    И Тонка ко да сака наше знаме :lol:
    Толку ми е срцка, смирено мирно ова малецково Бо, да би сакала братче да ми е.
    Не знам зашто повеќево кошаркари иако се сексипилни би сакала да ми се БРАЌА, не ги гледам ко мужишта за у кревет! Ич не ми е гајле кој со која иде, нека се среќни вљубени и успешни и понатаму.


    И ја измиксале Излези момче право на тараса :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... dnWaXjEVN0
     
    На Name, girl.23, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Нашиов пораз ќе го препишам најодговорно кажано на ПРЕГОЛЕМИОТ ПРИТИСОК што им се создаде . Знаете ли како им беше ? !
    Играат со цело срце од срце за Македонија . За историја ... Прво се беше опуштено без очекувања без притисоци . Медимуската прашина се крена толку многу што никој ни за миг не помисли еј како им е.
    Колку од нас се запрашаа дали ќе го земат медалот бронзата , дали можат ? ! Не говорам за квалитет кој е неспорен и докажан туку за замор , притисок еден фактор речен СРЕЌА ... ?
    Туку сите идеме на ПОБЕДА !!! алеале цела Македонија слави , државниот врв им честита , фешти низ цела земја , тие се прогласени за ХЕРОИ не дека не се :!: да се разбереме ама ПРИТИСОКОТ на грб беше преголем . Тоа не се НБА играчи тука 70 % се 23-25 кои до вчера играле МЗТ !
    Искрено јас која тооолку тешко плачам . Пуштив солза не поради поразот поради тоа што НЕ ГО ДОБИВМЕ ЗАСЛУЖЕНОТО !!!
    Ако некој тоа го заслужи тоа бевме ние .

    И не не можам да славам 4 место не дека не е добро одлично е ама не и за нас , не не и не !!! Заслуживме повеќе едноставно кажано .
    Како и да е , со нив треба да сме и во добро и во лошо и искрено се надевам дека одсега па натаму ќе имаат ДОВЕРБА И ПОДРШКА од сите нас макар биле и ужасни во тоа се познава лојалноста .

    Како и да е утре јас барем ...
    Одам да ги славам нив , нивното дело , да им честитам за се што сторија да знаат дека не беше залудно дека го ценам тоа . А со моја почит планирам да им покажам и докажам .
    Не одам за пласманот тој моментално како 4 ме е небитен . Знам кај требаше да бидеме ама нажал не сме ...
    Одам да ги славам хероите и да се дерам на цел глас .

    Заслужиле и моја солза , и мој аплауз и моја подршка повеќе од било кој ...
     
  15. Glare

    Glare Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Многу ќе ми фалат. Многу ќе ми фали таа среќа и радост што ни ја подарија. Се надевам дека ќе бидат пречекани како што им доликува и премногу жалам што немам услови да бидам таму утре... Тие го заслужуваат најдоброто!
     
  16. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Абе леле со овај Кривиленко ја претеревате со демотивацииве, па ќе ми го руши екранов од грдосија, не за друго.
    И сигруно претходниците се горди на нашиве кошаркари, а богами и следбениците треба да бидат !!!
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Стварно секој трет коментар е демотивација и тоа истата таа што ја има и на претходната страна а и на претходната и претходната ... а и истата ја имаат лајкнато 80% од пријателите на фб.

    Иначе за ова горди претходници... не знам мож сум спомнала дека сум од кошаркарско семејство и чичко ми кој им бил тренер на пола од репрезентативциве во младоста (тренира јуниорци и кадети најчесто) плачеше т.е липаше од среќа кога влеговме во полуфинале, не можеше да поверува дека тоа неговите момци го остварија. Баш прееска зборевме и рече колку и да сакаме медал, убаво е стварно и да сме самокритични но не и навредливи, ние сме мала нација, не многу висока, со мизерни услови за тренирање, имаме одлична сала од пред 2 години, претходно најголемата сала која немаше парно беше за 1500 луѓе, а останатите сали низ другиве градови се КРШ невиден. За малку ќе ни се распаднеше лигата пред 2-3 години зашто немаа пари, во последен момент беше најден спонзор и почна сезоната, но токму нашиве скромни кошаркари докажаа дека може да се игра добро и без совршени услови, дека можат да се рамнат со кошаркари кои вредат 100тина милиони евра.
    Не паѓаат пари од небо, не паѓа злато од небо, туку се освојува, а ние ќе се потрудиме со повеќе тренинг и подобра игра тоа да го направиме за 2 години ;)
     
    На Lux, Hiii, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  19. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Добро ај сеа што напнаа сите со Кириленко..луѓе дајте малце сенс..ОВА НЕ Е НАТПРЕВАР ЗА УБАВИНА | Секоја чест за кошаркарите, жал ми падна зошто заслужија медал, но разочарана не бев во никој случај!
     
  20. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Добро бе народов дали при здрав разум плука по момциве што не успеале да земат медал???? :fubar: :fubar: :swear:

    Значи вака:

    Бо наш е најдобриот стрелец на европсково првенство. :bow: Цар!
    Македонија која што сите ја сметаа за најголем аутсајдер е на 4-то место над една Србија, над една Грција, над една Литванија...
    Момциве се оставија на терен, се оставија...
    ... и уште некој си зема за право да плука врз се ова? :x
    :swear: :swear: :swear:

    Утре се друго ми е небитно, на плоштад мора да се оди, да ги пречекаме момциве најдостоинствено зашто стварно заслужија! :bow:
     
    На GarpovaV, macysh, Hiii и 3 други им се допаѓа ова.