ТАЖНИ ЛУЃЕ КОИ НЕ ЗНААТ ДА СЕ РАДУВААТ Соросидите против кошаркарите Видете, спортот е супер работа и навивањето и победите. Ама да наречеш некого херој и да дадеш медаља за заслуги за народ???? - стои на профлиот на Најчевска Еуфоријата од успехот на македонската кошаркарска репрезентација која ги зафати граѓаните прескокна една мала група "интелектуалци", кои деновиве очајнички се обидуваат да го деградираат успехот на нашите спортисти повикувајќи се на наводното фашистичко значење на навивачката песна "Излези, момче, право на тераса". На нивните профли на социјалната мрежа Фејсбук може да се видат статуси во кои тие тврдат дека навивачката химна е малоумна и дека навивачите, а и воопшто сите луѓе кои ги слават победите на кошаркарите со оваа песна, се шовинисти, хулигани, нацисти, збунети или подведени. Очигледно овие докажани и проверени експерти во дузина полиња, набрзина докторирале и на темата навивачка супкултура, а во меѓувреме посетиле и десетина натпревари заедно со неколку гостувања на гостински терен. Нивните тврдења предизвикаа лавина реакции на Фејсбук, а во коментарите може да се забележи дека преовладува мислењето оти тоа е глупост и провиден обид за нарушување на победничкиот метнатлитет и патриотската еуфорија која ја зафати државата. - "Излези, момче, право на тераса" е шовинистичка, неонацистичка и малоумна навивачка химна. Таа е одличен начин да покаже колку сме забегале и кој се е врзан во навивачките групи коишто ја срамат државата и го намалуваат впечатокот што спортистите го оставаат, вели во својот статус експертот по сите прашања Роберто Беличанец. Ништо покуса не е ни поранешната претседателка на Хелсиншкиот комитет и експерт за човекови права", која тврди дека нашите кошаркари не се вредни за награди. - Видете, спортот е супер работа и навивањето и победите. Ама да наречеш некого херој и да дадеш медаља за заслуги за народ???? - стои на профлиот на Најчевска. Тука негде е и Жарко Трајаноски, кој пак во три реченици го објаснува животот и делото на Гоце Делчев и грешките во тезите на навивачката химна. - Гоце Делчев бил социјалист, а не национал-социјалист. Гоце го разбирал светот како поле за културен натпревар, а не како поле за шовинистички натпревар. Меѓу народите, не меѓу расите, пишува Трајаноски. Во одбрана на нивните тези е дописничката Тања Милевска, која смета дека целата еуфорија е вештачки продуцирана и дека е пренапумана. Таа повикувајќи се на своите искуства во странство, каде е и во моментот, тврди дека на пример во Франција по секоја победа на нивниот национален тим граѓаните се радувале по две минути, а прилозите на вестите не биле подолги од десетина секунди. Во врска со македонската кошаркарска репрезентација Милевска тврди дека нашите херои не биле доблесни оти не се понудиле паричната награда од Владата да ја понудат како инвестиција во Македонија. Таа веќе неколку пати го стори тоа со својот дописнички хонорар... Последна, но не и најтивка е поранешната новинарка во А1, Билјана Секуловска, која во својата колумна во еден дневен весник, вели дека навивачката песна е "фрустрирачка и недоволно амбициозна за оваа раса над расите", "Гордоста на нашите кошаркари ја помати едно друго разочарување, песната посветена на победите". Само за илустрација, победата над домаќинот Литванија, по кој договорено или не, почнаа да никнуваат овие статуси, ја прославија над 50.000 луѓе на плоштадот во Скопје, но и на плоштадите во сите градови во државата. Славјето продолжи и по херојската борба со шампионот Шпанија, но не и кај оваа "елита", која со несмален интезитет продолжи со своите јадикувања по социјалната мрежа. За нив, спорната песна "Гоцева раса" е самопрогласена навивачка химна и постои веќе 25 години, а зад оваа песна стои навивачката група "Комити". Песната ја пеат безмалку сите македонски навивачки групи на секој натпревар на државните репрезентации во кошарка, фудбал, ракомет. Едит: Баците го Самарџиски од мене
Да не ја рушиме еуфоријата со изјави од вакви амеби. Кој им е крив што незнаат да кажат нешто паметно, па мора да трескаат глупости за да бидат забележани на некој начин. Ваквите што се водат според големата мисла "секоја реклама е добра реклама" не заслужуваат да ги читаме, а камоли пак коментираме во вакви моменти. Да си уживаме во победата наша, а они нека си мрчат и нека си тераат со огорчениот живот Инаку секој светски новинар има само пофални зборови за нашиот тим, никој друг тим оваа година не е толку фален и величен како нашиот, дури ни самите шампиони го немаат тоа внимание....ама еве нашиве паметњаковичи не просветлија
Македонска кошаркарска репрезентација ВЕ САКАААААААААААААААААААААААААААААААААМ !!!!!!!!! толку од мене
Од постот на Старбакс ми падна во очи дека победите на Франција биле славени по 2 минути и одвоено време од вестите било 10 сек. Ние не сме Франција. На Франција тоа и е речиси секојдневие,што не може да се каже и за нас. Ова е успех и заслужена е целата еуфорија. Трагино е што мешаат политики, граници, баби и жаби. Јас славам, за друго не ми е гајле. Па дај видете ги момциве колку се среќни што имаат ваков пречек, иако не донесоа медаља.
Леле сега пуштив да видам каква е атмосферата на плоштад и преубаво е И песните, и луѓето, среќата на лицата на кошаркарите- почнаа солзи да леат по моето лице. Солзи радосници, солзи на гордост. Горда сум на овие момци, горда сум што сум Македонка, што овие момци направија повеќе од било кој амбасадор, министер или дипломат. Тие на најубав начин покажаа која е Македонија, и каде е Македонија Браво . Мој поклон
Од секогаш сум била горда Македонка. Но ова е врв. Секоја чест. Се расплакав од среќа. Среќна сум многу што сум МАКЕДОНКА. П.С. Не ја има секој таа привилегија да е македонец
Колку убав пречек, толку многу луѓе и емоции, јас му мафнав на бусчето, помина покрај мојата зграда! Жално е што се меша политика, баба и жаби, ним им е платено да кажуваат лаги со малите испрани мозочиња, очигледно јадењето гомна за сопствената гордост го прават без пари! Да не им дозволиме да ни ја уништат радоста и прославата! На кој не му одговара и не му се допаѓа - бујрум, има доволно место на градските гробишта. Моите роднини се дојдени од уџум, само за да ја вкусат атмосферата на плоштадот, која ние ја уживаме недели наназад... Тоа е Љубов.
Јас на работа ја пуштив прославава, со колегиве баш сега коментиравме колку е само прекрасно вака, Македончето да покаже колку навистина значи сето ова. Сите честитаа, сите рекоја секоја чест. А мене како ми е? Мене уште не ми се верува, се штипам за да се уверам дека не сонувам. Не ги жалам ноктите што заминаа Не ги жалам гласните жици на кои му требаа доста чаеви и многу мед за да се залечат после натпреварот со Грција. Не ги жалам ни чашите што ги скршив од среќа Ниту времето кое го поминав гледајќи и навивајќи. А најмалку од се ги жалам парите што ги дадов по дресот, знамиња и вакви работи. Секоја чест, алал да им е, да даде Бог вака да биде и на следното првенство во Словенија, да ни се вратат како прваци.
Де бре пишете нешто, сакам да ве читам или и вие сте без зборови јас можеби 10 пати отварам да пишам и не можам, луѓе срцето ќе ми пукне од среќа, па кога го слушнав Илиевски што кажа, па Бо, па Антиќ, па Докузовски- ама сега кога почна да пее Калиопи се тресам мислиш треска имам и солзи уште ми течат, не можам стварно да го опишам тоа чувство, ама преубаво е, колку сакам да сум сега на плоштад би ги изгушкала сите луѓе таму- толку ми е мило што конечно сите сме едно, што не се делиме партиски, што сите сме среќни... Сакам ова чувство да трае
Ова денес никој друг не го може! Само тука виреат емоции... величенствено! Нека гледа цел свет што можат и што прават македонците искрено од СРЦЕ! Ми е жал бре преморени се, уште толку ги преморија
Jас немам зборови,не знам како да ја искажам оваа срека ги гледам дури од овде,не мрднав цело време,прославуваме како да сме победиле Cрцето ми се полни,абе што бавча ми е
Ова не остави без зборови, син ми се чуди зошто ми течат солзи, а не сум тажна . Неверојатни чувства ни подарија, одамна не сме навивале на глас вака, со толку елан, буквално како најблиски си ги сакам . Срциња наши, се бореа како лавови, не направија горди како што не сме биле... па не памтам од кога. И како се вели, ај па следниот пат со медали да ги пречекаме
Прекрасен дочек, го гледам на телевизија, цела се наежив кога ги видов сите со насмевки на лицата. Среќни се они, среќни сме ние. Баш е убав овој ден, ма како убав, најубав е Браво момци, вие заслуживте ваков пречек.
Јас само се ежам од преска. Никогаш толку не сум сакала да бидам на некое место како што сега сакам да сум на плоштад Уште повеќе сум среќна шо ги гледам вака и нив среќни, душички тажни биле синоќе ради поразот, не биле ни свесни дека се наши победници и шампони
Имаме злато, не ни треба бронза - златни се нашите момчиња, а на злато броза не се става!!! tp://www.demotivacija.mk/imame-zlato-ne ... 30453.html Ех, толку сум емотивна што си заплакав гледајќи во телевизоров. Ах, колку сакам да сум таму. Ако не друго, барем Илиевски и Мираковски да дојдат во Струмица, барем нив да ги видам, ако не другите. Бо го гледам и суперски е бре, пак со знамето излезе. За Антич, близнаците, немам зборови. БРАВО! И Дани, те молам доста со песнава, што сакаш уште? Па веќе се дозна кои сме и што сме и колку јаки сме!!!
Леле Македонијо, што направивме? Никогаш, ама никогаш нема да ги заборавам овие дваесетина денови, а посебно овој свечен дочек на кошаркарите. Колку само ми е криво што сум далеку од Скопје. Со другар се враќаме од училиште, а јас и се јавив на сестра ми (која беше на плоштад) и едно пола час слушавме како сите ги поздравуваат кошаркарите и ги скандираат нивните имиња, како се пее и како сите срца чукаат заедно. Им симнувам капа. Немам што повеќе да кажам.
Ах чекав и ги дочекав пред Бисер, атмосверата беше луда и најлуда, позитивна енергија прштеше на сите страни, особено кога се доближи автобусот уф ми се плачеше од радост , а тие срциња весели како пееја ми идеше сите да ги гушнам , абе како да не ги дочекаш кога заслужија! еве дел од атмосверата во Аеродром: НАШИТЕ ЛАВОВИ!!! ЗАСЛУЖИЈА ВАКОВ ТРЕТМАН!