Аххх го обожавамм Бо...многу ми е жал што не го видов во живо а денеска имав прилика но немав друштво со кој да отидам Инаку се расплакав додека гледав мал дел од атмосферата на плоштадот...ми се допадна тоа што го рече Докузовски(или како и да се вика не ми одат имињата ) дека сега не им е потребно никакво злато откога видоа како ги пречекавме тука во Македонија И уште еднаш да кажам дека полудев по Бо
Што и да кажам, ќе се повторам. Со ризик да бидам поистоветена со Јонче Христовски и њуму сличните (нека му е лесна земјата) едно нешто ќе ви кажам - овде, моментално ви паѓаат сите муабети за брзањето у Европа. Европа? Европа може да учи од нас што значи тоа да има народот срце и душа. Познавате уште некоја земја каде што се пречекуваат царски и кралски кошаркари за освоено 4то место? Јас не. И не ме ни интересира. Наидував на чудни прашања од луѓе неМакедонци. Абе вие таму брливи еј, не сте нормални. Нормални сме и те како батко, вие не сте нормални што не можете да сфатите толку обична а прекрасна работа како несебична љубов, радост и емоција. Браво Се наежив денес по не знам кој пат и жал ми е што не бев заедно со сите луѓе на плоштадот за да можам да го доживеам сето тоа во 3д. Но верувајте и вака е повеќе од посилно. Баш сум горда. Безрезервно.
Ги сакам бе. Точка. Преубави ми се. Насмеани, мили, златни деца !! Лепотани !! Сите од еден до последен. ЗЛАТНИ !!
не му направија чест на Бо требаше да му дадат и тој нешто да каже и така ништо не разбра од тоа што го кожаа ама сепак публиката викаше Боо Мекелеб
Гледате каква презентација ни направија? Сите слушнаа за нас. А не со спотот т.е. рекламата на Милчо Манчевски за 1000евра. Море, остај другото, ами нашите кошаркари си беа најлични - што е право, право си е. Другите беа како дамла да ги удрило, како од гроб да излегуваат, посебно кириленко. Не можам, а да не ги сакам, едноставно не можам!!! Срце не дава бре!
КОЛКУ БЕШЕ ПРЕУБАВО НА ПЛОШТАД И СЕКАДЕ НИЗ СКОПЈЕ!!!!!!!!!! Несакав да си одам едноставно,барем да ги фатев за рака бе! ту! х) за малце најзадоволна сум што видоа дека не сме тажни и разочарани после поразот ,и дека ги развеселивме, и да знаете дека сме најгорди на вас! МАКЕДОНИЈА
Како само посакав да сум денес во Скопје, ама ништо за жал. Го следен преносот на сител и како најголема плачка се изнаплачав, но од радост и возбуда. Треперев цела, самата неможев да поверувам дека тоа мене ми се случува, пошо не сум многу по спортот (порано воопшто не ги ни гледав). Браво и за ова до сега (но сепак им посакувам повеќе среќа за следниот пат). БРАВО МОМЦИ цела Македонија е горда на вас, премногу ми е драго што сум македонка.
Само што се враќам од поштад, атмосферата беше лудило. Се испековме на сонцето, гласот го изгубив ама сето тоа вредеше. Како што кажа Антиќ секој кошаркар сонува за ваков пречек, јас дури и од предавање избегав за да ги пречекам ѕверовите и не знам дали повеќе вода од мене се цедеше или солзи, ама чувството кога излегоа сите на сцена беше неопишливо. Уште сум возбудена, поздрав до сите ГОРДИ МАКЕДОНЦИ!!!!
До сега бев на плоштад и морам да ви кажам-атмосферата беше феноменална.Сите заедно со нашите кошаркари, пеевме во еден глас... Ги дочекавме, се буткавме за да ги видиме, им се поклонивме и со нетрпение чекавме да чуеме што ќе ни кажат...Беше предобро Да знаете дека поубави се во живо, отколку на тв.. И најмногу ми се свиѓаше тоа што го кажа Докузовски-Кога изгубивме вчера многу ни беше жал, затоа што не можевме да ја видиме атмосферата тука.А сега видовме и не ни треба медал, вие сте нашиот медал
Бо пак бил со знамето и бил многу срамежлив, каков дечко сме ќариле да игра за нас, ептен ми е ќеиф . Пречекот лудило, така се гради нација и преку вакви успеси.
Да се пофалат Русите, ла кукарачите, французите ..... кога вака ќе ги пречекат Јас не сум од Скопје и немав шанса да отидам, а да имав веднаш ќе појдев. На 7ми час кај нас во училница се гледаше на нет пречекот. Па дома догледав, се ежев на секое зборче. А Антиќ најопуштен ми беше. И преку глава ми е више од некои што мрчат дека сме изгубиле
Само што се вратив од плоштад и навистина беше феноменално дури и бебенцево во стомаков се радуваше заедно со целиот народ на Македонија. Така треба само да се радуваме па ние тоа и го заслужуваме Барво момци заслуживте ваков дочек, а навистина ми е жал што останатите не можевте да присуствувате
Преубав беше пречекот на нашите кошаркари, се наежив кога го видов народот собран,сите весели, насмеани, си се расплакав прееска неможев да издржам таква позитивна енергија, едноставно нешто што не може да се опише со зборови, освен да се доживее Прееска, нормално од радост,луѓе брзаа накај плоштад да ги видат нашите, ќе ме прегазеа ама и јас ги видов танана Антич, Самарџиски, ах ама си се израдував како и да е , дај боже да има вакви убави работи често, а во иднина нашите кошаркари да досредат работа Луѓееее шо направивме? Ршум низ Европа, сите не дознаа
Може ли некој да ми каже што велеа кошаркарите? Баш тогаш не гледав Нешто ве прочитав ама... Или нешто реприза, ова-она дали ќе има и кога, и каде, и зошто? :geek: Ви ги читав коментарите, малку и на ТВ на Сител дадоа сега пак и заплакав...