слушнав нешто мајка ми, ми вика сега ќе имало интервју со мекејлб во 7 на канал 5 ,точно е или? знае некој нешто ?
имам една иницијатива ако ја прифаќате се разбира во нивна чест да ги промениме сите своите аватари со нивни слики,....па да имаме и ние свои пречек
знам дека на многумина ви е сменет ...ПА ВИЕ МИ А ДАДОВТЕ ИДЕАТА-МОТИВИРАНА ОД ВАШИТЕ ПОСАКАВ СИТЕ ДА ИМАМЕ
Оф-топик но сега гледам и на РТС слават исто, ама за златен медал од Европско првенство по одбојка!!! Браво!!! Денес Балканот слави!!! Се во знак на спортот!
И јас баталив и школо и се и отидов на плоштад. Иако се препотив и ме избуткаа многу луѓе си поминав прекрасно. Ми се плачеше кога ги гледав сите како се радуваат, многу би сакала почесто вака да се собираме сите. Бев подалеку и не можев баш да ги видам сите ама важно Војдан и Дамјан ги видов . И после тоа настана огромна бутканица и немаше теоретска шанса да одам да ги изгушкам за жал. Срциња се сите, многу ги сакам!
Еве сите што прашуваа кога ќе има реприза сега кажаа на сител, одма после кога лисјата паѓаат ќе оди 60 минутна емисија со што се случувало на пречекот!
McCalebb солзи ми дојдоа од среќа! Колку сложен тим се! Браво, секоја чест за момциве наши! http://vimeo.com/29262395
Луѓе не сте свесни што значи овој успех и овој дочек, сите деца од мало само кошарка играат БРАВО ЗА КОШАРКАРИТЕ (тие како Роберто јас го знам и него како дете за ништо не го бидува па мора од нешто да јади леб ама понижувачка професија одбрал)
Знаменце си испринтав и го закачив на компјутерот на работа денес. Неупатените ме прашуваа Is it independence day in Macedonia? Во овие моменти се осеќам толку далеку, а толку дома. Да им покажувам на колешките денес слики од пречекот а да сум со душата таму, со вас. Да работам како навиена цел ден а да си пеам во себе Македонија але але але! Колку се гордеам на кошаркарите, ми се чини се гордеам уште повеќе на народот што излезе да ги пречека на ваков начин.
Сега гледав на вети атмосфера и на плоштад и на аеродром, зашто дојдов долку касно во школо, ќе си избегав и на плоштад ќе отидев Ама ај барем ги видов, па сега што е тоа е.
Штета што неможев да одам на плоштадот но ги гледав од дома и неможев да се воздржам а да не заплачам .. вакви денови ке бараме сакам секогаш да сме така среќни и обединети без политики пцовки и расправии ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈААА!!!
Одамна не сум се почувствувала вака исполнето и гордо! Околу 100.000 луѓе во еден глас ги скандираа имињата на нашите херои! Никој не ги тераше,сами сакаа на топлото сонце да дојдат да стојат со часови и да ги пречекаат кошаркарите кои мене ми го проредија најубавиот септември во животот! Ви благодарам дечки и се надевам дека ова ќе биде голема мотивација и за останатите спортисти да прават големи успеси во колективните спортови! Убаво беше додека траеше...посакувам уште!
Се извинувам, не ги читав претходните постови, може некој има веке пишано.... Дали знаете кои се дечките што свиреа на тапани кога пристигаше автобусот пред триумфалната капија? Имаа уште еден перформанс на сцена со ксилофони и тапани. Одлични беа! Благодарам
Ми се плаче гледајќи ги видеата од пречекот. Уфф колку сакав да бидам таму. Ви завидувам на сите што отидовте и им одадовте почит на нашите херои.
Многу ми е криво што не беше на плоштадот многу било убаво, прекрасна атмосфера и да виде светот како се пречекуваат Македонски репрезентативци кои не освоија медал на Европското ама ни го освоија срцето на секој Македонец Браво Момци