Кој го гледаше интервјуто со Мекејлеб на канал 5 ? Зошто ми изгледаше така повлечен,како да неќеше да дава интервју .. :/
Зашто беше уморен и претепан. И на сител кажа новинарката пред да го праша за интервјуто рече: „Само Бо ме замоли да не должиме затоа што е премногу уморен. “
Плачам, ќе плачам и само ќе плачам кога ве гледам така на нозе додека цела Македонија, дали од дома, или на плоштад ви ги скандираат имињата, херои наши. Не можам да опишам колку сум среќна, возбудена, горда! Не можам бе, не можам! ВЕ САКАМ СО ЦЕЛО СРЦЕ, ВЕРУВАЈТЕ !!!!!!
сега го гледав на страната на канал 5 еве за оние кој не го гледале http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=80310 тој е изморен сака да се омори и сигурно дека нема да дава долги одговори
Фала ви на сите наши сонца кои со цело срце и душа игравте и не направивте горди. БРАВО ЗА СИТЕ!!! Секоја чест и пофалба за Бо! Фала му за се! И покрај тоа што не е Македонец, толку несебично и со цело срце се даде на секоја игра Честитки за наградата-најзаслужено! а па да не го коментирам моментот кога ја прими наградата колку гордо го развеа Македонското знаме ахххх Слушнете колку убаво Бо вика "ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!" срце да му се стопи на човек http://www.youtube.com/watch?v=brGhK_bKdKI
Caкав и јас да го поставам ова видео,како што пиев вода,кога рече да живее македонија ке се заскрнев од смеење срце бе,о бо бо
Срцка бе колку е само најдобар а колку скромен, не е некој да лета во облаци и да се фура као најјак сум не ми може никој нишо, баш поради тоа и го засакав човечево. Освен тоа се однесува како родена земја да му е Македонија единствен од петорката беше тој што носеше знаме, и тоа нешето го почитувам човеков плус тоа како се бореше за топка во последниов натпревар срце бе. Незнам дали е од уморот ама мене повеќе ми личи како да е тажен, малу е глупаво што не ни го знае јазикот може и како изгубен се осеќаше на плоштадот денес, ама сепак горди сме на него
Срце бе, каков е срамежлив па се радува кога му викаа Лестер Бо Мекелеб ооооо оооо оо оо, црнче најмило
Уште неможам да си дојдам на себе, толку радост, емоции на едно место, одамна не сум сретнала... Дочекот беше феноменален, успеав да отидам и незнаете колку сум среќна поради тоа. Но нашиве момци заслужија и многу, многу повеќе! Сите не обединија, толку радост и насмевки на едно место... Никогаш нема да го заборавам денов, и искрено ми е жал што заврши првенството, секој ден возбуда, радување и еуфорија! И никогаш нема да заборавам колку горди не направија... Секоја чест!
Грците го избришаа името Македонија од ТВ екраните за време на директниот пренос, ама Македонците го избришаа паркетот со нив во Литванија“ - коментар на српски „Блиц“. Ова се вика, ЧАО ПРИЈАТНО
Леле не си сама јас после секој натпревар плачев од радост,а денес добро што не отидов на плоштад ке ми се чудеа таму.Вака сама дома си се изнаплакав,Секако од радост. УШТЕ ЕДНАШ ЧЕСТИТКИ ЗА НАШИТЕ ХЕРОИ
Излези момче, право на тераса, и поздрави ја Гоцевата раса, кренете раце високо горе, Наше ќе биде и солунско поле! Aле але, але але, але але але але!! БРАВО!!! Немам други зборови со кои би го опишала тоа што нашиве момци го направија за нас и за нашава Mакедонија. Браво момци! Горди сме на вас!!!
Иљада пати би се поклонила пред нив и нема да ми биде жал бре, ама ИЧ! БРАВООООООООООООООООООООООООООООООО! Ве сакаааммммееееее!
Горда што сум Македонка!! Нашите момци ме направија горда!! И додека пред телевизор будно го следев секое движење на кошаркарите и мислев дека се потам исто колку и тие, сфатив дека не е така!! Само тие си знаат како им е!!! Тие се тресат дали ќе дадат кош или не, тие се тресат дали ќе победат или не, тие се тресат како ќе прифати јавноста загуба.. Тие, а не ние!!! Тие сторија премногу за Македонија, тие сторија се. Оставија срце на терен, оставија душа и тело... Тие и покажаа на Европа и на светот дека ние сме големи, дека ние вредиме, дека ние постоиме! Тие направија светот да чуе за нас, светот да не бодри на секој натпревар.. Поради нив светските коментатори викаа: „Маседониааааа, гоу Маседониааааа...кошшш!!!“ Тие се заслужни за се!! И заслужија онаков пречек! Да, заслужија таков и многу поголем. Заслужија цела нација да биде таму. Јас не бев физички, но бев психички пред споменикот на Аце и во мислите ги бодрев! И не ми е јасно како тие што се од Скопје преферирале настава отколку пречек на хероите... Ама тоа е друга тема и нема да должам!! Срцето ми застана кога пред тв седев и гледав како доаѓаат, како секој таму се бори за макар да ги допре... Сите ги бодрат нив...нивните имиња се во устата на секого! Веќе нема што да се каже, а да не е веќе кажано. Сите го кажуваме истото, но на некој свој начин.. Но, сите кажуваме едно: Секоја чест момци, поради вас сме уште погорди Македонци!!
Епа браво, првин големо браво за нашите момци, нашата гордост... А потоа браво и за сите нас кои им приредивме дочек каков што заслужија... Обврските не ми дозволија да појдам и да ги пречекам на плоштад, но плачев пред ТВ, тие емоции кои беа денес собрани на плоштадот Македонија се чуствуваа интензивно дури преку телевизор. Нема што друго да се каже освен секоја чест момци, ви благодариме што не направивте горди Македонци, ви благодариме што направивте целиот свет да чуе за Македонија