Димчевски многу ми личи со близнаците, ама тој не е толку убав. И така јас тој го гледам и си викам „Море, некој од близнаците толку многу грд станал, преку ноќ бре! “ И Самарџиски си личи со нив. Овие четворица ми се како браќа.
Мене Докузовски ми е многу симпатично човече, интересен ми беше кога се нервираше и од уста му се читаа зборовите
Го сакам човеков! Се бореше со сета сила за Македонија.Последните натпреври топката не ја испушти од раце, 5 секунди одмор не направи.Каква сила има во човекот Цар http://www.idividi.com.mk/sport/epvokos ... index.html
Добро ни дојдовте ... Домаќине добри гости ни дојдоа , добар абер ни пратија Прекрасни срцки не знам веќе во ми се се до еден ... А па тој Бо жими се помило створење не знам . Само не знам дали забележавте некако премзаморно делуваше , отсутно , тажно дали е до заморот или до тоа што навистина сакаше да ни донесе медал не знам . Даде се од себе и го почитува епитетот ХЕРОЈ што го има .
Си гледам вести и исечоци од денес и си се смејам, ќе се испотепаат муживе да ги бацат кошаркариве Добро е што не освоивме злато, 100 илјади минимум денес ги дочекаа, а тогаш кај ќе не собереше бе И дај дај дај боже КФМ да успее да го организира претквалификацискиот турнир за олимписки игри, да се преполни Борис да покажат момците и пред наша публика што е кошарка, да не израдуваат, зашто освен турнири квалификации не играме во блиска иднина, директно сме пласирани зашто сме најдобриииии.
Море убав бил и овој Ивица. И стварно си личат Близнациве Стојановски, Предраг и овој, на моменти не можам да ги распознаам кој е кој.
Се утепав барајки ја статијата каде Предраг изјавува дека кога бил мал учителката му велела дека само со топка човек не се станува...така нешто од прилика.Некој да ми помогне
„Кога ќе го погледнете Марин Докузовски како диригира со својата селекција, тогаш веднаш ја чуствувата најбајковитата симфонија во своите срца.“ - руски „Вести“ А овие се најмили на свет.
Не скокај редови прочитај убаво Сакаат да го организираат турнирот, кој чини околу 3 милиони евра само откупување на правата за турнирот, но освен тие пари тука треба перфектна организација, многу пари за екипи, за новинари итн. Но тврдам и знам дека се прават уште од сега напори и е во предговори организацијата. НО учество ќе имаат светски велесили, кои верувам и тие ќе сакаат организацијана турниров , колку што се дава пари толку и се добива од турниров. За наши услови нема да се спечалат од карти продажба, ама афирмација за земјава огромна ќе е тоа. Денешен вест побарај го има прееска го читав
Вчера некако се обидував да се освестам дека стварно сме ние тие, 4тите на Европско, и тоа во кошарка! Ние, Македонците, кои на секој предизвик одат со недоволна надеж, дека ќе бидат соборени, ние сме тие, ,,најлесниот‘‘ плен. Но, се докажавме! Им покажавме на сите што, сме, кои сме, од каде доаѓаме, што можеме! Им удривме две-три воспитни и ги врзавме да учат географија, додека ние пишувавме историја! Смело ги прифаќавме поразите! Горда сум што сум Македонка! Нека целиот свет дознае за нас, дознаа, но нека знаат уште повеќе! Заслужуваме и ние, и тие што се борат за нас! Кога го гледам видеово http://www.youtube.com/watch?v=rzZC8AOcGrI имам насмевка од 6ки до 6ки. Немаме НБА играчи, имаме горди играчи, кои се борат, друго не е потребно! Бо, ни‘ помогна, се бореше и тој за нас, заедно со нас! За нашата земја, за нашата единствена цел! http://www.youtube.com/watch?v=m6xb6zqS ... r_embedded А за сликава без зборови останав! БРАВО ЗА НАШИТЕ КОШАРКАРИ, БРАВО И ЗА НАС ЗА ТОА ШТО НАВИВАВМЕ! ШТО НАПРАВИВМЕ?! Уште не ми е јасно...
Е вака си ја сакам земјичкава одмор малце од политики и други такви срања ... Сите заедно да се радуваме , среќни да сме и весели .. 12те величествени го сторија ова за нас !! НАЈДОБРИ
Знае ли некој каде можам да видам кога Бо го избраа во најдобрите пет и го извади знамето ? Тогаш почнав да плачам. Абе срценце е ова Бо