Интересен човек е Бо! За него ова е големо изненадување,тој не го сфаќа играњето кошарка како повод за вакво истакнување..кошарката е неговиот живот,така еднаш рече! Затоа секогаш е повлечен не сака многу да зборува а сака со срце да игра и да даде се од себе,и верувајте го разбирам! Ова што го доживеа кај нас ваквиот пречек максимално го збуни,мислам дека доживеа нешто како таканаречениот culture shock! но,од друга страна ја разбирам и желбата на нашиот народ да слави и да го велича овој историски успех! мали сме на карта ама големи во душа нели? Мислам дека со оваа почит и внимание ја стекнавме неговата љубов и наклонетост! Бо уште многу години да играш за нас,а ние од се срце ќе навиваме за тебе каде и да и си во светот! Сега е во Монтепаски Италија(сиена).
Секоја чест за Македонските кошаркари, нашите шампиони. Без разлика што не го добија 1-то место, сепак со голем труд и сила дотуркаа до 4-то место, големо браво за нив, секоја чест и за Американецот Бо (т.е. Бошко Мекејлебовски ) МАКЕДОНИЈА ВЕ САКА!!!........
Морам да те цитирам Бани2 зошто ако едно нешто ме извади од такт беше токму тоа неблагодарно коментирање! Што е пострашно истите тие луѓе глумеа најголеми патриоти после победата над Грција,а сега после поразот вака зборуваа.Навистина жалосно.Убаво кажа или си Македонец и навивач од почеток до крај или не си.Друга работа се оние пак кои не знае кои дечки ни играат во тимот па плукаат на неуспешните обиди за поен.На секој може да му се случи.Тоа е притисок.Искуството си играше голема улога.Дамјан има само 23 години.Неговата кариера допрва следи.Одлично одиграа од прв до последен,каква игра навистина има нашиот тим знаат сите оние кои одеа лани во Борис кога се играа квалификациите и кои ги следеа нашите и на Трофеј Македонија и на турнирот мегу Бифшите Југословенски републики и на контролните натпревари во Германија пред Европското.Не сум изненадена од успехот на нашите кошаркари знаев дека имаат толкава моќ и верував уште од самиот почеток на Европското дека ќе биде интересно поглавје.
Бо како излезен од џунгла е, таков целиот збунет и повлечен, затоа е и повеќе интересен Срце е, да го изгњавиш само
Од срце навивав и славев со нашите кошаркари. Пресреќна и презадоволна сум со тоа што го покажаа, а уште повеќе ми е мило што успеаја да го обединат македонскиот народ како никој досега. Горда сум што сум македонка, се изнаплакав кога го гледав пречекот на плоштад Жал ми е што и покрај сиот труд и залагање не освоија барем бронза, навистина заслужија. Сепак и ова е огромен успех кој уште долго ќе се памети! Браво!!!! Не ни треба бронза кога нашите момчиња се златни!
Па он од 2001 до 2005 има играно за КК АЕК Атина. Нема врска каде ќе се продаде, он секако настапува за македонската репрезентација. Освен тоа има играно и во бугарски и во руски кошаркарски клуб.
БРАВО ЗА НАШИТЕ КОШАРКАРИ!!! НАЈДОБРИ СЕ!!! Сите си ги сакам . Уште сум под импресии и позитивно расположение , и денеска си ја носам црвената маица со наше знаме . Почнуваат да ми фалат утакмиции и ќе ми треба една недела да се навикнам дека веќе нема ( во исчекување сум на ракомет)
Малце офф топик може ке сум,ама сега дознав и морам да го соопштам,а се однесува за вљубените во Бошко и Пеџа Синојќа,во Хавана Пеџа бил дрррво,отишол на сцена,пеел,зборел свашта,незнаел за себе А Бошко се смувал со некоја цурица Она не му се симнала од врат,го замарала,и под дејство на алкохол,Бо се смилувал и ја лапал
како така? Ќе игра, па што?! Што има чудно тука? Се работи за договор и за каков клуб, па нормално и исплата на пари. Како му одговара така и ќе решава. Не ќе не прашува нас дали може или не да игра за грчки клуб. Тука нема политики девојки туку спорт и само спорт.
Па и ја незнам што толку фама се крева ако Перо потпишал за Олимпијакос Ако е така и Гечевски игра за ПAOK, па што?
Еве слики од Владо Илиевски и сопругата Ања Вилфан Инаку имаат два сина - Лука и Јакоб. Ања е словенка и ќерка на познат екс ју кошаркар Петар Вилфан, а изгледа и таа била кошаркарка порано. Одела на секој натпревар на Владо и била негов најголем критичар и советник. Инаку била и на првенството во Литванија и кога играле Македонија и Словенија заедно со татко и навивале за Македонија. Еве слика од натпреварот
Сопругата на Илиевски беше и вчера во автобусот со кошаркарите,а исто ја видов и на бина.Некако ми се многу убав пар.