Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Незнам зошто ова ви е толку чудно.Моментално кошаркарите добија на слава во Македонија(што нема да трае долго) и нормално е да се појават милион трачеви и приказни.Деновиве ќе слушаме милион приказни како Бо и Самарџиски затрудниле,смувале еден куп девојки што нема врска.Само почнете од фактот дека се појавија муабети дека Бо и Самарџиски биле пијани,лудувале во Хавана,а утре беа во 8 сат на прием кај Претседателот на Македонија свежи и дотерани :hai: :hai: .Децата на Илиевски се живи и здрави,а тоа што ќе се појават милион маалски муабети тоа е веќе друга работа,но тоа си го прави славата и не треба да ни е чудно.Колку некоја личност да не е привлечна физички кога е славен се гледа со други очи.Мене воопшто не ми се убави ниту привлечни нашите кошаркари(зборам физички),но тоа воопшто не ме чуди зошто се крена толкава фама за нив,а тоа е баш поради славата којашто ја имаат моментално.Сведоци сме на милион светски ѕвезди коишто се ноќен кошмар,а имаат милиони обожавателки баш поради славата.Јас се обложувам дека скоро сите од вас претходно да сте ги сретнале овие кошаркари во дискотека,кафич,плажа(пред да бидат популарни) не би ги ни приметиле :) .Луѓееее ,Кириленко е многу грд,а има убавица жена којашто не би го ни погледнала доколку не беше славен :lol: :lol: .Зошто сега се закачивте со сексуална привлечност,а не за тоа што стварно треба да им честитаме?

    Уште еднаш се докажа дека културата,спортот,музиката најдобро ја претставуваат една нација,а токму овие кошаркари ни дозволија да се чувствуваме горди Македонци.Пречекот беше феноменален,Македонците докажаа дека можат многу да бидат горди на својата татковина којашто ни е една и немаме друга.Воедно увидовме дека може многу да не боли кога државите околу нас пробаа да ни го омаловажат успехот што и пробаа,ама не им успеа.Браво Македонци и Македонки што вчера ме направивте 500 пати да се наежам од вас,500 пати да пуштам солза радосница,500 пати да ги погледнам последните секунди против Литванија,500 пати да ги погледнам снимките од прославата.Во Македонија никогаш повеќе не се веело македонско знаме,не се пееле македонски песни,не се носеле македонски маици.Тоа на никој не му успеало,а им успеа на спортистите.Еднаш не направија горди ракометарките во 1998,после Кометал Ѓорче Петров со прво место во Лига на Шампиони,а сега кошаркарите.Можеби сме мали на карта,но големи во срце и покажавме на Европа дека постоиме и дека никој неможе(колку и да се труди)да не уништи.Напротив не прават посилни и пообединети.Овдека не е битно златото и бронзата,туку најбитно што почнавме да ја сакаме и почитуваме својата татковина како една и единствена нам.Немаме друга луѓе!!

    Кога би ги тргнале чувствата и еуфоријата моментално ќе видиме дека Дамјан Стојановски потфрли на оваа Европско првенство.Изигра многу лошо.Точно дека на секој можеше да му се случи тоа што на него му се случи против Русија,но тој играше лошо и во сите останати натпревари.Промашуваше за три,правеше лични грешки без резон кога најмалку ни требаа.Перо Антиќ беше лидер несомнено,но и тој потфрли против Русија ,а Самарџиски треба многу да работи на својата психа.Дозволи да го наместат за 10 минути да направи 3 лични грешки што после Русите ни ги собраа сите топки под обрачот.Поради лошата игра под кошевите ние го изгубивме натпреварот.Самарџиски прави многу лични грешки.Владо Илиевски за мене е најдобриот македонски кошаркар на оваа Европско првенство.Беше вистински лидер и го организираше цело време нападот.Сепак со кратка клупа и оваа е огромен успех.Играа со срце ,а тоа некогаш е најбитно и за поздрав.

    Мислам дека убаво е да има критики и забелешки,но тоа да не преминува во кавги и навреди.
     
    На Strumfeta93, LilBaby, Hiii и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Господ здравје да ти даде девојко што ми го уби и тој мал сомнеж дека вчера Бо ме изневерил во Хавана :D


    А инаку јас сакам да прашам дали некој знае нешто повеќе за тоа дека квалификациите за Олимпијада можно е да се одржат во Скопје ? И кога се квалификациите ?
     
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    многу здрав начин на размислување и еден од најубавите во врска со актуелната тема деновиве. Особено ми се свиѓа болдираниот дел, од каде овие муабети сега наеднаш, не разбирам.... :x
     
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Колкава џева се дигна во Хавана дека отишле, боже... :D Предраг беше видно расположен и среќен, се качуваше на сцена, дигаше гитаристи/певаљки, пееше, рипаше, ама пијан баш и не би рекла, крај краева па веќе промили им измерија на луѓето па кажуваат. А на приемот кај претседателот не изгледаат ни 2 посто како да не знаеле за себе синоќа, у секој случај. И да, навалија цурици со фотоапарати, у очи мислам дека на Бо му влегоа со блицовите, не знам како може нападен да си на толку мирно човече. Не знам која беше среќницата, али имаше. Мене ми беше премногу срам да одам да им се бесам на врат, ваљда ќе имам наредна прилика за мирно сликање и автограм. :D
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Сега на вестите на Сител гостин е Самарџиски, аххх бе да го грабнеш и да бегаш :$ :inlove: :inlove: :D
     
    На Amelia и Smilly им се допаѓа ова.
  6. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    797
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Ѕвер

    На сите сајтови не има. :party: :party: :party: А го гледавте Самарџиски на сител???

    Јас не пратам многу спорт, но кога Македонија учествува секогаш гледам, кошарката ми е омилена и навика ми стана речиси секој ден да гледам кошарка :lol:

    А олимпијадата е во Јули 2012, така?
     
  8. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Omg :rofl: Искрено јас би била многу среќна ако Бо го ожениме со Македонка :) Така барем ќе ни биде сигурен,ќе знаеме дека нема да не напушти.Себично од моја страна знам, ама многу би ми било жал ако некој ден не остави :( (не ни сакам да мислам на такво нешто)Го сакам човекот исто како да е Македонец! :)

    Инаку мора да кажам дека потполно се согласувам со Исак.Да ја немаа ова слава што сега ја имаат немаше да збудалуват сите девојки по нив.Лично за себе можам да кажа дека браката Стојановски не се мои типови но вака кога ги гледам :inlove: И не само тие и Предраг е убав и Илиевски но тој повеке ми се допага карактерно и многу го ценам.Глупо е сето ова што го пишувам но како што рече Исак било кој од нив да сретнам во дискотека,улица можеби и не би ги погледнала :) Славата си го прави своето.И не само во врска со кошаркарите туку истото се случува со сите славни личности...ова демотивација е премногу реална за жал.
    [​IMG]
    Инаку да не бидам сватена како напалена тинекџерка што лепи слики од кошаркарите по цел фб, става срциња и коментари од типот го сакаам,мој е,најубав е и тн.Далеку сум од таквите ,само искрено реков што мислам...
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.272
    Допаѓања:
    67.878
    Пол:
    Женски
    Кошаркарската репрезентација ги доби заслужените медали
    Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги одликуваше членовите на Македонската кошаркарска репрезентација со “Медал за заслуги за Македонија“. Кошаркарите и членовите на стручниот штаб добија заслужени медали за постигнатиот историски успех на Европското првенство во Литванија.

    “Успехот кој тие го постигнаа е заразен и верувам дека ќе се пренесе на сите полиња. Владо Илиевски праша “Луѓе што направивме“. Еве што направивте, ја прославивте Македонија. Ја ставивте македонската кошарка на европската кошаркарска мапа. Од денес па натаму европските тимови ќе стравуваат пред натрпеварите со македонските кошаркари. Талентот освојува натпревари, тимската работа и интелигенцијата освојуваат првенства. Нацијата е обединета во овие радосни денови. Во овие возбудливи денови сите навивавме за нашиот тим и за тоа сме им бескрајно благодарни. Дома има клубови, надвор има репрезентација. Така треба да биде и на полето на политиката. Вие сте нашиот златен медал“, им порача Иванов на кошаркарите.

    Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски рече дека се надева оти ова е само почеток на успесите во рамките на сите спортови во земјава.

    “Ова се моменти на неисцрпна среќа. Момците го дадоа своето срце, потрошија многу енергија, меѓутоа вие ни ја вративте сета потрошена енергија и сето она што го вложивме. Јас се надевам дека овој успех нема да биде последен и дека ова е само почеток на успесите во спортот во Македонија. До сега имавме еден катанец кој што се вика недоволна самопочит и самодоверба, а овие момци и наши херои го скршија тој катанец“, рече Димевски.
    [​IMG]
    http://tocka.com.mk/index2.php?ID=50375

    Инаку ОИ во Лондон ќе се одржат од 27ми Јули до 12ти Август 2012 :)
     
    На Elennaa, Hiii, LittleDevil и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Овој вториот не е Мејси! Мејси играше за нашава репрезентација скоро пред некоја година,овој е Кенион Џоунс кој за жал е сега починат! инаку интересно е што ти прави слава! Кошаркариве станаа богови,сите ги сакаат ќе се мажеле не знам си што..тоа е..си заслужиле бе дечките! :lol:
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Извинете малце што ќе мешам политика во ова..
    Ама Бранко и таа Најчевска ме изнервираа. :fubar:
    Од каде им се парите за кошаркарите, од каде ги нашле демек. И дека не заслужиле, они се бореле само за пари, а не за Македонија. И незнам како го нареклe народот. :fubar:
     
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    На Gioia, Buttterfly, IvanaIvanchica и 12 други им се допаѓа ова.
  14. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    2.274
    Пол:
    Женски
    Вчера беше многу тешко.Злато да ми дадете сега не ми вреди како овој пречек, не направивте големи.Горд сум што сум селектор на овие големи јунаци, горд сум што сум Македонец, покажавме на Европа дека вредиме“ - Марин Докузовски

    [​IMG] :l: :l:
     
    На Monna.Monna, Gioia, Buttterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    На Buttterfly, IvanaIvanchica, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Абе зашто вакви коментари од типот на Најчевска и компанијата. Што е сега работава, има здрав и нездрав начин на размислување?
    Абе ич нејќам да размислувам здраворазумски ако веќе за тоа правиме муабет. Камо уште некое време да ме држи оваа еуфорија и да ме мава овој адреналин. И реакцииве на девојчињава ми се толку симпатични... Што има лошо во тоа што си ги препознаа идолите во македонски спортисти. И што, зарем идоли треба да им бидат пејачи со по две песни, или американски рапер кој неможе да живее без дрога, српски турбо-фолк пеач?

    И не знам колку е потребно веќе и понатаму да се коментира кој како изиграл, кој бил најслаб, а кој најдобар. Па понудите кои им стигнуваат од познати европски екипи и договорите кои ги потпишуваат се најдобар показател за тоа кој колку вреди. Не верувам дека таму ги бараат за лепота.
    А дали славата кратко ќе им трае? Па нормално дека еуфоријата сега постепено ќе спласнува. А за понатаму? Ако нешто научив од оваа работа е да бидам поголем оптимист, и тогаш кога секоја ганглија од мозокот ќе вели - не, не е можно. Јас верувам во нив, а за вас незнам.
     
    На Monna.Monna, macysh, sweetyears и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Го гледав онтервјуто со Самарџиски,и ете кажа тој, Бо сам си кажувал ,,Јас сум Македонец!‘‘.
    Ќе ми е жал ако замине, добро се вклопува со нашите, и ако остане, тамн ќе се поопушти и ќе научи ептен Македонски. :lol:
    Колку сакам кошаркариве да налетаат на форумот и да не‘ читаат. :D Којзнае што ќе си помислат. :rofl:

    Медаљите сосема заслужено. Сега имам уште една причина зошто едвај го чекам лето 2012. :rock:
     
  18. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Што се однесува до Бошко и муабетот за во Хавана,јас таков муабет слушнав уште многу одамна.Како демек го гледале таму многу често и тоа секој викенд со различна девојка,само што не го знаеле дека е кошаркар,па го викале црниот |(

    Многу муабети се шират за нашево црнче дека бил голем женкар.Лесен бил да го ќариш.Ако има барем малце вистина во муабетиве,навалете девојки во Хавана хахха :D

    Шала на страна,мило е многу нашево натурализирано македонско црнче,многу даде за наава земјичка,а и скромно е :) Секоја чест и Respect ! Не верувам дека муабетиве се вистините,ама ајде има време па ќе видиме.

    Само нека не ни ја напушта репрезентацијава.Што ќе правиме без него :(

    Абе може негде да се читне интервјуто на Бо за Њујорк тамјс?
     
  19. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Ако престанат да се шират вакви лажни муабети нема да ја напушти нашата репрезентација..ама ако лажно го претставуваат човекот и измислуваат разни трачеви има многу други репрезентации кои сонуваат и би напраиле се за да го имаат.
    Така да stay calm and be proud :)
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не знам што сте се исплашиле толку дека Бо ќе ја напушти репрезентацијата.
    Кошаркар штом игра за една репрезентација нема право да игра за друга. Значи он смее да игра само за Македонија. А верувам дека нему му годи оваа слава, тој тука е херој, не гледам причина да не игра.
    Ете пример Илиевски не играше за репрезентацијава 3 години зашто се скара со нашата федерација, но дојде тренер на ниво кој го почитуваат и Илиевски се врати, не смее никој сеа да му пререче нешто.
    Тренерот го прави списокот за играчи на репрезентација и ги поканува, преретко некој одбива, зашто е чест да се игра за државата, секогаш тие играчи се најпочитувани. А верувам и на Бо му е чест да игра за Македонија.
    Јас ич не се плашам, верувам дека ќе се јави и на следниот повик на Докузовски, додуше не верувам, СИГУРНА СУМ :)
     
    На Buttterfly, Bunny2, sweetyears и 3 други им се допаѓа ова.