Почесни дипломи од ФОН за македонските кошаркари. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... kosharkari Инаку,Бо денеска заминал за Сиена
Честитки до нашите кошаркари ,поштено си заслужија да бидат во најдобрите четири кошаркарски екипи.Стварно ми е криво што неможев да дојдам на пречекот но затоа бурно си ги следев на тв исто како да бев таму Сакав да прашам кои од си се ергенчиња
Цар е човеков нејќам да слушнам лош збор за него , мене ми е срцка правел лапсузи па што бе ? ! А кој не прави ставете се на негово место тоа само докажува дека од срце иде се што кажува . Со многу емоции пренесува . А и мене омилен ми е поинтересен ми е натпреварот како што ми е возбудата на 100 уште повеќе ми крева адреналин .. За Игорче :up: http://www.youtube.com/watch?v=z-M9f8I0Oe8 Што ќе досуди сега Ла Моника ? ! Оффсајд ? !
^ Јас не сфаќам зашто некој би ги нарекол лапсузи. Баш неговото коментирање нас ни е смешно и интересно Човекот не тропа глупости,туку баш си коментира од срце. Игорче е најдобар!
Сум умрела од смеење кога на нашиот натпревар со Шпанија искоментира за Гасол: Ај овој Гасол живее во Холивуд, па јасно е глумењето, ама што глуми брат му?! Така нешто беше, ама знам дека зајдов Натпреварите нема да бидат толку интересни ако не е он И како зајде од викање кога ја победивме Литванија Закон е дефинитивно.
Нашиот коментатор со кој се гордееме Мене ми беше најинтересен ова коа го искоментира.. Ништо,ни фаул ни ништо мудро,културно,пушти ги полека нека се доближат нека тече времето ...ОД ТАМУ ШУТИРАЈ КОЛКУ САКАШ,ииииииииииии КАКО КОЛКУ САКАШ...што ли беше сега ова каква бомба оууууууу страшно,неверојатно од 9 метри каква тројка сега на Лимонад...ЦАРРР http://www.youtube.com/watch?v=PnQtDM47 ... r_embedded
Туку што разбрав дека Перо ќе го отвора концертот на ДНК. А јас пак вчера си купив карта..е ова е кец во десетка! http://daily.mk/Utrinski/pero-antikj-na ... dnk/905195
Во понеделникот во Хавана беа Пеџа, Бо и Дамјан. И таман, кога се избутав некако до Бо да го изгушкам, едно девојче пред мене си носеше маркери и практично го молеше да и‘ се потпише на рака. Жими се, се изнервирав кога одмавнуваше со главата, и малку фалеше да и‘ ја направи фората talk to the hand. Ама пак, нит ме интересира какви се ни што се, приватно, нит планирам да ме интересира. Направија многу за Македонија, горда сум на нив како кошаркари, ги почитувам и тоа е тоа.
Леле супер,а баш го гледав интервјуто на ДНК каде кажаа дека на концертот ке се појави човек што личи на еден од нив,ама е многу повисок.Помислив дека можеби тоа ке биде Перо.ЈЕеееее И да се надоврзам за коментаторот.Срцка беше.И самиот после секој натпревар се извинуваше ако погрешил нешто
Темата е кој кошаркар со која се мувал, која му била женска итн? Или.. http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=66599
Ај вака. Пишете во темава доколку навистина имате нешто да кажете за репрезенатцијата, да споделите интересна информација или новост во врска со професионалниот ангажман на кошаркарите. Досадно е веќе да се чита мене овој, оној, ми е дечко, срце, љубов итн. Ставете си во потпис на аватар и завршена работа. инаку се е тоа оф топик.
СЛУЧАЈНО да не знае некој дали Владо замина Турција или сеуште не...бидејќи не беше на доделувањето на ФОН дипломите...колку што забележав по сликите...
Па знам дека почнаа да заминуваат, Владо може имал обврски тогаш зашто дента беше на приемот кај претседателот, а на фон не беше и јас приметив. Како што знам Бо си заминал, Пеџа требаше да замине, си заминуваат и близнациве, ништо чудно и Владо да оди. Перо си бара клуб кај и да е ќе има известување за тоа. Инаку Литванците како голема кошаркарска сила имаат свој музеј кошаркарски и поради одличните резултати на Македонија и како најголемо изненадување (јас не би го рекла изненадување, туку докажување конечно на квалитетот ) решиле да оделат место во музејот за нашите кошаркари И од денес федерацијата активно се спрема за кандидатурата за претдолимпискиот турнир. Им посакувам многу многу најмногу среќа. Ако успееме да ја добиеме тоа ќе е огромна афирмација за земјава, тој турнир е Мини светско првенство. Плус како домаќини шансите ни се поголеми. Ајдееее КФМ стискам палци
http://www.idividi.com.mk/intervju/razg ... index.html Не поминува минута без да ми излезе пред очи сликата од еден дедо, кој стоеше на автопатот додека поминувавме на враќање и во исто време плачеше и се смееше, извикувајќи: „Вие сте гордост македонска, вие сте наши јунаци“. Тогаш и јас заплакав. Такво чувство не може да те напушти бргу. Ми се насолзија очите... !