"Да живее Македонијааааааа!" Кое срце ми е човеков! Инаку едвај чекам да дојдат наредните натпревари на нашава репрезентација. Преубав период беше овој на европсково првенство, која еуфорија, адреналин и гордо навивање..
Коментар од Кавадарчанец ... Не заборавајте на Тоше Гечевски Спојлер Vie mislevte deka samo vo Skopje ke ima precek? )) http://www.kavadar4e.com/index.php?...p ... &Itemid=62 Sliki od precekot na Todor Gecevski vo Kavadarci.... najaven bese vo 4:30 no dojde posle 5... so kerkickata vo race, sleden od mladi decinja, pristigna na mestoto kade sto bevme dogovoreni ) Bese docekan so pesna i aplauz... srceto mu se ispolni zapea i zaplaka )) Ni samiot toj ne ocekuvase vakvo nesto... Ne znam za vas, ali mene stvarno greota mi padna za covekot, da ne gi igra najvaznite natprevari, a da sedi na samo pola metro od terenot... ednostavno negoviot timski duh, negovoto prisustvo pridonesuva sigurnost vo igrata i iskustvo... Racete mu bea celi modrici od prekrsocite nad nego, prstite na edna raka koja sto mu e skrsena samo malku gi dvizi i tie mu se fateni so gipsot... nesakejci kerkickata mislam deka go udari po laktot na drugata... pocna da se drzi za nego i so bolni grimasi prodolzi da odpozdravuva... zalno! Za mene heroj ne e Marin, ne e Antic, nitu pak Lester... Eden i edinstven... ГЕЧЕВСКИ ТОДОР!!! Греота бе Никогаш не сум завидувала на Иванов повеќе од сега ... Бо Бо како друг човек е овде се одморил му се отвориле очињата . Душичка
Jaс баш ја ставив сликава неколку страни претходно, многу мила ми е сликава И јас не би се сложила со оние твои зборови греота, дека гревче е. Зошто? Мислиш он би сакала така да го викаат? Не верувам. Мене еден од омилените ми е Гечевски. Човек кој е најскромен од цела репрезентација, човек со најголемо срце и душа, тој замислете сакаше со скршена рака да игра јас кога го слушнав ова бев ваква од неверување , а пред 2 години играше на првенство со скршен нос и маска цело време носеше. Тој не е гревче, тој е херој и јас така би го викала. Се надевам ме свати што сакам да кажам, не треба да го жалиме, треба да сме среќни што имаме таков човек во репрезентацијата и таков човек кој остана на клупа да не бодри до крај, сите други би го фатиле летот и дома би отишле на рехабилитација. Но не и Тоше, тој е психичката подршка на тимот. Секоја му чест!
Во смисла на Болдираното мислам дека е греота . Од мене за него секоја почит ама ми се здожали кога го прочитав ова . Никој не рече дека не е ХЕРОЈ не реков јас не играше се повреди еј греота туку ме боли него што го боли . Што се вложи максимално и уште ги трпи последиците , што беше единствениот што дојде во гипсови и сега ќе се пази и ќе се одмара ете тоа ми беше муабетот .
Македонските кошаркари - ден потоа Заврши европското првенство и во главата почна да ми се мотаат оние завршни шпици од холивудските филмови како кога некој ќе направи нешто битно и на крај во кратки црти пишува што сторил понатаму. Антиќ - ја заврши кариерата во Лејкерси откако Лејкерс го шутнаа Гасол поради, цитирам: "Повеќе театралност, помалку игра". Илиевски своите пензионерски денови ги помина пишувајќи ја својата автобиографска книга "За кошаркарцките работи". Книгата стана комерцијален хит и 10 месеци го држеше првото место на листата на New York Times, лесно потиснувајќи ги Harry Potter и Twilight серијалите, а во Македонија стана најчитаната книга на сите времиња. Чековски се откажа од настапите по европското. Набргу по шампионатот доби телефонски повик од холивудски менаџер кој бараше таленти за идни настапи во филмови на Universal Pictures. Првата ролја ја доби во третото продолжение на The Incredible Hulk каде не само што беше главниот актер, туку и сам си ги снимаше каскадерските сцени. Fun fact: Немаше потреба за CGI ефекти - визуелистите само го фарбаа телото на Чековски во зелено. Самарџиски не се истакна во Литвос Ритас и се врати во Македонија. Потоа доби повик од Чековски дека тој со челиниците на Warner Bros договорил токму Самарџиски да го игра Кларк Кент во "Superman Returns (Again)". Филмот доживеа масовен успех како кај публиката така и кај критиката, а Роџер Еберт рече: "На почетокот бев скептичен кога Warner го најави новиот Супермен и тоа со тотално непознат дечко кој нема ниту еден поминат час во филмска школа. Сега ми е мило што го победија скептикот во мене и слободно можам да кажам дека ова е верно враќање на корените на Супермен, а Самарџиски достоен наследник на Кристофер Рив". Гечевски слабо заздравуваше од повредите и неговиот настап на Олимписките игри беше ставен под прашалник, но владата во целост плати за негов необичен третман - целосна замена на екстремитетите со киборг компоненти, со што Гечевски доби уште една шанса за настап. Поради ова, доста федерации протестираа до ФИБА, но таа ги одби нивните барања за исклучување на Гечевски со образложение дека нема прописи кои забрануваат луѓе со напредната простетика да настапуваат на мечеви под капата на ФИБА - и со тоа Гечевски стана првиот кошаркар киборг во светот кој настапил на еден ваков турнир. Лестер Бо Меккејлеб предизвика голем шок по изјавата дека ќе игра за МЗТ Работнички, создаден со спојувањето на МЗТ и Работнички. Во слободно време беше главен преговарач за спорот за името со Грција, кој го доби со 14 разлика. Бо: „И спорот со името го доби со 14 разлика“ Војдан Стојановски одлично се снајде во Армани Џинс и стана миленик на фановите на клубот. Тие беа едногласни дека со него Армани Џинс звучи помаженствено. Дамјан Стојановски брзо го преболи несреќниот шут против Русија за бронзата и со повеќе вежба и дисциплина беше забележан од скаутите на Барселона со која потпиша мултимилионски договор за 8 години. По истекот на договорот ја заврши кариерата и ја издаде хит книгата "Доктор Дамјан или како престанав да се грижам и ја засакав топката". Соколов најде ангажман во тимот Лагос Јунајтед од Нигерија. На почетокот му беше тешко да се навикне поради јазичните бариери, но на помош му дојде Мираковски. Марин Докузовски бараше нови предизвици предводејќи ги Алжир, Катар, Јужна Кореја и Јапонија до историски пласмани на завршниците на светските шампионати во кошарка. Интересен факт - сите селекции ги минаа четвртфиналињата. Игорче - долги години остана во Сител и заедно со него проследивме уште 10 евро и 5 светски шампионати во кошарка. На сите учествуваше македонската репрезентација. Се откажа од професијата коментатор откако успеа еден меч да го искоментира без лапсуси. По неговото заминување Сител изгуби 89% гледаност. Своите слободни денови ги поминува со внуците, а секој вторник на гости му доаѓа стариот другар Ламоника со кого игра покер. Автор: Max Legend, Кајгана Форум хаха
Е па девојки, неговиот менталитет и нашиот не се исти тоа треба да се разбере. Додека ние сакаме да сме блиски, отворени, да гњавиме, да сме секому на располагање ... тоа американците не го сакаат баш. Мислам не е крив Бо, едноставно тоа е негов ген. Плус се гледа дека е затворен тип по карактер и треба да го остават на мира. Доволно е што ја анимираше нашата репрезентација со сила, храброст и голем мотив да стигнат до врвот и на некој начин успеа. А да не зборувам за неговата игра, цар!
http://www.kurir.mk/sport/kosarka/43265 ... od-terenot Како слават нашите кошаркари у кафана надвор од теренот!
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/koshark ... rski-muzej Македонската репрезентација во литванскиот национален кошаркарски музеј Првиот кошаркарски музеј, “Јонишкис“, во кој свое место имаат само најголемите во националната кошаркарска историја, побара да ја вклучи Македонската репрезентација поради настапот на Евробаскетот. Македонија ја победи Литванија во четвртфиналето на Евробаскетот 2011 и стана најголемата сензација во историјата на Европските првенства, а Литванците, иако тажни по поразот, покажаа задоволство што овој историски момент се случи токму во нивната земја. На барање на управните лица на музејот, Македонската репрезентација ќе стои паралелно со легендите на овој спорт во Литванија и во светот.
Владо Илиевски претставен во Ефес http://www.supersport.com.mk/index.php/ ... 33-38.html Меккејлеб за Македонија играл за 10 долари дневно,како и сите останати играчи (имало гласини дека тој скапо го наплаќал своето присуство во македонскиот тим) http://supersport.com.mk/index.php/kosa ... -10--.html А покажува и одлични резултати во клубот во којшто е моментално,во Сиена,што воопшто не ме изненадува http://www.supersport.com.mk/index.php/ ... 14-33.html
Марин Докузовски: Нема да бидам повеќе селектор http://www.tocka.com.mk/index2.php?ID=50686 Се разочарав..
Уште еднаш му ја прочитав изјавата и сватив што е проблемот.Сака повеќе пари да му дадат. ЕВЕ .. „Јас дадов изјава и пред почетокот на европското првенство дека повеќе нема да бидам селектор, дека завршив. Не знам сега какво е мислењето на општата јавност, но ќе треба да поразговараме за таа функција, ама мислам дека ќе останам на тоа дека нема да бидам повеќе селектор“ - изјави стратегот во интервјуто за „Нетпрес“.
Официјално: Антиќ се договори со Олимпијакос о фантастичните игри за Македонија на Евробаскетот 2011, Перо Антиќ кариерата ќе ја продолжи во грчкиот гигант Олимпијакос, јавува официјалниот сајт на Кошаркарската федерација на Македонија. Антиќ, кој ја предводеше Македонија до историското четврто место на Евробаскетот со 11,6 поени и 8,5 скокови по натпревар, минатата сезона настапуваше за Спартак од Санкт Петерсбург, а летово интерес за него покажаа и Хувентуд, Уникаха и Каха Лаборал. На крајот, Антиќ се договори со Олимпијакос, каде ќе настапува во наредните две години. Перо Антиќ стана седмото засилување сезонава за Олимпијакос, кој повторно ќе игра една од главните улоги во Евролигата. Во грчкиот тим летово пристигнаа уште тројца Американци (Кајл Хинс, Кејлин Лукас и Мет Хауард), Мартинас Гецевичиус и Лазарос Пападопулос, а во тимот се врати и Константинос Слоукас од позајмица. Заедно со Василис Спанулис, Антиќ треба да игра главна улога во екипата на Душан Ивковиќ. За 29-годишниот македонски капитен, ова ќе биде седми клуб во кариерата, откако порано настапуваше за Работнички, АЕК, Црвена Ѕвезда, Лукоил Академик, Локомотив Москва и Спартак Санкт Петерсбург. Не ми го направи ќејфот ама со среќа нека му е ... Инаку Докузовски според мене не се нафаќа чека понуда од некој добар тим ... А што се однесува до нашата репрезентација сака да замине додека е на врвот со стил . И самиот кажа тешко дека ова ќе се повтори . Најверојтано тоа е причината . И јас вака би играла .
Ми е жал што толку добар селектор ќе ја напушти репрезентација после се’ што направи. Ја донесе Македонската кошаркарска репрезентација на врвот на Балканот и меѓу најдобрите во Европа. Но, што е тука е. Ние секако нема да заборавиме на успехот што тој заедно со кошаркарите го постигнаа. Толку добар тренер мислам дека никогаш нема да се најде овде. Јас му посакувам среќа каде и да отиде, заради сите радости и сета среќа што ни ја подари. А,во врска со Антич си знае тој кај ќе настапува. Сепак тој е професионален кошаркар, треба професионално да се однесува и да мисли на својата кариера.
Македонија ги доби противниците за ОИ во Лондон Денес се одиграа последните натпревари од кошаркарското првенство на Азија, по кои Кина обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Лондон, додека Кореја и Јордан ја комплетираат квалификациската група. Македонија за прв пат во историјата има шанси да биде претставена на Олимписките игри во екипен спорт. Кошаркарската репрезентација ќе настапува во квалификациите за ОИ во Лондон, каде со уште 11 селекции ќе се бори за првите три места. Местото на одржување на квалификацискиот турнир се уште не е познато. Турнирот ќе стартува на 2 јули, а ќе трае до 8 јули 2012 година. Двајцата финалисти и победникот во мечот за третото место, заминуваат на Олимписките игри кои почнуваат на 28 јули. Место на овој турнир обезбедија: Европа: Русија, Македонија, Литванија, Грција Америка: Доминиканска Република, Порто Рико, Венецуела Азија: Кореја, Јордан Африка: Ангола, Нигерија Океанија: Нов Зеланд Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи (по три екипи), каде носители се четирите европски селекции. По одиграните два натпревари во групната фаза, третопласираните екипи на табелите го завршуваат натпреварувањето. Првопласираните две репрезентации продолжуваат во четвртфинале каде играат по систем “првиот од А група против вториот од Б група и обратно“, односно “првиот од Ц група против вториот од Д група и обратно“. Поразените во четвртфиналните средби го завршуваат натпреварувањето, додека победниците влегуваат во полуфинале, по кое ќе се играат финале и меч за трето место. Финалистите патуваат на Олимписките игри, а ќе им се придружи победникот во мечот за третото место. Директен пласман на завршниот турнир на Олимписките игри обезбедија: Шпанија, Франција, САД, Аргентина, Бразил, Велика Британија, Австралија, Кина и Тунис. http://on.net.mk/sportal/kosharka/maked ... -vo-london
Еве што кажа Марин за Борче : “Бо е едно многу специфично дете. Тој е многу добар. Тој највеќе се вклучи во нашата шема. Сега вели ќе си купи стан, тука во Скопје ќе си живее“, се шегува селекторот, додавајќи дека Бо е голем обожавател на македонските девојки. ТОООО!
Една мисија е исполнета со одличниов резултат на нашиве кошаркари. Според едни информации кои ги слушнав е дека за овие 10тина дена има 10 илјади пријавени дечиња да тренираат кошарка. Срце ми се полни кога слушам вакви информации. А друго, гледав интервју на Докузовски и не рече дека нема да биде селектор. Финтата е што он се испокарал со федерацијата додека беа во Литванија првите денови, претпоставувам знаејки ги нашиве федерации сакаат секаде да имаат удел па сугерирале. А Марин си е стратег и не ги слуша сите. Така да сакал да даде отказ, но остана како селектор се само за Македонија и за кошаркарите пред се. Затоа за да остане на позицијата селектор треба да се решат тие работи и да се разговара. Се надевам се ќе се среди. А Врбица Стефанов како спортски директор изјави дека го гледа Докузовски на нашата клупа и на предолимпискиот турнир. Се надевам дека така ќе е.
Баш ми е криво што Марин веќе нема да е селектор ама што е тука е ..едвај го чекам следното ЕП..ми фали деновиве целата таа еуфорија и гледанјето натпревари..