дефинитивно успехот на кошаркарите придонесе за афирмација на овој спорт кај нас..еве како пример ке го дадам она што го гледам пред себеси.кај нас во продавница мегу останатото имаме и фудбали и баскети.претходно многу ретко кој купуваше и прашуваше за баскети,а деновиве и те како повеке ги бараат и купуваат,и мали деца бараат баскети што порано не беше случај-мамо купи ми сакам да бидам кошаркар..
Абе нема врска со кошаркава,ама има врска со навивачката песничка. Си седиме така у двор,си пиеме кафе и излегува чичко на тераса и му пее на мачакот ... Дојди (името на мачето) право на тараса,да видиш што е рипче прва класа и му џитка рипчиња на мачево! Се умревме од смеење!
Голем скок на ФИБА ранг-листата МАКЕДОНИЈА Е 33-ТА КОШАРКАРСКА СИЛА ВО СВЕТОТ По одличниот настап на Евробаскетот во Литванија, Македонската кошаркарска репрезентација забележа најголем раст на ранг-листата во светот На 10-те бодови освоени во Полска пред две години, нашиот тим додаде уште 15 со освоеното четврто место во Литванија и обезбеди скок од цели 14 места, што го прави 33-ти тим во светот. Според ранг-листата во Европа, Македонија сега се наоѓа на 13-то место, веднаш зад Израел и пред Летонија. Оваа ранг-листа на ФИБА (свет) се прави според резултатите на една земја во временски обем од два олимписки циклуси (осум години). Според системот на бодување, секоја освоена позиција на едно Светско првенство или на едни Олимписки игри се бодува пет пати повеќе отколку на едно Европско првенство. Инаку, на врвот на светската листа и натаму останува САД, пред Шпанија, Аргентина и Грција. Нема промени ниту меѓу останатите тимови во првите 10, каде се наоѓаат уште Литванија, Турција, Италија, Србија, Австралија и Кина. Комплетната ранг-листа - тука. http://www.fiba.com/pages/eng/fc/even/r ... nkMen.html
Ке искочам најголема трачарка на форумов,ама морам да ви пренесам! Нашиот Бошко,сеа по враќањево од Литванија,се сплеткал и бил со ДАДА-та од днк,не таа што се тресе,туку намуртената...Малава е сеа 3та средно,и сама пишала на фб дека била со него и не се знае за понатаму,демек мисли мн ја демнеат сите и и љубоморат... Сееееее за пуста слава во оваа Македонијава! пс. извинете за офф топик.
Гечевски се пензионираше http://www.kurir.mk/sport/kosarka/43681 ... nzionirase Голема загуба за МКФ. Ќе недостасува човекот. Прочитав и дека сега сме на 33. место на листата на ФИБА. Очекував да бидеме во првите 20, ама тоа е тоа. Можеби ако отидеме на ОИ ќе бидеме, но има време до тогаш. Важно, Литванија си се збогати од ова ЕП со 10 милиони евра.
Познатите го прашуваат Војдан Стојановски Тамара Тидевска -Ти се случило ли некогаш на договорен состанок да го пратиш Дамјан наместо тебе?А,да и кога ке одиме на кафе,имам многу другарки што сакаат да те запознаат? -Искренос сме размислувале на таква варијанта, ама во последен момент сме се откажале од замислата.Кафе може, но јас веќе заминував во Украина. Натали Грубович -Дали знаеш дека сме братучеди? -Да знам.Знаев од многу одамна,ама не сме имале можност да поразговараме на таа тема.А.ти знаеше или дозна сега по Европското првенство?(се смее) Ова е извадок од Свет.Го извадив најинтересното, штета што не можам се да препишам Spoiler Кога ке имам време ке напишам нешто и од интервјуто со Антич
Па добро, Гечевски одамна играше за репрезентацијава. А за недостасување, секако. Највисок, со искуство играч. Добар шутер. Се на се, одличен играч.
Eве ви го интервјуто целосно на Марин , може ќе ви се разјасни зошто ова на точка е само дел ... Spoiler Преземено интервју со Марин Докузовски: Велеа, Господ нека ни е напомош со овој селектор Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, која на нашиот народ му донесе месец на радост, Марин Докузовски, во интервју за Нетпрес искрено и насмеано говори за успесите и падовите на Евробаскетот во Литванија, за шокантниот пречек, за карактерите на неговите кошаркари и за критиките со кои бил испратен - “Господ нека ни е напомош со овој селектор“ и “тешко на оваа репрезентација со Марин“. Тој вели дека најверојатно ја напушта функцијата селектор, но останува да “гине“ за момците кои му го донесоа епитетот европски тренер. Најпрво честитки за големиот успех. Ги средивте ли малку впечатоците досега? „Се уште нема сумирање на резултати, немав време, меѓутоа дека се ова најубавите моменти кои сме ги доживеале и јас и кошаркарите во нашиот живот, тоа е сигурно. Ние бевме таму во една крајност, а дојдовме тука во една сосема друга крајност. Таму бевме изолирани, немавме време за радост, игравме натпревар по натпревар, и немаше време за еуфорија и славење. Кога дојде крајот, малку бевме разочарани од поразот со Русија, имавме голема желба да го освоиме, без разлика како течеше натпреварот. Вечерта бевме малку депримирани, но сепак едвај чекавме да се вратиме дома, бидејќи веќе бевме премногу изморени и тука очекувавме дека ќе се одмориме. Кога се вративме тука, не дочека таква еуфорија, таков пречек што не очекувавме. Сите бевме во шок, особено јас. Сеуште неможеме да ги средиме впечатоците, дури сега сфативме што сме направиле“, вели Докузовски. Тој додава дека дури сега сфаќа колку радост ни донеле тие, дека на народот навистина му требало да се израдува со некоја ваква победа. „Ние таму бевме како едно семејство, бевме сами, но кога се вративме назад се сплотивме со народот. Имавме голема желба да се израдуваме. Ние таму не бевме израдувани. Сето тоа беше голем шок за нас. Многупати таму додека правевме интервјуа, или додека бевме на некои посети, сите не прашуваа дали може да се сликаме. Нам тоа ни беше чудно. Ние сакавме да се сликаме со нив, не тие со нас. Мерак ни беше на сите“, додава Докузовски. Вели дека повеќе не му е важен медалот, ниту премиите за кои се зборувало. Додава дека единственото важно е тоа што успеале да направат народот да се почувствува горд на нив. Некои велат дека ова е инстант успех, како го коментирате тоа? „Инстант успех беше натпреварот со Грција, инстант е една победа. Но, да направите шест по ред, седум од 11 натпревари... Тоа за мене не е инстант успех. Оваа година многу трениравме на физички план, имавме проблеми додека траеа подготовките, претпрпевме многу критики. Токму тие критики не сплотија. Критики од типот „тешко на оваа репрезентација со Марин“, „Господ нека ни е напомош со овој селектор“ и останати како за мене, така и за играчите. Ние бевме трпеливи, се исклучивме од сето тоа и станавме едно семејство“, вели Докузовски. Успесите Ви донесоа и прекар, кошаркарски Мурињо. Знаете ли за овој прекар? „Право да ви кажам, прв пат го слушам тоа од вас. Најискрено. Мене знам дека ме викаат Доктор, и тоа навивачите на Работнички, ама за ова незнам. Но, годи во секој случај, а дознав дека ми направиле и графит, за кој ветувам дека ќе го видам уште денеска“, низ смеа вели Докузовски. Малку за атмосферата внатре во тимот, кој е најголем шегобиец во тимот, кој метафорички, ве одржуваше во живот во Литванија? „Најголем човек беше Тодор Гечевски. Значи тој беше човекот околу кој се’ се вртеше како личност и како карактер. Сигурно дека и другите беа карактери. Тука беше капитенот Перо, кој беше еден од клучните фактори. Генерално, ние бевме една фамилија. Мислам дека кога пак би бил селектор, многу ќе биде тешко некој да влезе во репрезентација ако не е карактер. Ние сите сме народни луѓе, затоа постигнавме успех“, вели Докузовски. Тој додава дека тие се едно вистинско семејство, дека еден за друг би “изгинале“ и надвор од теренот. Селекторот го посочува и актуелниот случај со трансферот на капитенот Перо Антиќ во Олимпијакос, за што вели дека имал многу консултации со него, иако заврши првенството и тој веќе не мора да се консултира со него како селектор. Запрашан за една од најголемите атракции на Евробаскетот натурализираниот Македонец Лестер Бо Мекејлеб, Докузовски ќе каже дека тој е многу специфично дете. „Бо е едно многу специфично дете. Тој е многу добар. Тој највеќе се вклучи во нашата шема. Сега вели ќе си купи стан, тука во Скопје ќе си живее“, се шегува селекторот, додавајќи дека Бо е голем обожавател на македонските девојки. Вели, Бо е многу среќен тука во Македонија. Како и репрезентацијата, така и народот, многу го цени. Додава, многу му помогнал во моментите по поразот од Црна Гора, кога дошол до него и му рекол да не се грижи, и дека натпреварот со Хрватска го добиваат сигурно. „Кога јас нешто ќе ветам, го исполнувам“, му рекол Бо. Односот со кошаркарската федерација, соработниците, играчите... „Со играчите и соработниците сум во фантастичен однос. Значи нема играч со кој не сум во добар однос. Ние таму бевме како фамилија, а знаете во секоја фамилија мора да има некој што ќе одлучува. Тоа ми го препуштија мене, а десна рака во тие работи беше Тоше Гечевски, како најискусен. Тука беше Перо како капитен и Влатко Илиевски како искусен. Немаше никакво туторство. Ние бевме фамилија, секој имаше право да каже што мисли. Единственото нешто што беше забрането во репрезентација беше негативно да се зборува. Некогаш не одеше се’ како што треба, имаше нервози, и се’ останато, но негативно не смееше да се зборува“, посочува Докузовски. Ваш близок пријател рекол дека „првиот момент кога ќе кажеш дека ја знаеш кошарката, готов си“. Ја знаете ли Вие кошарката? „Не. Тоа ми е од постарите тренери, и тоа правилно сум го примил. Во животот сум примил два совети за кошарката, многу клучни. Едниот е “куферот да ти е постојано спремен“. Сега сум тренер, губам два натпревари и толку. Одам дома. Само што си стигнал дома, стигнува понуда и веднаш одиш. Значи куферот трба секогаш да ти е спакуван. Втората работа е за она кога мислиш дека знаеш се’. Значи кошарката оди секогаш напред и ако не ја следам, ќе бидам демоде тренер, не дека сега сум модерен, но...Мора да се надградуваш постојано“, вели Докузовски. Според вас, има ли можност да се организираат во Македонија квалификациите за Олимписките игри? „Мислам дека ќе биде тешко. Тешко заради тоа што другите репрезентации како Литванија, Русија, Грција се финансиски појаки од нас, а Литванија многу пари потроши на Евробаскетот, а не направи ништо. Мислам дека сега ќе има многу голема желба да го организира и ова. Сега ако имаме ние пари, и кога би се одржувало кај нас, навистина би било одлично. Ние, статистички гледано, едно пет години немаме пораз во Македонија. Правиме една супер атмосфера и неможе никој да не победи. Значи ќе имаме голема предност да се игра тука, но тоа се сепак големи финансии. Иако, ние почнавме и надвор да играме добро“, низ смеа вели селекторот. Има ли некоја репрезентација која би сакале да ја предводите? „А, неее... Јас би сакал постојано да сум селектор на Македонија. Народот ме сака тука, и никој не може да ме сака како мојот народ. Од егзистенцијална точка ако гледаме, човек треба се’ да прифати. Ако ме прашувате што сакам...не сакам (се смее). Тука е убаво, ама нема финансии, финансиите се на салдо нула. Меѓутоа тоа е, ова што се случи неможе со ништо да се замени. Ако очекував, ќе бев поподготвен, но вака, неможе да се опише“, вели Докузовски. Потсетувајќи се на моментите на пречекот во Скопје, кога во еден момент виделе еден човек на трактор како им мафта, раскажува како му говорел на Влатко Илиевски за времето кога го чекале Тито да помине. „На времето, ќе не собереа од школо, на Партизанска, два часа порано. Сите со знамиња Југославија, и чекаме да помине Тито. Ќе помине и на една секунда ќе ни мафне со белата ракавица, а ние сме го чекале два саати да дојде. И сега се потсетив на тоа, и се смеевме со момците“, раскажува Докузовски. Вашите планови за иднина, Работнички, репрезентацијата или нешто сосема друго? „Јас дадов изјава и пред почетокот на европското првенство дека повеќе нема да бидам селектор, дека завршив. Не знам сега какво е мислењето на општата јавност, но ќе треба да поразговараме за таа функција, ама мислам дека ќе останам на тоа дека нема да бидам повеќе селектор“, изјави во интервјуто за Нетпрес, селекторот на македонската репрезентација Марин Докузовски. Тој вели дека е можно да се случи да биде на функцијата главен селектор на сите репрезентации, како државен селектор. „Да помогнам за развој на младите, затоа што верувам дека ќе се создаде еден вид на вакуум за некоја година. Јас така мислам. Има деца, но не гледам работа. Не се обучени. Немаат тренери. Тука мора да се поработи. Ние дојдовме до тука и сега за некоја година ако ништо не се направи, да паднеш во дупка не е убаво. Ќе помогнам во тој дел во репрезентацијата. И на оваа селекција ќе и помагам се разбира, ќе бидам присутен на секаков начин. Сега е рано, не сум размислувал за функциите“, вели Докузовски. Тој вели дека засега останува во Работнички, но и дека прв тренер ќе биде Марјан Србиновски. „Во овој момент јас сум слободен агент. Има многу менаџери со кои сум во контакт, но со никој не сум потпишал ништо, затоа што сум рекол дека кој ќе ми најде најдобра работа, со тој ќе потпишам. Во моментов ниту физички, ниту психички не сум спремен. Морам да ги средам впечатоците, затоа што исцрпен сум максимално“, вели селекторот. Докузовски вели дека засега ќе чека да се средат впечатоците и да ја одбере вистинската понуда за да не направи некоја грешка. 26.09.2011 Инаку Антиќ со потпишувањето со Олимпијакос ќе зема 600 000 евра по сезона ... Договорот е 2 годин и па пресметајте ...
Jас очекував поголема сума од 600 илјади мислев милионче зима, али тродупло послабо се платени кошаркарите од фудбалерите за жал. Сметам дека Антиќ повеќе вреди. Друго ние сме 33то место и скок од 15 места. Тоа е најголем скок годинава. Си добивме поени и 33то е одлично, ние пред 4 години бевме во Б девизија. Така да не паѓа ништо од небо, се се добива лека полека, така и ќе одиме на подобри позиции со тек на времето Иначе видете го Мекелеб, ѕвезда е во Монтепаски.
Ова го имаше во интервјуто на коментаторот за идивиди, и кога го процитам баш се зачудив.Секоја чест.
Денес пак во Наш Свет го имаше Мекејлеб. Го скенирав... и http://supersport.com.mk/kosarka/vesti/ ... 0-13-05-09 Интересно ќе биде.
Гледајте го клипчево ќе се препознаете во неколку типови на навивачи, јас се скинав од смеење, во речиси сите ме има напалени посебно во последните минути од нашите инфаркт натпревари, а и телевизорот сум го кршела, па и давам тренерски тактики, емотивност како моите солзи за влез во полуфинале , критичар сум голем или солам памет, сите овие изреки за судија ги имам кажано , а и секако превозбудени јас на моменти не гледам и баш вака ѕиркам со едно око , параноик сум, пејам обавезно некоја патриотска песна на тајмаути ако водиме. Клипчево ми е закон ми го развесели денов http://www.youtube.com/watch?v=gOBkdBEW ... r_embedded
Одиме по распоред: Напален навивач. Тие што мислат дека телевизорот е крив. ШТО СЕ ПОНАШААТ КАКО ТРЕНЕРИ (Иста јас) Ме мава на емотивност Што се прават многу паметни (пак иста јас) И многу е јако кога се расправаат за тимовите, едните за МИЛАН другите за интер. Оооо очите сум си ги вадела за ова Хахахаха се пресмеав. Не им е лесно на тие што се до мене кога навивам, дефинитивно
BTW ќе има типацов на секои три дена ново видео Ептен е смеа Да не сум офф топик кога ќе играат нашите пак,таму Лондон или кај требаше да одат?