Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    492
    Тимот на Владо Илиевски, Андолу Ефес играа со тимот на Перо, Олимпијакос и резултатите беа 87:62 :)
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Се изнасмеав за песничево баш е кул :)


    Ми се допадна, ко литванска чирлидерка,
    Те засакав уште веднаш, ко на Бо кошот со Грузија,
    Првиот пат ми беше како кога ја тепавме Грција,
    Кога ми рече ме сакаш ми беше како влез у четвртфинале,
    Од тогаш, секој миг ми фалиш како кош со Русија,
    Кога си ми лута ми е како изминат напад у последна четвртина,
    Ме нервираш како фаул у напад, а сепак си ми единствена,
    како Македонија од Балканот у полуфинале,
    За тебе зарипнувам како против Литванија,
    Секој пат кога ќе ми текне на тебе,
    се насмевнувам ко Чековски,
    За тебе крадам мигови, како Стојановски топки,
    Ме радуваш секогаш како на Влатче тројката,
    Понекогаш и ми тежиш, како сите пива овие 2 недели,
    А сепак,
    Те сакам како 4 место на Европско!
     
    На dancing.queen, Smilly, Buttterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    :rofl: :rofl: :rofl:
    Одамна се немам смеено вака! :D
    Јас сум во тие возбудените. Хистеришам по дома за време утакмица, смирување амин.
     
  4. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    леле ,каде го најдовте клипчево :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    скоро во сите ме има! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    492
    :D
     

    Прикачени фајлови:

  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Реков да не се фалам ама не издржав ^_^ ^_^ ^_^ сликава е од вчера се дружевме :P . Многу ве поздрави и својата благодарност ми ја докажа и покажа :rofl: ...
    Хи ис мајн бичес 8) :D




    А а а ? ^_^
     

    Прикачени фајлови:

    На Smilly, crazylady, Viiiiip и 2 други им се допаѓа ова.
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Можеби големата Шпанија ги има импресивните браќа Гасол, но дефинитивно симпатиите на овогодинешниот еврошампионат во Литванија ги освоија Војдан и Дамјан Стојановски, браќата близнаци од нашиот репрезентативен состав.

    http://www.karmakasha.mk/rubriki/sport/ ... i-za-ginis
     
    На Smilly, Hiii, Buttterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не поврзано со македонска репрезентација но вреди да се погледне, ама вреди зборот да е болдиран и со фонт 90ка.
    Значи сите што мислеа дека нашиве момци имаат трилер завршници погледнете ги овие 2 клипчиња и бидете среќни што сме го немале ова. Во спротивно да имавме вакви завршетоци на кардиологија ќе немаше место.

    http://www.youtube.com/watch?v=zijh7EAA ... =fvwp&NR=1

    http://www.youtube.com/watch?v=s10eG415NxU

    Не сте човечки суштества ако не се наеживте после гледањето на клиповиве ;)
     
    На Monna.Monna, Buttterfly, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    :o

    Останав со подотворена уста на крајот. Ова да ни се случеше нам, а да чукнам во дрво фала Богу што не ни се случи, јас би доживеала срцев удар. Неверојатно. :clap:
     
  11. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Лелелеее [​IMG]

    На второво видео кога го видов Бо како се радува, се потсетив на нашите кошаркарски септемвриски денови :lol:
     
  12. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Ни се имаше со нас вака случено..со Литванија :)
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Е, не беше исто, овие во 5 сек. дадоа и двете екипи 3ка, а кај нас не беше ни приближно вака.
     
  14. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    На The-Queen и Buttterfly им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Браво :clap:
    Кошаркарската федерација испрати писмо до еврокомесарот Филе кој го негираше македонскиот идентитет
    [​IMG]

    Се уште се свежи спомените на штотуку завршеното Европско првенство во кошарка во Литванија, на тој собир на заедништво и спортско надмудрување кој ја обедини Европа и ги обедини сите нејзини граѓани. На тоа првенство, со сиот наш потенцијал и спортски дух и со целата енергија игравме за Република Македонија, за македонската кошарка и за македонските навивачи а попат ги освоивме симпатиите на сите неутрални и вистинските љубители на спортот.

    Нашите успеси на Европскиот собор звучно одекнаа во сите делови на светот, од устата на спортските коментатори од целиот свет кои не се штедеа да истакнат дека “Македонската репрезентација”, “Македонците”, “Македонија” прават вонсериски успех, до статиите и прилозите на најзначајните светски и европски весници и телевизии кои соопштија за големиот дострел на македонската кошарка.

    Затоа сме крајно навредени од последните постапки на Европската Комисија со кои се негира нашиот Македонски идентитет. Тоа е навредливо потценување на нас, и на нашите македонски граѓани кои ни ја дадоа сета своја љубов и подршка да постигнуваме успеси.

    Ние добро знаеме кои сме и што сме, тоа се гледа на нашите дресови, тоа се покажа преку натпреварите и коментарите на светскиот печат, а најдобро се потврди во текот на целото првенство и осебно на свечениот дочек кога цела Македонија во еден глас пееше за успехот на Македонците. Тоа се факти кои се неспорни и кои ги прифаќа сиот слободен свет, и треба и Европската Унија која ја респектираме, исто така да ги прифати.

    Почитуван Еврокомесаре, спортот е базиран на фер плеј кодекс и не учи на вредности и достоинство, и ние само сакаме да се почитуваат вредностите и достоинството. Тој спортски кодекс го прави спортот величенствен и општо прифатлив за секоја човечка индивидуа низ целиот свет но за жал и многу различен од политиката. А токму политиката најмногу би добила со почитувањето на спортскиот кодекс и фер плеј, со што би стекнала достоинство и подршка во очите на секој еден граѓанин на Европа

    Искрено се надеваме дека ќе го смените вашиот однос, и од името на сите Македонски граѓани кои безрезервно не подржуваат бараме од Вас да не нарекувате онака како што се чувствуваме со целото свое срце и целата своја душа – Македонци, и никако поинаку.

    Интегрален текст од писмото на Кошаркарската федерација на Македонија испратено до еврокомесарот за проширување Штефан Филе
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Кога беше парвенството по кошарка и Македонија добиваше победа след победа ние бевме во Охрид на тезгата. Станав свидетел на све, што се дешаваше по улициве. Сите викаа, пееја, скачаа, свиреа, гужва настана јака. Така се возбудив, што се разплакав. Како сите само се радваа, убаво е кога сите се собират на едно место ЗА УБАВО и се радуваат, плачат од среќа. Јас исто бев горда. Искрено се радував за нив, што станаа легенди во Македонската кошаркарска лига. Им посакувам од срце уште по голем успех, не само на територијата на Европа, туку да се изправат очи во очи со световни лидери по кошарка и лом да ги направат...
    Браво момчета, вие сте гордоста на Македонија! :muscle: :l:
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
  18. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Македонија е една од кандидатите за предолимпискиот турнир.Ние сме во конкуренција со Андола,Венецуела и Литванија.На 10ти ќе дојде делегација за да ја разгледа БТ и Скопје и да проверат дали ги има сите капацитети за оддржување на предолимпсикиот турнир.

    Засега на фејсбукот анкетата на ФИБА,ние ја водиме Литванија со оптилика 500 гласови.

    ГЛАСАЈТЕ!

    https://www.facebook.com/questions/10150445761891271/
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ухуууу ајде ајде, јес да гласовите немаат влијание, сепак не е лошо секако да знаат од ФИБА дека на нивната официјална анкета Македонија водела.
    За 1 месец и неколку дена, поточно 11ти декември во Мадрид централниот борд на фиба има состанок па ќе одлучат и тогаш ќе кажат.
    Борбата е меѓу Литванија и Македонија. Литванија се покажа одличен домаќин и ги има сите услови за да го добијат турнирот. Додека Македонија најпрво овој месец ќе пречека делегати од ФИБА и ќе им го испрезентира проектот, па дали ги имаме условите, па дали салите ги исполнуваат условите, па сместувања, хотели, безбедност... има многу многу работи што треба да се штиклираат пред да бидеме избрани. Притоа ако ние ги исполнуваме барањата верувам дека ќе не изберат нас, и треба овој турнир на Македонија за нејзина афирмација а фиба реално секогаш не подржувала, плус се во одлични контакти со нашата КФМ и Врба ќе направи се за да го донесе тука турнирот. ;)

    Притоа еве една приватна фотка од нашата гоцева раса :D :D :D
    [​IMG]
     
  20. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Да се надеваме дека кај нас ќе се одржуваат квалификациите за Олимписките игри! Напред МАКЕДОНИЈО!