Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Моментално на официјалната страна на фиба каде што е отворено гласањето
    http://www.facebook.com/questions/10150 ... ?qa_ref=qd

    Македонија води со 2000 гласови против Литванија :clap:
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    И без скандал нормално не се може |(

    Литванската антидопинг агенција потврди, дека двајца кошаркари биле позитивни на коnтролите направен за време на последното Европско првенство во Литванија.
    Агенцијата не ги соопштила имињата но, истакнала дека се работи за репрезентативци од Македонија и Шпанија. Ние на крајот игравме за третото место и бевме совладани од Русија додека Шпанија го освои златото откако ја совлада во финалето слекцијата - на Франција, пренесува Спортското радио 90,3 ФМ.
    Антидопинг агенцијата најавила дека резултатите ќе ги проследи до ФИБА која ќе одлучи, дали ќе реализира натамошни анализи, пишува шпански АС. Литванците потврдиле дека во моментов не може со сигурност да се потврди дали станува збор за допинг или има некаков друг проблем со телата на двајцата кошаркари.
    Ако бидат прогласени за виновни, кошаркарите ги очекува максимална казна од две години суспензија.


    Ајде баш сега пред да се организира предолимспискиот турнир они ни прават скандал абе ај.
    И тоа баш литванците го прават .
    Ова ќе испадне некоја политика. 2 месеци по завршување на турнирот они резултати уште не предале.
    Па уште и не знаат што е.
    Да нашите може се допингувани, со алкохол, дека имавме многу за славење, тоа што они го немаа :party:
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Од авион се гледа дека им е криво што изгубија и не се пласираа во полуфинале, па сега пред олимписките игри прават скандал за да ни вратат. Да бе, од Македонија и Шпанија баш, абе ај ако им се пушти Наваро ќе им каже убаво. Баш ќе испадне политика, фала богу не верувам дека се работи за допинг, а и да откриле нешто сигурно не е до тоа, туку барале зрно во пустина само за да не спречат во понатамошните успеси.
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Пред малку излезе официјално соопштение од ФИБА дека немало НИТУ ЕДЕН допингуван кошаркар на Европското првенство.
    Само официјалните информации се релавантни, се друго е чиста шпекулација и дезинформација.
     
    На Insanity, Smilly, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Е авион, малку е авион, од месечината се гледа работава :rofl: :wasntme: и уште им е криво што изгубија од нашиве :o леле уште тагуваат литванциве :tmi: аман што толку, како божем територијата на нивната држава сме им ја земале :D Ептен им е криво, разбира се, ама па немора до толку, нормално е човек да губи или победува во натпревар.Мора ли за се нешто нас да не негираат? :fubar: |( А политиката каде не ја нема.Како и да е и нареден пат требит да победиме некого :D 8) па колку сака нека се бунат странциве... ]:)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    204
    Охохоооо што убаво е кога некој има толку страв од Македонија! ]:) Ако,има и зошто,ни нема рамни! Ќе си го земеме турнирот овде кај нас не се секирајте ;) Таква сензација бевме,сигурно ќе сака светот да види какви организатори сме :)
     
  7. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    ФИБА задоволна од условите во арената „Борис Трајковски“

    ФибДелегацијата на ФИБА, на чело со спортскиот директор Љубомир Котлеба и директорот за организација на настани Предраг Богосављев, денеска изврши инспекција на инфраструктурата и на условите што ги нуди арената „Борис Трајковски“. Двајцата претставници на ФИБА беа задоволни од она што го видоа и си заминаа со позитивни впечатоци. „Мислам дека не е спорно дека техничките услови постојат и мислам дека салата е на потребното ниво“, изјави по инспекцијата Предраг Богосављев, директор на ФИБА за организација на настани. „Сега, следно е да разговараме со државните институции и да видиме дали има поддршка од нивна страна за организација на овој турнир, што е многу важно во случајов. Федерацијата сама, без поддршка на државата, не може да одговори на барањата“, додаде Богосављев, кој најави дека следната недела одат во посета на Венецуела и Ангола.

    Луѓето од ФИБА ја коментираа и „Фејсбук-војната“ помеѓу Македонија и Литванија за организација на квалификацискиот турнир за пласман на Олимпијадата во Лондон 2012 година. „Конечната одлука ќе ја донесе Централниот одбор на ФИБА. Убаво е да знаеме дека постои огромен интерес, ги следиме и анкетите и организацијата на овој турнир тука во Македонија би бил голем настан и луѓето би уживале, но постојат и други фактори што се важни“, рече директорот за организација на настани на ФИБА.


    Домаќинот на квалификацискиот турнир ќе биде објавен на 11 декември во Мадрид. Македонија и Кошаркарската федерација досега организираше многу младински европски првенства, а стекнатото искуство ќе биде драгоцено и во подготовките за овој голем спортски настан. Добивањето на организацијата на квалификацискиот олимписки турнир ќе биде најголемиот спортски спектакл, што некогаш се случил во нашата држава и огромна шанса за првпат во својата историја Македонија да се појави на една Олимпијада во екипен спорт.

    Ај да ни се посреќи ! :D
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Интервјуто на Марин Докузовски за idividi.com.mk

    Марин Докузовски, селектор на машката кошаркарска репрезентација на Македонија
    Кошарка + Успех = Марин Докузовски
    Ги подигнавме критериумите и секој ќе очекува успех од нас

    Во професионалната кариера на Марјан Докузовски бројот 2 значи судбина. Неговото име и презиме станаа синоним за успех во кошарката и како играч и посебно како тренер на: Работнички, МЗТ Скопје, Поло трејд, Лукоил академик. Сепак, негов најголем успех (барем досега) е освоеното 4. место на Македонската машка кошаркарска репрезентација на неодамна завршеното ЕП во Литванија.

    Уште еднаш би сакал да Ви честитам на историскиот успех!

    Најискрено Ви благодарам и ги поздравувам читателите на ИДИВИДИ!

    Заврши ли еуфоријата речиси два месеца по враќањето од Литванија?

    Еуфоријата уште ме држи и прекрасно е чувството овде. Ме одушеви фактот што цел македонски народ беше сплотен, искрено се радуваше и отворено ги покажуваше чувствата.

    Ве запираат ли на улица да Ви честитаат?

    Да, да, хаха. Иако не сум навикнат на такво нешто, тоа годи. Ме изненади фактот што многу луѓе ми коментираа дека досега воопшто не гледале кошарка, а заради нашите успеси почнале тоа да го прават.

    На Ваша идеја, пред три дена започна акцијата „Манифест на Македониум“. Станува збор за неформална група спортисти и уметници кои сакаат да дадат свој придонес во зачувување на македонскиот идентитет, литературен јазик и име. Сето тоа дојде како реакција на есенскиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Што Ве поттикна на ваква идеја?


    Додека бевме на ЕП во Литванија, нашето име се споменуваше илјадници пати. Сите и насекаде не условуваа со Македонија и бевме горди, зашто Европа и светот ни искажаа почит. Вистинска чест и привилегија беше да се биде Македонец. По враќањето и презентирањето на извештајот бев разочаран и депримиран и не можев да го прифатам фактот дека некој сака да не негира и да вели дека не постоиме. Идејата потекна од фактот што во Литванија имавме голем број поддржувачи како Есма Реџепова Теодосиевска, Симон Трпчески, Индира Кастратовиќ и други луѓе од различни сфери. Решив да направиме нештo и ова е резултат на тоа.

    Како натаму ќе дејствувате?

    Веќе се отворени книги за поддршка во кои сите спортисти и уметници од земјава и странство преку потпис ќе може да ја искажат својата поддршка. Тие се поставени во Домот на АРМ, СЦ „Борис Трајковски” и Друштвото на писателите на Македонија. Нашето писмо ќе го испратиме до канцеларијата на ЕУ во Скопје и до комесарот за проширување Штефан Филе.

    Повторно би се вратил на ЕП. Очекувавте ли ваков успех?

    Пред почетокот на ЕП наша желба беше да се пласираме во вториот круг. Со тоа ќе го надминевме успехот од претходното ЕП во Полска каде во вториот круг се одеше и со една победа. Но, тогаш учествуваа 16 репрезентации, а сега 24. Значи, нам ни беа потребни три победи. Од натпревар во натпревар, растеше нашата самодоверба и многу ме радува фактот што ние не застанавме кога се пласиравме во вториот круг, не се задоволивме со тој успех. Сакавме уште, сакавме поголем успех, но без оптеретување дека мора да се победи или нешто да се направи по секоја цена.

    Бевте ли разочарани по првиот натпревар и поразот од Црна Гора?


    Да, од резултатот, но не од играта, посебно во одбраната. Тие беа едни од фаворитите во нашата група. Видовме дека ако може да се носиме со неа тоа ќе можеме да го направиме и со другите репрезентации што на крајот се покажа како точно.

    Следуваа победи против Хрватска, Грција, Финска, БиХ,...Имаше ли натпревар на кој не бевте задоволни од играта?


    Од натпревар во натпревар игравме се подобро и имавме фантастична одбрана. Единствен натпревар на кој одигравме послабо, иако победивме, беше оној со Грузија. Игравме под притисок дека мора да победиме, зашто на тој ден 8. Септември, Македонија славеше 20 години независност. Сакавме со победа да честитаме што на крај и се случи и за нас значење пласман меѓу осумте најдобри.

    Каков беше односот со Грците, Ви честитаа кога ги победивте?

    Да. Односот со нив беше професионален и на ниво. Бевме сместени во ист хотел и коректно се однесуваа. Знаете, кај нив играат многу наши кошаркари.

    А, како реагираа домаќините кога ги победивте?

    Морам да истакнам дека Литванците беа одлични домаќини и коректни како публика. По победата, домаќините не предупредија да не излегуваме и да одиме веднаш во хотелот. Меѓутоа, имаше многу Литванци кои ни честитаа, дојдоа во хотелот да се сликаат со нас. Дури отпечатија маички со натпис „Македонија ни го скрши срцето” кои многу брзо се продадоа. И покрај се, тие до крај навиваа за нас.

    На натпреварите делувавте смирено и опуштено. Но, како Ви беше во душата?

    На вакви шампионати пред сè мора да имате голема концентрација. Секојдневно се играат натпревари и мора да сте концентрирани, зашто секоја грешка ве носи во пропаст. Да, делував смирено, зашто тоа мораше така да биде. Не може да се покаже нервоза, кога играчите го оставаа срцето на паркетот. Мора да покажете дека верувате во нив и дека ако продолжат со таква игра резултатот ќе дојде. Нивната самодоверба растеше секогаш кога ќе ја видеа смиреност на целата клупа. А во однос на мојата душа, јас си знам како ми беше, хаха.

    Кој момент беше најтежок?

    Несреќниот пораз во последната секунда од Русија кој не значеше многу. По натпреварот влегов во соблекувалната и ги охрабрив играчите дека на ист начин ја победивме Грузија.

    Пред Вас и кошаркарите е уште една историска шанса: Можност за прв пат Македонија да настапи во екипен спорт на Летните олимписки игри во Лондон 2012. Како ги проценувате шансите?


    Предизвик е да се настапи на олимписки турнир. Повторно ќе играме со: Литванија, Грција и Русија. Освен овие три репрезентации и нашата, мислам дека за првите три места кои водат во Лондон ќе конкурираат уште Порторико и Нов Зеланд. Сакале ние или не ќе имаме притисок, зашто ги подигнавме критериумите и секој ќе очекува успех од нас.
     
  10. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Дали некој знае сега за која репрезентација игра Перо Aнтиќ?? Знам порано за Бугарија и земаше доста голема плата , али сега незнам ?? :?:
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Имаше пишувано и во темава за тоа, ама многу поназад и затоа не можеш да се снајдеш.
    Антич игра за грчки тим Олимпијакос, и покрај тоа во срцето му била Македонија, така и јавно си изјавува, :clap:
     
    На SaIvnjaann му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Мислиш за кој тим, а не за која репрезентација... :)
     
    На SaIvnjaann му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    МАКЕДОНИЈА убедливо и континуирано си води, да си надеваме дека оваа анкета ќе биде голем + за одлуката
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Me фаќа страв мајке ми, во недела имаат состанок и ќе кажат дали сме го добиле предолимпискиот турнир. Одвај чекам.


    А дотогаш може да гласате за БО, за кошаркар на годината.
    Може да се гласа еднаш на ден, па така да гласајте почесто, многу лесно меил име презиме и 3 опции. Кликнете и кое место сакате да се избраните кошаркари. :)
    http://www.fibaeurope.com/cid_5FGcSsn0G ... 9L3b2.html
     
    На Hipica и macysh им се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    24.305
    Пол:
    Женски
    Гласано :) Браво за Бо, го заслужи ова :)
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ :( :( :( :( :(

    Во финалното гласање на Централниот борд во Мадрид ФИБА одлучи дека Македонија нема да биде домаќин на квалификациите за олимпискиот кошаркарски турнир, со што Литванија и Венецуела остануваат единствени кадидати.
    Покрај Македонија, домаќинството на квалификациите го посакуваше и Ангола, но таа прва испадна од конкуренција. Финалната одлука на ФИБА ќе биде соопштена најверојатно утре.

    Русија, Македонија, Литванија, Грција, Доминиканска република, Порторико, Венецуела, Нов Зеланд, Ангола, Нигерија, Јордан и Јужна Кореја се 12-те селекции кои од 2-ри до 8-ми јули во Лондон ќе играат на квалификациите за ЛОИ. Учество на Олимпијадата ќе обезбедат само најдобрите три селекции.

    И покрај тоа што делегацијата на ФИБА беше задоволна од инспекцијата која пред извесен период ја изврши во Македонија, сепак се претпоставува дека помалата сала која ја има Скопје во однос на Каунас (15.000 седишта) и Каракас (13 илјади) и искуството од организирање големи натпреварувања се главните причини за ваквата одлука на ФИБА.
     
    На lovemebaby му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ај на гласање ...


    Мекејлеб номиниран за најдобар европски кошаркар – Гласај за Бо!


    ФИБА Европа денес ги објави номинираните во изборот за најдобар европски кошаркар за 2011-та година, а помеѓу десетте кандидати е и македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб.
    Македонскиот плејмејкер се најде во друштво на браќата Гасол, Новицки и останатите ѕвезди на европската кошарка, а гласањето почнува денеска и ќе трае се до 31 јануари.

    „Бо Мекејлеб имаше година за паметење. По повторувањето на пласманот на фајнал-фор турнирот од Евролигата со Монтепаски Сиена, бекот направи голем успех за Македонија на Евробаскет 2011. Малкумина веруваа во потенцијалот на оваа селекција, но Мекејлеб го водеше својот состав дури до полуфиналето, попат победувајќи го домаќинот Литванија со брилијантна игра во четвртфиналето. Поради тоа, тој обезбеди свое место и во најдобрата петорка на турнирот“, пишува на официјалната интернет страница на ФИБА Европа.

    Покрај Мекејлеб, во игра за наградата за најдобар европски кошаркар за 2011. година се: Николас Батум (Портланд), Димитрис Диамантидис (Панатинаикос), Пау Гасол (Лејкерс), Марк Гасол (Мемфис), Андреј Кириленко (ЦСКА Москва), Хуан Карлос Наваро (Барселона), Дирк Новицки (Далас), Тони Паркер (Сан Антонио), Душко Савановиќ (Анадолу Ефес).

    Својот глас за Лестер Бо Мекејлеб можете да го дадете на официјалната страница на ФИБА Европа, http://www.fibaeurope.com, гласај директно, Гласај за Бо!.
     

    Прикачени фајлови:

    • 08.12bo1.jpg
      08.12bo1.jpg
      Големина на фајлот:
      69,3 KB
      Прегледи:
      170
    На Hipica, FortuneTeller.xD и starbucks им се допаѓа ова.
  18. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    963
    Гласано!
     
  19. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    ВЕНЕЦУЕЛА ДОМАЌИН НА ПРЕДОЛИМПИСКИОТ ТУРНИР ВО КОШАРКА

    Во Јужна Америка, Македонија ќе ја бара шансата за пласман на Олимписките игри во Лондон откако ФИБА одлучи предолимпискиот турнир да се одржи во Венецуела.

    Јужноамериканската земја за прв пат во историјата ќе биде домаќин на еден голем турнир на кој од 2 до 8 јули следната година ќе настапат, Македонија, Литванија, Грција, Русија, Ангола, Доминиканската Република, Јордан, Јужна Кореа, Нов Зеланд, Нигерија, Порто Рико и домаќинот Венецуела.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.