УЛАЛАЛАЛА Македонија поднесе кандидатура за ЕП 2017 заедно со Србија и Бугарија Македонија, заедно со Србија и Бугарија и официјално поднесе кандидатура за домаќин на Европското првенство во кошарка во 2017 година, која што пред бордот на ФИБА ја презетираше претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димески. Кошаркарските власти на трите земји веќе имаат договор за сите детали поврзани со кандидатурата, а сега се очекува и поддршка од државните институции во Македонија, Србија и Бугарија. Со своите игри на ЕП во Литванија македонската кошаркарска репрезентација го привлече вниманието на сите, но ФИБА ги разочара македонските љубители на кошарката кога го одби барањето на КФМ да го организира предолимпискиот турнир и организацијата и ја додели на Венецуела. Затоа, се надеваме дека оваа кандидатура ќе биде успешна. Денес, ФИБА и официјално треба да и ја додели организацијата на Евробаскетот 2015 на Украина откако Франција, Германија, Италија и Хрватска ја повлекоа заедничката кандидатура.
Тие ја одбележаа 2011 година!!! Епа убави солзички си пуштив на видеото... Од среќа де http://www.youtube.com/watch?v=lJZmlxsjTkc
Војдан е прогласен за најдобар кошаркар за 2011 година Спојлер http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=48&egId=6&eventId=84745 Браво Војдан
Ова сакам да го споделам со Вас. Што ја одбележа 2011год. (другите пишуваат) http://www.hrsport.net/vijesti/431321/k ... od-medalje
Македонскиот кошаркарски сон кој стана јаве Кога ќе се погледне сето она што и’ се случуваше на Македонија на спортски план во годината која ги брои своите последни денови, не може, а да не се присетиме сите, со топлина во нашите срца на величествените моменти кои во септември ни ги приредија нашите најдобри кошаркари. Херои кои од најубав можен аспект ја обележаа оваа 2011. година. Ги испративме скромно, со надеж дека можат да ја минат својата група и да се пласираат во следната фаза на самитот на најдобрите европски репрезентации. Ги дочекавме како херои, најголеми на спортски план од осамостојувањето на Македонија, кога преку 100.000 луѓе се собраа да ги видат кошаркарите кои им го разубавуваа секој ден во септември и кои не’ научија сите нас дека соништата можат да се остварат. Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Тодор Гечевски, Предраг Самарџиски, Владо Илиевски, Ѓорѓи Чековски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Димитар Мираковски, Ивица Димчевски и Марко Симоновски се 12-те џинови кои гордо ги бранеа боите на Македонија на Евробаскетот во Литванија. Дванаесет јунаци кои секој на свој начин придонесе за историскиот успех и кои засекогаш ќе бидат запишани со златни букви во историјата на македонската кошарка. Дванаесет јунаци кои го шокираа кошаркарскиот свет и кои со својата борбеност ги освоија срцата на неутралните фанови, на оние кои секогаш навиваат за помалиот, за аутсајдерот. Само што, Македонија на ЕП воопшто не беше мала. Доколку можеше да се измери срцето кое го оставаа на секој натпревар на теренот, момците кои ги предводеше Марин Докузовски во Литванија беа најголеми. Како такви засекогаш ќе бидат запаметени во нашите колективни сеќавања, а и како некои како ретко кој до сега ја обединија цела нација. Позитивната атмосфера и насмеаните лица кои можеа да се видат низ цела Македонија, а и на трибините во Литванија, каде нашите навивачи неуморно им даваа крилја на играчите, се доказ за тежината која со себе ја носи успехот во еден колективен спорт. Нешто што овој народ го чекаше цели 20 години и за што овој народ беше гладен. Поради таа позитивна енергија не може да се измери тежината на она што кошаркарите го сторија во Литванија, нешто со што не ја одбележаа само оваа година, туку и 20-те години независност на Македонија. Две децении самостојност кои беа украсени со убавите вести од Литванија. Сега сите ние се надеваме дека кошаркарите ќе бидат пак тие кои ќе ја одбележат и 2012. година. Благодарение на нив, сега го сонуваме олимпискиот сон и веруваме дека нашите спортски херои можат до ново чудо, дека можат да ја однесат Македонија и на Олимписките игри во Лондон. Доколку одиграат како на Евробаскетот, ништо не е невозможно. Нешто на што тие не’ научија со својата литванска приказна. Приказна за сите времиња по која сега сите знаат каде е Македонија.
Докузовски повеќе не е селектор на кошаркарите Новиот прв човек на националниот тим ќе биде назначен до крајот на месецот, а Марин ќе продолжи како советник Наум Котевски Марин Докузовски и официјално повеќе не е селектор на македонската кошаркарска репрезентација со која минатата година во Литванија го оствари историскиот успех во македонскиот машки колективен спорт - пласманот на четвртото место во Европа. Тоа е епилогот од средбата меѓу Докузовски и претседателот на Македонската кошаркарска федерација Даниел Димевски. Според Федерацијата, на средбата било искажано обострано задоволство од соработката и постигнатиот успех. „Анализирајќи ја новонастанатата ситуација поврзана со новиот ангажман на селекторот во Лукоил Академик и договорните обврски кои од него произлегуваат, а бараат целосна физичка и стручна посветеност на клупските обврски, МКФ му изрази поддршка на селекторот во реализирањето на неговата понатамошна кариера“, велат од МКФ и додаваат: „Сакајќи, сепак, и во иднина тој со своето присуство и капацитет да биде дел од стручниот штаб на нашата репрезентација, на обострано задоволство е договорено Докузовски да остане активно вклучен како советник на новиот селектор, кој ќе биде избран и назначен до крајот на месецот“. Докузовски неодамна потпиша со бугарскиот Лукоил Академик, тим кој го водеше и во сезоните 2004/2005 и 2006/2007, за месечна плата од 6.000 евра, како што тврдеа бугарските медиуми. Уште пред да го стави официјалниот потпис со Бугарите, за кои настапува и македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски, Докузовски кажа дека би сакал да остане селектор на репрезентацијата, но дека ќе бара поинакви услови од Федерацијата. Но, не финансиски, туку технички. Дали Федерацијата не можела да ги прифати неговите барања и зошто Докузовски нема да го предводи тимот на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри, што ќе беше логично продолжение на успехот во Литванија, не успеавме да дознаеме лично од него. Тој вчера не се јавуваше на својот мобилен телефон. Како што е познато, Докузовски лани беше жртва на домашните хулигани како тренер на Работнички во полуфиналната серија против МЗТ Скопје. Кога беше удрен со рачка од тапан во „Борис Трајковски“ реши да си замине. Го немаше на клупата се' до петтиот решавачки дуел со градскиот ривал. На прашањето зошто се врати Марин кажа: „Поради навивачите. Се појавија околу 200 пред мојата куќа. Дури и комшиите почнаа да се мајтапат викајќи: Маринеее, врати сее..“. Сега бројката на фанови кои би сакале Марин да продолжи во репрезентацијата е драстично поголема. Но, тешко дека нешто може да ја промени нелогичната ситуација. Извор
ВОЈДАН ПРЕТСТАВЕН КАКО ОГРОМНО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ДОЊЕЦК Војдан Стојановски не дебитираше викендов за неговата нова екипа, но беше преплавен од украинските медиуми кои во него гледаат главна причина за титула на Доњецк Војдан Стојановски со капче со логото на новата екипа, ги дава своите први интервјуа како член на Доњецк Како најдобар играч на Черкаски Мавпи, Војдан Стојановски викендов официјално стана нов член на Доњецк, тим кој моментално е лидер на табелата во Украина и главен фаворит за трофејот. Премногу рано беше за да дебитира уште во саботата, кога неговиот нов тим го совлада Дњипро, но имаше доста работа со локалните медиуми кои го најавија како огромно засилување. Со промената на клубот на Стојановски, Македонија доби уште еден претставник во европските натпреварувања. Доњецк успеа да обезбеди пласман во Топ 16 фазата од Еврокупот, а токму таму Стојановски би можел да дебитира, во натпреварот против Асвел закажан за вторник (17 јануари). Во Еврокупот, Војдан Стојановски им се приклучува на Предраг Самарџиски и Џеремаја Мејси, кои исто така обезбедија свое место во оваа фаза од натпреварувањето. http://basketball.org.mk/?ItemID=852E6B ... 4913752CC4
Вечерва се одржа ждребот за квалификацискиот турнир за Олимпијада кој ке се одржува од 2 до 8 Јули во Внецуела.Еве ги групите.Првиот од а група вкрстува со вториот од б,а вториот од а со првиот од б.Првиот од ц со втротиот од д,вториот од ц со првиот од д,значи од секоја група првите 2 одат во четвртфинале,победниците од четвртфиналето одат во полуфинале.На олимпијада се пласираат само 3 репрезентации,победниците од полуфиналето(финале не се игра) и победникот од испаднатите полуфиналисти,односно третопласираната земја. Ќе биде тешко, посебно што ќе нема наши навивачи а и го немаме веке Докузовски ,но сакаме и очекуваме успех.Со среќа момци,само храбро A: Грција Порторико Јордан Б: Литванија Венецуела Нигерија Ц: Русија Доминиканска Р. Кореа Д: Македонија Нов Зеланд Ангола
Фаворити сме во групата,но вистинската борба не чека веројатно во полуфиналето.Ако оди се како што се предвидува,би требало со Русија во полуфинале,не сум сигурна .Ни должат победа,но верувам дека сите 3 европски репрезентации,ќе бидат максимално подготвени и ќе се борат со сите сили зошто се работи за олимпијада Ма да можни се изненадувања и од латино американските селекции,имаат НБА играчи. Еве од википедија инфо Нов Зеланд Olympic Games record 2000: 11th 2004: 10th [edit]FIBA World Championship record 1986 FIBA World Championship: 21st 2002 FIBA World Championship: 4th 2006 FIBA World Championship: 16th 2010 FIBA World Championship: 12th [edit]Commonwealth Games record Ангола Olympic Games record 1992: 10th 1996: 11th 2000: 12th 2004: 12th 2008: 12th [edit]FIBA World Championship record 1986 FIBA World Championship: 20th 1990 FIBA World Championship: 13th 1994 FIBA World Championship: 16th 2002 FIBA World Championship: 11th 2006 FIBA World Championship: 10th 2010 FIBA World Championship: 15th
И самиот селектор изјави дека сака да игра баш со овие екипи(Ангола, Нов Зеланд), да видиме што ќе направат. Со среќа нека им е.