Зошто не беа пола и повеќе од играчите, они поважните? Перо Антиќ ќе игра ли за репрезентацијата, се шпекулираше дека ќе ја напушти бидејќи сите зборувале лошо против него? Вистина е?
не беа дека ова беше контролен натпревар и останатите си имаат обврски спрема клубовите во кои играат ќе се вратат на квалификациите сите вклучувајќи го и Антич,јас прв пат слушам дека Перо изјавил вакво нешто. Глупости
Нема врска муабетот дека ќе ја напуштал репрезентацијата! Иначе Тој, Мекејлеб, Илиевски имаа клубски обврски, незнам уште неколку играчи ама ќе одат и тие за неколку дена, и ќе се комплетираме
Олимпијадата е во август. Денес натпреварот беше пријателски а на 2 и 3 јули (мислам) се играат квалификациите за Олимпијада.
И на европското и сега ги победивме, овие ќе си набијат комплекси од нас ! нареден натпревар пријателски кога е? или нема да има повеќе?
знали 2 и 3 јули ќе има пренос на тв а??? едвај чекам, ќе има радости низ Cкопје Mи фали таа кошаркарска еуфорија
За пријателски натпревар не знам. Ама еве за квалификациите, по не знам по кој пат. 02.07.2012 (23.30ч) Ангола - Македонија (Во Каракас 17.00ч) 03.07.2012 (20.00ч) Македонија - Нов Зеланд (Во Каракас 13.30ч) 04.07.2012 (17.30ч) Нов Зеланд - Ангола (Во Каракас 11.00ч) Ова се групите: Група А: Грција, Порто Рико, Јордан Група Б: Литванија, Венецуела, Нигерија Група Ц: Русија, Доминиканска Република, Кореја Група Д: МАКЕДОНИЈА, НОВ ЗЕЛАНД, АНГОЛА Во случај нашата репрезентација да се пласира на некое од првите две места во групата Д, во четвртфиналето се вкрстува со некоја од првите две репрезентации од групата Ц.
Негде прочитав дека ги заменале натпреварите и Македонија ќе игра на 3 и 4, а на 2 т.е првиот ден се слободни, ама колку е ова точно незнам
Jас пак, незнам зш ама сакам да играме со Русија, ваљда на третиов пат ќе ни се посреќи и ќе им вратиме за предходните два пораза!
Сега видов на реклама од 2-8 јули, којзнае.. На интернет нема ништо, освен по форумите. Како и да е, битно играме. А јас па баш сакам со Русија. Уф, ги замрзев.
Oo едвај чекам,прекрасно е чувството кога си ја гледаш државата како се бори за нешто,тогаш сите сме едно,кога ќе се присетам на блескавиот настап на момците на европското и на тоа што се случуваше на плоштад се ежам искрено.Сакам пак ! Нека биде тоа повод со нивниот пласман на Олимпијада. Можеме
Има како нема на интернет, не пребарувате добро. Овие квалификации се мини светско превенство. Секаде на интернет си пишува за нив. http://en.wikipedia.org/wiki/2012_FIBA_ ... nt_for_Men http://london2012.fiba.com/pages/eng/fe ... nding.html Термините си се тие, не знам кај сте прочитале за менување на термините ама не е точно 100%. А за Русија јас несакам. Не велам дека немаме шанси за победа, ама реални да сме ние сме послаба репрезентација од тие огромни цепаници растени на Сибир, кои играат во светски лиги и кои се огромни, сите се над 2 метри. Кои чудни фаци се, како да играме против вонземјани
Антиќ се откажал од капитенската лента, Самарџиски нов предводник на кошаркарите? Актуелниот европски кошаркарски шампион со Олимпијакос, Перо Антиќ, повеќе не е капитен на репрезентацијата на Македонија, а негов наследник најверојатно ќе биде Предраг Самарџиски, дознава МКД.МК. Според информациите до кои дојдовме, Антиќ сам побарал да биде разрешен од капитенската функција во националниот тим, а која ја доби по повлекувањето на Врбица Стефанов од репрезентацијата на Македонија по Европското првенство (ЕП) во Полска пред три години. Оваа информација репрезентативниот центар сам ја соопштил на дел од присутните на вчерашниот отворен тренинг во организација на фирмата „Уан“, но истата во моментов не може да биде потврдена и официјално. „Искрено не знам да ви кажам. И јас слушнав некој таков муабет, наводно информацијата била кажана на некое локално радио, но ќе видам вечер на тренинг за што станува збор“, вели селекторот Марјан Лазовски. Засега нема ниту најава ниту, пак, некое соопштение зошто Антиќ се самооткажал од капитенската лента, нормално ако се покаже дека оваа информација е точна. Тој не беше присутен на двете прес-конференции што Македонската кошаркарска репрезентација (МКФ) ги одржа деновиве и тоа поради смртен случај во семејството, како што соопшти денеска селекторот Лазовски. Евентуалното назначување на Самарџиски за нов капитен би бил само дополнителен показател дека новиот, млад бран кошаркари почнува да преовладува во репрезентацијата и да презема дел од одговорноста во однос на обврските на и надвор од теренот. Сепак, останува да се почека официјална потврда, односно демант на оваа информација од таборот на репрезентацијата. Превземено
Ми се чини дека ова се се некои шекулации, да се дигне уште толку фама против него, или на чоеков му паднало тешко тоа шо се кажуваше за него по тие негови изјави, па решил да ја предаде капитенската функција... Искрено јас мислам дека ова е точно, исто толку колку шо беше точна веста дека си оди од репрезентација