Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^еве сега и на радио јавуваа за ова....што значи точно е :clap: :clap: :clap:
     
  3. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Епа грешка бев :$
    И официјално Самарџиски е капитен, па со среќа титулата :lol: и нека не води во нови походи и да земеме некој медал на олимпијадава :party: :party: :party: :party: :party:
     
  4. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Минимален пораз на кошаркарите во Атланта!
    Македонската кошаркарска репрезентација во Атланта го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари, кои се дел од подготовките за настап на предолимпискиот турнир во Каракас. Против селекција составена од играчи на НЦАА екипи, Македонија загуби со 79:81.
    Во неизвесна средба, избраниците на Марјан Лазовски загубија со 81-79. Натпреварот, кој главно се одликувал со цврста физичка игра со многу прекршоци, бил неизвесен во целиот негов тек. Репрезентацијата на Македонија заминала на полувреме со минимална предност од 36-35, а во изедначената завршница, домашните кошаркари успеале да стигнат до победа од 81-79, објави интернет страницата на МКФ.

    Според бројот на поените, Тодор Гечевски бил најефикасен во нашиот состав со 21 постигнат поен, а меѓу подобрите стрелци биле и Војдан Стојановски со 14 поени и Предраг Самарџиски со 13 реализирани поени.

    Македонската репрезентација утре ќе го одигра и вториот меч против истиот комбиниран универзитетски состав предводен од познатиот американски тренер, Морис Михалски, а мечот е закажан од истиот термин (19.00 часот по локално време, 01.00 часот по полноќ по македонско време).

    Веднаш по тоа, следува пат за Сан Хуан (Порто Рико), каде нашиот тим го очекуваат уште две последни подготвителни средби пред настапот на предолимпискиот турнир во Каракас.


    Девојки тоа што го имам болдирано, пошто пишува утре, т.е 25 е сеа ова фактички му доаѓа вечерва по полноќ натпреварот? И дали знаете некое линкче да даваат пренос евентуално, кај да побараме? :?:

     
  5. Chelsea

    Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    29
    Леле бе овој Самарџиски шо чоек ќе беше. :D :inlove: Мислаам... :lol:
    Само што го гледав натпреваров со Хрвтаска од првенството во Литванија и пак ми се вратија истите емоции и чувства.
    Најголема верба имам во оваа репрезентација. Сите до еден се добри, и што е најважно знаат и можат да се борат за Македонија.
    Браво за момците. :clap:
     
  6. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Мхм, мене ме збунаја со преносот , првин мислев дека е стварно утакмица шо тоаш се игра бидејќи ја фатив кун полувреме, а на нет по форумиве прочитав дека ќе играат вечерва во 1 на полноќ и незнаев шо се дешава, ме испобунија :D ... е сеа да не знае случајно некој како заврши резултат од вечерва? :wasntme: !
    Иначе и мене ми се врати еуфоријата, ме скокоткаше нешто во стомакот кога ги гледав тие потези и тројки, едвај чекам да дојдат натпреварите, леле ќе се во 23:30 на вечер, едвај чекаммм!!!
     
  7. The.Ring

    The.Ring Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Успешна втора контрола во САД на кошаркарите

    Македонската кошаркарска репрезентација синоќа славеше победа од 97-87 на вториот контролен натпревар против комбинираниот универзитетски состав во Атланта, САД. Ако на првиот натпревар вчера, избраниците на Лазовски загубија минимално со 81-79, утринава тие прикажаа подобра игра. Искусниот Тодор Гечевски со 22 поени повторно беше најефикасен во нашиот состав, а одличен натпревар одиграле и Дамјан Стојановски со 15 поени, Предраг Самарџиски со 14, како и Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Војдан Стојановски кои реализирале по 10 постигнати поени. Лестер Бо Мекејлеб конечно вчера им се приклучи на подготовките по долгата сезона со Монтепаски Сиена и се очекува првиот натпревар да го одигра на двата претстојни контроли со Порто Рико.

    Репрезентацијата на Македонија денеска заминува за Порто Рико каде во среда и четврток ќе ги одигра двата последни пријателски натпревари од подготовките против домашната репрезентација. Веднаш по нивното завршување, нашиот состав се сели во Каракас, Венецуела, каде ќе го очекува стартот на предолимпискиот турнир на 2 јули.



    Кошаркарите се во одлична форма и без Бо, ама кога ке им се приклучи и тој ќе бидат уште подобри 8) :D
    И мене ме фаќа еуфорија едвај чекам да почнат квалификациите :D
     
  8. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Леле многу се радувам шо победилеееееееееее!!!!
    Неможам да дочекам да дојде понеделник, ќе збеснам :$ !
    Браво момци, едвај чекам да ги гледам на екраните, едино мака ми е шо ќе ја нема таа навивачка еуфорија таму, бидејќи е многу далеку, ама ако се пласираме на олимпијада ќе го обоиме Лондон во црвено-жолто! И да, кога вака играле без Бо, со него парче ќе ги праиме сеа! :party: :party: :party:

    Едит:
    Еуфоријааааа ! Морав да поставам неколку слики што ми ги враќаат тие чуства на среќа и гордост, огромна љубов кон нашата Македонија!
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Горда сум што сум Македонка! :l: Македонија вечна!
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: баш ми е милооо ... инаку кој ќе ги слушаше душманине што едвај чекаат глупости да јадат
     
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ќе ги бодрам момциве ПАК уу едвај чекам
    [​IMG]
    со Русија и јас сакам да играме па да им вратиме за поразите :devil: :devil:
    Ми текнува кога ги победивме Грците ооо па тоа беше лудница
    :party: :party: :party: :party: :party: :party:
    Седевме до 4 сабајле и се деревме ко ненормални
    МАКЕДОНИЈААА
     
  11. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Еленушка
    Ова се групите:
    Група А: Јужниот Сосед, Порто Рико, Јордан
    Група Б: Литванија, Венецуела, Нигерија
    Група Ц: Русија, Доминиканска Република, Кореја
    Група Д: Македонија, Нов Зеланд, Ангола

    Од секоја група понатака одат 2 репрезентации и мислам дека ние ќе бидеме први во нашата група, нашите противници не се нешто јаки според мене, во тој случај би се сретнале со противник од групата „Ц“ а тука се наоѓаат Русите, кои исто така се најјаки во таа група и би требало да поминат, би сакала премногу да ги згазиме и да испаднат од нас. Понатака се Литванците кои си набија комплекси од нас хаха неможат ни со втора постава да не победат :rofl: и тие сакам да испаднат од нас и секако нашите јужни соседи би требало да одат понатаму бидејќи Порто Рико и Јордан не се некои јаки репрезентации и би сакала да се сретнеме и со нив, да ги удриме уште еднаш од земја, и да се вратат од кај што дошле :fubar: !
    Едвај ги чекам овие натпревари, баш би сакала да сме први на турниров, и реално имаме големи шанси!
     
  12. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Порто Рико-Македонија ...
    Еве линк сите што сакаат да го гледаат моменталниот резултат,фаули,тајм аут кога има, кој дал кош...
    http://www.fibalivestats.com/matches/39 ... AFcvQAbz6/

    Ајде напред нашии !!! :party:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    не победиле......боже мој,па не ни треба многу да се форсираме
     
  14. minimax

    minimax Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    22
    Порторико победи апсолутно заслужено, а ние причините за поразот мораме да ги бараме во нашата слаба игра. Од почетокот бевме изненадени од агресивната игра на Порториканците, кои што многу рано стигнаа до убедлива предност што потоа знаеја како да ја задржат до самиот крај. На почетокот останавме и без Самарџиски, кој се здоби со расекотина и мораше да го напушти теренот. Во третата и четвртата четвртина се вративме во нашиот препознатлив ритам, што ми дава оптимизам дека на вториот меч со Порторико ќе одиграме многу подобро“ - изјави македонскиот селектор.
     
  15. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Лошата игра во одбраната, особено во првото полувреме беше главната причина за релативно високиот пораз на кошаркарската репрезентација на Македонија во првата од двете контролни пресметки со Порторико со убедливи 77-96 (15-22, 16-29, 28-22,18-23), кој рано утринава се одигра во престолнината на оваа карипска држава, Сан Хуан.

    [​IMG]
    Илиевски постигна четири тројки од шест обиди.

    Македонската селекција во првите дваесет минути прими речиси неверојатни 51 поен (29 во вториот период) поради што веќе на одморот се најде во негатива од дури 20 поени (51-31), кои се покажаа како недостижни и доволни за триумф на домаќинот. На избраниците на селекторот Марјан Лазовски шутот не им одеше премногу во овој дел од играта што најдобро покажува процентот на уфрлени удари од поле, кој изнесуваше 31,7-отсто (13/41). Жолто-црвените некако премногу форсираа шут за тројка во првите две четвртина, но без некој поголем успех погодувајќи само три од вкупно 16 упатени удари кон противничкиот кош (18,7-отсто).

    Ситуацијата на паркетот беше изедначена само во првите пет минути по што следеше серија 6-0 на Порторико со која дојде до првото помало резултатско одлепување (13-8), кое до крајот постојано се зголемуваше. Домаќинот веќе во 12. минута дојде до првата двоцифрена позитива (27-17) што беше знак дека македонските кошаркари нема убаво да минат во Сан Хуан. Во продолжение се редеа грешки на жолто-црвените межу кои беше е техничката грешка на Тодор Гечевски што само му ја олеснуваше работата на вицешампионот од неодамна завршеното првенство на Централна Америка (Центробаскет).

    [​IMG]
    Во третиот период македонските кошаркари заиграа нешто подобро, особено во нападот што резултира со 28 постигнати поени во овој дел од играта и делумно намалување на високата негатива (59-73). Најзаслужен за тоа беше Перо Антиќ, кој реализира 10 поени во оваа четвртина. Најмногу што успеавме да сториме е во неколку наврати да ја спуштиме негативата на 11 поени, но не успеавме истата да ја вратиме на едноцифрена разлика во корист на противникот.

    Ефикасната игра на двете страни продолжи и во последната четвртина во кое избраниците на Лазовски едноставно немаа сили да продолжат со пресвртот. Репрезентативците на Македонија едноставно немаа одговор на одличниот шут за Порторико особено за три поени, но и за играта на ветеранот Даниел Сантијаго под кошевите. Домашните умешно ја одржуваа предноста во четвртиот период обезбедувајќи висока победа против четвртата европска кошаркарска велесила во моментов.
    [​IMG]
    Перо Антиќ со 19 поени беше најефикасен во селекцијата на Македонија заедно со осум скокови, но и три загубени топки додека двоцифрен поентерски учинок имаа уште и Лестер Бо Мекејлеб (13 поени), Владо Илиевски (12 поени), Тодор Гечевски (12 поени) и Војдан Стојановски, кој средбата ја заврши со 10 постигнати поени. Во селекцијата на Порторико најефикасни беа Давид Уертас и Александер Галиндо со по 15 постигнати поени додека Сантијаго реализира 12 поени.

    Вториот пријателски меч помеѓу двете селекции што финишираат со подготовките за настап на предолимпискиот турнир во Венецуела (2-8 јули) ќе се одигра утре исто така рано наутро со почеток во 2.30 часот по македонско време. Македонија на квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лондон, на кој ќе патуваат трите најдобри од вкупно 12 селекции што ќе се појават во Каракас, е во групата Д заедно со Ангола и со Нов Зеланд. Порторико, пак, е во групата А заедно со Грција и со Јордан.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    превземено од Time.mk
    Леле, се надевам дека на нареднава ќе победиме... :inlove: !
     
  16. The.Ring

    The.Ring Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Нов пораз на Македонија од Порто Рико

    Репрезентацијата на Македонија доживеа втор пораз од Порто Рико, овој пат со 84:72.

    За само два дена кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа втор пораз од Порто Рико на пријателските средби. По првиот загубен меч од 96:77, овој пат избраниците на Марјан Лазовски се поразени со 84:72.
    [​IMG]
    Во првото полувреме по многуте промени на водството, Порто Рико замина со предност од 39-36. Изедначено се играше и во текот на целата трета четвртина, но серијата на Порториканците од 16 поени по ред во последниот период, им донесе водство од 78-65 на пет минути до крајот, кое успеаја да го задржат за конечен триумф од 84-72.
    Владо Илиевски беше најпрецизен со 18 поени, додека дабл-дабл учинок имаа Перо Антиќ со 15 поени и 11 скокови и Лестер Бо Мекејлеб кој имаше учинок од 15 поени и 10 асистенции. Дамјан Стојановски запиша 10 поени, Гечевски 8, а Предраг Самарџиски запиша 6 коша.


    http://kurir.mk/sport/kosarka/76111-FOTO-Nov-poraz-na-Makedonija-od-Porto-Riko


    Едит: Но во меѓувреме и
    Порази на македонските противници во олимписките квалификации

    Репрезентациите на Ангола и на Нов Зеланд кои се наоѓаат во „Д“ групата од олимписките квалификации заедно со Македонија, исто како и „црвено-жолтите“ синоќа загубија во контролни натпревари.
    Репрезентацијата на Ангола беше поразена од домаќинот на предолимпискиот турнир, Венецуела, со 90:83. На натпреварот игран во Пуерто Ла Круз, Венецуела постојано се наоѓаше во предност, на моменти поголема од 20 поени разлика.

    Нов Зеланд беше убедливо поразен на натпреварот против Грција со 99:69. Грците на полувремето на мечот игран во Бразил водеа со 55:30, па немаа проблем да му нанесат нов висок пораз на нашиот втор противник во групната фаза од предолимпискиот турнир во Каракас.
    (Ние Грција без проблем ги тепавме а не па Нов Зеланд :D )

    http://kurir.mk/sport/kosarka/76021-Porazi-na-makedonskite-protivnici-vo-olimpiskite-kvalifikacii
     
    На TeaB му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам!
    Ама едвај! Повеќе му се радувам на ова, него ли да поминев со сите 5ки. :rofl:
    Ец бе понедељак! Ец, ништо не ти правам! :rofl:
     
  18. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Само што сакав да пишам едвај чекам, ама ме превариле :D Да одвај чекам :D уште 2 дена и тоа е тоа :geek:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Во колку часот играме во понеделник? :?:
     
  20. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    294
    ^Македонија-Ангола 23.30 h
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.