Одвај чекам... Плус погоден е терминот, таман си е Барем не е во жештината. Ајде понеделник се чека :geek: :geek:
А од кога излезе ова Македонија-Ангола во 23 h нели првин кажаа во 23.30 h. Нешто смениле или јас сум во забуна
Оооо !!! Мајко моја ајде нека дојде понеделник, неможам да дочекам,значи неможам ! Ми се гледа,ми се слави.. Ајде Македонијо можеме,таму немаме конкуренција ! Огромна поддршка до нашите момци...
Не не, во 23 точно ќе е , така пишува и на страната на Сител... порано беше во 23и30 ама сега ја смениле побрзо да почне утакмицата..
Утре излегвам специјално за кошарката, иначе ич не ми се излегва Нека ни донесат победа, да се порадваме малку, како тогаш против Литванија :geek:
Еве што измислив: Македонки името одекнуваше и сите нас не спојуваше, додека клубот членови одбројуваше. За Македонија ние живееме И излези момче право на тераса си пееме. Натпреварите ги чекаме со душа нашето срце за победа само сака да слуша.
Селекторот Лазовски исто како и гледачите е полн со оптимизам Оној првичен замор кој не следеше во Атланта и Порторико е веќе надминат. Играчите се во добра состојба, продолжуваме да се подготвуваме и на овие последни тренинзи во Каракас, да ја почувствуваме арената и теренот каде ќе ги играме натпреварите. Веќе активно работиме и на скаутинг на противниците кои не очекуваат и верувам дека ќе биде добро. Најмногу зависи од нас, играме против незгодни репрезентации, но верувам дека ако ние го одиграме нашето како што треба, се ќе биде во ред. Имаме разноврсна игра на сите позиции, Антиќ, Гечевски и Самарџиски добро функционираат под кошевите, бековската линија од Мекејлеб и Илиевски е повторно заедно, браќата Дамјан и Војдан Стојановски во континуитет играат силна одбрана, а нив допрва ќе ги видиме и во офанзивната игра“ - гласи изјавата на селекторот Лазовски
А какви ни се шансите за олимпијада ? Колку натпревари играме и со колку победи идеме на олимпијада? Ај кој е повеќе запознаен нека пише .
Група А: Грција, Порто Рико, Јордан Група Б: Литванија, Венецуела, Нигерија Група Ц: Русија, Доминиканска Република, Кореја Група Д: МАКЕДОНИЈА, НОВ ЗЕЛАНД, АНГОЛА Во случај нашата репрезентација да ја помине групната фаза, односно да се пласира на некое од првите две места во групата Д, во четвртфиналето вкрстува со некоја од првите две репрезентации од групата Ц. Понатаму, со евентуален пласман во полуфиналето, вкрстуваме со најдобрите селекции од групите А и Б. Појаснето, тоа изгледа вака: Доколку завршиме први во групата Д: - Четвртфинале против Ц2 - Полуфинале против победникот од Б1/А2 Доколку завршиме втори во групата Д: - Четвртфинале против Ц1 - Полуфинале против победникот од А1/Б2
Еуфоријааааа... леле неможам да дочекам ќе експлодирам до утре вечер... Иначе од турниров колку екипи одат на олимпијада? Првите три? или како?