Hезнам ама мене овој коментаторов ми е некако негативно настороен овој пат, без еуфорија, без оптимизам ....
Океј, знаев дека нема да е лесно, ама мислев и се уште мислам ќе ги тепаме, ама АКО и само ако се подобриме. Што е ова, лош старт ептен, изгубени се нашиве некако ко пикнати в шише се, нека се освестат! Дали дека почеток, не знам мора нешто да се смени, инаку заслужено ќе не водат и на крај ќе не тепаат.
Се кладив на чоколада со брат на другарка на сестра ми дека нашиве ќе тепаат. Дечкото не го знам, си пишуваме на фб и одеднаш ај да се кладеме дека ќе губат нашите. И јас ајде. Ама, овоа му беше да се запознаеме, знам јас. Не смеат да изгубат, не смеат. Мора да ги тепаме, не ми е за чоколадата. Мора да ги тепаме и да одеме во Лондон.
некако како да избрзуваат со тројкиве, и украдените топки....штом ќе ја украдеш не оди на 3ка....2*2*2 ете ти 6 коша....што ги пропуштија
Ауу испечениве колку се само енергични, растураат на терен. Па и со тројкине. Ајде ќе мислам на позитивно сега за сега, иако не ми мириса на убаво.
Многу ми делуваат незаинтересирани нашиве, а и Игорче е нерасположен. Нека се освестат побрзо, многу се поениве за една четвртина. Каде ни е одбраната од Европското? Ајде дечки веруваме во вас, не нé разочарувајте! http://www.youtube.com/watch?v=rzZC8AOcGrI Инаку за џабе се израдувавме дека ФИБА го отфрлила тоа ФИРОМ, сега па само МКД нé пишува.. што сме ние, Република Емкејди?
е овааа личеше на нешто, организирано промислено не избрзано и оппп како ништо 7/8 поени+ браво само така нека продолжат
Не,не се како што треба.Каде е таа еуфорија од европското? Абе ајде разиграјте се малце па небива вака!
Како што сум уморна и нервозна денеска, па и слаба на живци, не сакам да ја гледам понатаму утакмицава. Од вашиве коментари ќе си дознаам што сме направиле. Неќу бре неќу црнцине да не тепаат..
9/13 тројки имаат ухуууууу што е многу многу е.....ама дека не треба да трчаме по тројките и ние не треба
Ама овие изгледа ќе се избрукаат ко ракометариве, што мислат незнам, на лепе очи ќе поминат? И ко не се прецизни за тројки што запнале не ми е јасно
Hе бре ја нема таа еуфорија, јас само што го слушнав гласот на коментаторот бев е ваква, некако не ми се јави оној дух за навивање Aјде да се надеваме второ полувреме ќе биде подобро, знаат нашите да изненадат
Што им е на момциве бе, некако слабо ми играат не ми се допаѓа ова каде е еуфоријата, каде се оние борци што газеа се пред себе 13 поени разлика еееј 13 И не ми е јасно зошто им го смениле тренерот овој за ништо не го бива Арен си беше Марин ли како се викаше