Кај се запустив и јас со оваа кошарка ! Најпаметно ми е да продолжам со не гледање спорт . Мн се нервирам вака ...
Антиќ фатен во тоа раците мава од под кош и промашува Божее Да не се направие толку слободни фрлања на Анголците можеби ќе имавме шанса за победа ама нашиве на крај ја упрскаа работава Ајде може утре ќе биде наша победа
Се моли Докузовски да го фати првиот лет за Венецуела. Самарџиски да добива поголема минутажа, повреден е да, ама он е клучен играч, ќе стисне заби. Гечевски нека ја грее клупата повеќе, кога не иде не иде едноставно, што го форсираат, аман. Антиќ нека скока повеќе, а не тука дреме под кош ко мисир. Бо нека се одмори, ќе ни треба детево и за утре, а богами и за следните денови, зашто ништо не е загубено!
Леле мислам дека кренав температура ,,,Озбилно ми гори главата . Малку ни фалеше,ама при крајот не реализиравме кога беше најпотребно,за жал.Ајде биче боље сутра. Имаме ние навика вака на почеток да губиме па после да се разработиме,као што на европското прво изгубивме од Црна Гора . Иначе овие Ангола,се шамипони на Африка не знам колку години по ред.Стварно немаат игра,али шут...животински. Еве ги последните утакмици на Нов Зеланд.Повеќето утакмици ги имаат изгубено со голема разлика.Мада тоа не мора да има никакво значење,али сепак.Идеме на победа утре. New Zealand - Nigeria 66 : 74 New Zealand - Greece 69 : 99 Brazil - New Zealand 73 : 49 Australia - New Zealand 92 : 68 Australia - New Zealand 81 : 64
Ништо страшно, ќе ги реваншираме Анголците ќе биде како што беше со Литванците Ајде, можат нашите, ако немаат наша подршка, од кој друг да имаат :geek: ?
Повеќе среќа следен пат... Добри бевме ама не како лани и некако среќата не ни се насмевна денес ми се чини... Овие циганиве се растурија од тројки..
Лудо да ама јас мислам дека ова се пријателски натпревари,во кои и не се труделе баш,како ни ние.И на нас последните утакмици сите скоро ни се изгубени. Ама ако..Пак сме појаки . И морам да се согласам со Роси за Докузовски.Фали очајно! Исто и за Самарџиски.Ај он и повреден е разбирам до негде ќе кажеш го штедат,ама што е со Војдан? Јас мислам дека Војдан е најдобар шутер одма после Бо,а мислам за некоја година и ќе го достигне и престигне и Бо ,дечкото има лесна рака. А они го ставаат по минута во секоја четвртина!!! Се Дамјан игра,а Војдан е кадееее подобар.Го штедат го штедат и на крај ајде ќе го пуштат малку повеќе да игра,а нема ни некои фаули мн ..стварно без везе скроз. Чековски и Гечевски без потребно ги форсираат.Џабе толку им е капацитетот.
Да не бидам хејтер и мрчатор ама морам да си кажам ... Анемично издание , слаба одбрана некако лабао фатено и сфатено од сам почеток . Дали потценувањето на Ангола ни се одби од глава или тоа е резултат на смената на кормиларот не знам . Знам дека овој пораз т.е за овој пораз не сторивме се што можевме . Факт е дека Анголците шутот за 3 им беше неверојатен ама оставање толку простор као контролена натпревар вечер да се играше . Незадоволна колку од резултат уште двојно од самата игра . Се надевам ќе се свестат и дека ќе се пласираме .
Дечки,без муабет слаба одбрана,не беше одбраната слаба,имавме одличен процент на украдени топки,но слаба реализација. Зошто? Затоа што немаше кој да прави офанзивни скокови под кошот,а имавме тројца двометраши во петорката. Значи Антич,Гечевски и Самарџиски не треба да се прават херои кога не треба,и да пробуваат да вадат водство и притоа да промашуваат. Треба да се остави играта на Мекејлеб,Илиевски и близнаците. Гледаме дека тие и сами си ја знаат работата. За крај,разбирам дека имаа одлична реализација на тројки Ангола,но мислам дека можевме да ја победиме,баш зошто во последната четвртина,на минута пред крајот стасавме до само 2 поени негатива,што можевме лесно да ги добиеме ако таа двометрашка тројка не беше толку конфузна под кошот. Се надевам на победа против Н.Зеланд и со среќа!
Охоо чим се овие вака слаби утре има растур да ги направиме Ќе им вратиме и за Ангола, и за Црна Гора и за Русија (мислам дека беше ) Туку сеа најмногу ме нервира Антиќ кога го гледаат така како дреме шо не го стават на клупа они место Антиќ на клупа ги ставиле Илиевски и Мекелеб тоа се чисти глупости, најакиве на клупа а другиве на паркетот Сакам да се врати стариот им тренер овој за ништо не го бива, само си црта по тоа табличето и сал им дава некој знаци и да оној другиот коментатор Александар одма да го избацат не е човекот за таму Игор си е Игор бре
Бреее, срчка ќе ме фатеше, арно некој инфаркт не ме стрефи, ќе си отидев во гроб млада. Значи колку се нервирав појма немате, цела игра многу слабо беше, ни трага немаше од репрезентацијата на Европско што ја гледавме (за жал така е).Цело време едни Анголци не водеа со 10+ разлика, од време на време ќе се свестевме и ќе поднамалевме на 6-7, ама до 17 разлика да стигнеме, толку ни со Шпанија немавме разлика. Па и тројкине, колку утнавме. Тоа е, и глава дури почна да ме боли од муки, ама ај се надевам дека утре подобро ќе биде, и со Господ напред да стигнеме до Олимпијада (на потешкиот начин ама да стигнеме важно).