па јас како што знам коментаторот беше Игор :? Инаку за натпреварот како прво мора да се каже дека ама ич немавме среќа . Како второ ептен ме изнервира тренерот бидејќи постојано го ставаше Гечевски па и Чековски коа гледа дека ама ич не им идеше, топка неможеа да фатат . А па Самарџиски иако имаше повреда сепак му тргна и 1000% ќе одиграше добро ако го оставеше уште, ама ајде.
http://www.fiba.com/downloads/event/eng ... hedule.pdf Еве го официјалниот распоред,како што се игра и кој иде понатаму. Значи прво играме две утакмици.Првата ја изгубивме,втората мора да ја добиеме. Две од трите репрезентации идат во следната рунда.За понатаму видете сами . Значи МОРА Нов Зеланд да го победиме за да идеме понатаму.
^Само уште еден натпревар играме во оваа рунда.Ако победиме утре идеме четврт финале,ако не испаѓаме.Нема више утакмици.
Де бе, каде сте? Јас по 100 пат се докажа дека не сум да гледам спорт. Ма се живо и диво ќе искршам, многу се напнувам на моменти. Инаку Докузовски многу фали, човекот си имаше нос за одлична тактика, знаеше како да ги постави играчите, знаеше кој кога да го замени, овој новиов некако во измените ми правеше грешки. Што бидна со Докузовски, зошто замина, знае ли некој? И не го критикувајте Гечевски, кога човекот душа си дава за Македонија. На Европското беше целиот искршен и пак сакаше да игра. Едноставно кога не ти е денот, не ти е. И на Бо не му беше денот, какви генијални кошови давал, денес ете не му тргна. Нашиве играат добра одбрана, не е дупката во одбраната, во нападот е. Уште си ја имаат таа слаба навика топката да ја држат и на крај во последните секунди да шутираат. Плус многу анемични идеи, цело време исти тактики, треба многу повеќе да се ротира топката и да не се крстат во тројки. Не ни оди нас со тројки, 20 проценти имавме само. Треба Антич и Самарџиски да скокаат повеќе, повеќе офанзивни скокови да прават и тоа е тоа. Илиевски на моменти многу ме нервира, ги фрла тие тројки без да размисли. Ајде со Литванија погоди, ама не треба да се крсти секогаш на тоа. И гледам за Нов Зеланд мислите дека се слаби. Нов Зеланд се едни од најјаките репрезентации, јас ги имам гледано еднаш со Американците кога играа, им парираа доста добро. Многу се брзи, тука треба ние да внимаваме и имаат многу влезови, не играат на тројки тие. Како играа со Американците не сте свесни Мене повеќе од нив ми е страв, отколку од Ангола што ми беше, искрено. Али ајде, ние секогаш сме изненадувале, лани една Црна Гора не победи, па после петарда пукна. Да се надеваме дека и тука ќе е така. Јас да можам да дадам совет за следниот натпревар е само брзи подавања и не да се чека до последна секунда за да се шутира. Таа нивна брзина да се искористи во наша корист, односно да се шутира штом ќе се начека шанса, одма. Јас не знам дали да гледам, ич немам нерви, опасно е за околината околу мене
Па ти кажувам уште еден,против Нов Зеланд. 3 репрезентации се у група.Ете ти погоре линк имам оставено од ФИБА,има се како што иде.
Да но сега и да победиме не налетуваме на русија така? На русија ќе налетавме ако ги победевме и двете
Песимист сум дека ќе се пласираме, дај Боже да грешам, ама чим со Ангола изгубивме, како што реков утре ќе биде уште потешко... знаеме да изненадиме, абе дај Боже ептен ќе се израдувам
Што ќе беше ова...тројки колку сакаш. Незнаеја да промашат. Да играа нашиве цел натпревар како што играа последната четвртина ќе ги згазевме. Ама тоа е што е. Прво полувреме неможев да ги препознаам, како да не беа истите што растураа во Литванија, абе живци искинав. Неможев веќе ни да гледам, станав од пред телевизор, кога беше 16-17 разлика. При крајот кога се вратија колку толку, имав надеж. А баш најважното го утнаа, криво ми е што беше достижна разликата а вака испадна. Бо денес не се покажа баш најсјајно, а најмногу се надевав тој да ја оправи работата на крај, или па некоја изненадна тројка од Илиевски или од Антиќ. Гечевски исто. Но најважно е дека беа страшно борбени, очигледно не им бил денот. Да бидеме реални, ниту еден од играчите не го видовме во вистинско светло. Не е се изгубено, утре одиме на се или ништо. Па и Европското го почнавме со пораз, и ете до каде стигнавме. Утре мора да се покажат, а ние никако да не губиме надеж. Затоа што знаеме дека можат.
Да бидиме реални , многу им фалеше публиката, премногу, да ги бодри, немаше кој да вика „Едно име имаме“, „Излези момче право на тераса“ и „Си ја сакам Македонија... ... “ секаде каде што играа досега имаше навивачи кои со срце и душа навииваа, гласот го оставаа викајќи, да имаше публика во Каракас ќе беше сосема друга приказна... Тројките од прво полувреме беа најзаслужни за поразот, одбраната прво полувреме беше катастрофална, мислам дека од почеток го немаа тој филинг дека играат битен натпревар, и сигурно си се бодреле во соблекувална па второ полувреме беше многу поразлично, тоа беше начинот на кој што требаше да се игра целиот натпревар... На крајот на натпреварот кога стигнавме на 2 разлика, си помислив го можеме ние тоа, ќе успееме, и ми пукна филмот, не успеавме... Толку ужасно се немам осеќано одавна после пораз,солзите неможев да ги задржам, многу тешко ми падна, како и на секој Македонец кој во моментот со цело срце се надеваше на победа... Но вечерва пак ќе навивам како ништо да не било, и ќе се молам до последен момент да одиме понатака.. И ако сме втори во група очигледно ќе се сретниме со Русите , пред неколку дена сакав да се сретниме со нив и да ги растуриме ама сега воопшто неќам да е така... Македончето секогаш го избира потешкиот пат...
Oвие Анголците нешто посебно да не јадат и пијат како ги маваат 3ките, а и од кои агол да маат погаѓаат, нешто не е во ред со нив не е до нас до нив е така да си знаете Шала на страна, ама јас денес си се надам повеќе, вчера што не биде не биде, ама денеска е нов ден, идеме кон нова победа па крај краева ако ништо не направат сепак тие се наши, нема да ги критикувам, барем стигнаа до тука, а и се една од најјаките репрезентации во Македонија во споредба со ракометарите и фудбалерите многу далеко се отидени, реално
Фали стариот тренер и тоа многу. Антич беше здрвен, не скокаше, абе банани брат. Море, тешко е, ама стварно требаше да бидат поенергични. Бо мислам дека вчера не го даде најдоброто од себе, ама се трудеше. И не знам зошто Илиевски запна со тројките кога гледа дека не му оди. Абе, викам јас двојчињата си се посигурни. Ама, овие Анголците немаа некоја тактика, ама многу прецизни бе. Туку ај, да се надеваме вечерва на победа. И, што и да се случи - тие се нашите херои, мора да ги бодриме. Патем, на многу моменти никој немаше под кошот, а баш на тоа треба да се обрне внимание.
Абе како може да не им е денот? Со тоа ли сега ќе се тешиме? Зошто секогаш го избираме потешкиот пат, веќе специјализираа за вакви неизвесни натпревари. Само не ми е јасно како можевме на ЕП да победиме сили како што се Литванија, Русија и Грција, а сега губиме од некои чоколадирани анонимци. Анголците си влегуваа кај им текне, и си даваа тројки од секоја позиција што верувале или не ги погодија. Нашата одбраната беше катастрофа, агресивноста воопшто ја немаше. Самарџиски преседе на клупа, а Гечевски го исфорсираа. Мене Лазовски ми изгледа како без концепт, како Шундовски кај ракометариве му доаѓа. Имаме шанса сега со ваква златна генерација на спортисти да играме на ОИ, што не знам дали некогаш повторно ќе ја добиеме. Секако дека нема да останеме секогаш запамтени како изненадувањето на ЕП '11. За вечер немам некои преголеми очекувања. Нов Зеланд имаат повредени играчи, што ни дава поголема предност. Немојте па вие толки да се потпирате на статистиките, океј изгубиле многу натпревари со поголема разлика ама никако не се за потценување. Ги потценија и Анголците па бркаа 13 разлика. Тоа што ни треба е добра стратегија и дефанзива.
^за вечер многу повеќе верувам дека ќе победиме....ама некако страв ми е дека како за беља ќе налетаме на русија........барем русите да изгубат една. Нас вчерашната победа ај што ни требаша за понатаму ни требаше, ама и за да не налетаме на Русија, зошто не се сомневам дека Русија ќе изгуби една
Нејќам и нема Да ГИ хејтам. Зашто истите тие минатата година ни дадоа невидена победа. Сетете се само на почетокот дека изгубивме една утакмица , после НБА не ни беше рамна Језда малку ме напнуваше моментот коа ке украдеа топка трчаа на противничкиот кош и чекаа и др да се појават наместо да искористат шанса да дадат кош.. Али не битно... Овие другиве ко да немаа некоја посебна стратегија, ама јаки беа у скокање и давање тројки ... Ајде ке видиме нареднава Патем кога е тачно следнава утакмица ??
^ Тоа ни е маката сега Да ги победевме двете најверојатно ќе ја избегневме Русија и ќе игравме против Доминиканска Република, а сега освен ако не изгуби вечер, Русија не ни бега. Иначе луѓе не знам дали забележувате ама на последните неколку натпревари просек на примени поени ни е околу 80, со Порто Рико примивме дури 96, а на европско просек ни беше околу 60. Очигледно тренеров има тактика различна од онаа на Докузовски, ама па немаме ние толку прецизни шутери како за вака, на нас одбраната ни е мајката! Убаво ги имаше стегнато Марин нашиве, не можеше да се мрдне под наш кош, а сега во одбрана полу изгубено ми делуваат и топки ко луди се трошат на обиди за 3. Како и да е, се надеваме дека ќе се повтори приказната од септември, почетокот го запазивме да биде ист да се надеваме и крајот ќе го повториме
@Snow-Queen Требаше да ја избегнеме Русија ама не ни бега пак средба со нив. Сега Русите се далеку попретпазливи, нема да си дозволат уште еднаш да се изнамачат. Како репрезентација имаат стандард и континуитет, а и ни ја имаат „провалено“ играта. http://www.youtube.com/watch?v=X_Gf3qnv ... r_embedded