Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    вечер во 20ч
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Tочно е тоа дека во одбраната делувавме изгубено ама скроз изгубено. Aко еден од Aнглоците ја држи топката му одат двајца на него, тој ја подава на негов соиграч под кош и ете ти. Aбе мал милион пати се повтори ова, кој к*рац двајца му одат на еден, а и еден ако иде стои пред него, абе дигни рака, блокирај го. A и овие Aнглоциве пустиве сите одбиени топки пак кај нив доаѓаа, што ќе шутнат - све ќе погодат, едино се вадевме на напраен фаул во нивен напад, инаку све погодуваа, маме им ...
    Bаква одбрана богами немавме на Eвропсково, не знам зашто сега толку многу се правеа грешки.

    Aнтиќ испоутна мал милион шанси за тројка, абре од кожа ме извади, бог знае колку шутеви за тројка утна, заедно со Илиевски. Aбе кога гледаш не иде, не биде упорен ко сивоња 3ка да дадеш, знам дека сакаа да не извадат со тројките, ама сите ги испоутнаа. :tmi:

    Eдино браќата ми беа одлични денес, и Борче колку-толку даваше се од себе, се протнуваше низ одбрана, од пола терен до под кош ќе ги проигра, нешто по што беше препознатлив и на Eвропсково.

    Hе знам за денес, не сум многу оптимистична, дај Боже, им ја пуштам цела среќа со Hов 3еланд, нека не изненадат позитивно, па за понатака да сме здрави и живи.
     
  3. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Некако знаев дека немаме шанси. Ги изгубивме скоро сите пријателски со по 20 поени разлика :o , ама си викам ај можда се чуваат за вистинските утакмици, ама... :tmi:

    Мило ми е барем што на крајот се вратија, колку-толку имавме шанси во последните минути. Грешка им беа последните две лични грешки, тоа не смееја да си го дозволат :!: , ама кога си таму и се се одвива ептен брзо, не знаеш што да правиш. Не се покажаа баш најсјајно , некако им фалеше душа. А, овие па на Ангола, какви тројки даваа. Дали два пати промашија :tmi: .

    Како и да е, нека соберат сила за вечер, некако имам добро претчувство :D
     
  4. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Па и јас имам некако добро претчуство Мерилин, Ќе држиме среќа за вечерваа! :D :)
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Еве уште една моја инспирирана од вчерашниот натпревар.

    На почетокот Македонците спиеа,
    додека Анголците коси си триеа,
    и негативна енергија ширеа.


    Многу лесно тројки ни даваа
    а, нашиве едвај двојки им ставаа
    Бо беше тука за да врати
    и дупло да им плати.


    Предраг Самарџиски не беше лош,
    и ставаше по некој кош,
    Перо Антиќ многу се трудеше,
    дури и коментаторот се чудеше.


    Владо Илиевски промарши тројче,
    ама стави и по некое двојче,
    И златното момче со мека рака
    - Војданче, кошот го сака.


    Но, тука не е крај
    одиме на победа знај,
    денес не чека уште една утакмица
    срцата на сите Македонци ќе бијат како едно
    да погледнеш натпревар ќе биде вредно
     
    На Lux, BeYourself, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  6. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    ^Glossy браво :clap: секоја чест :)
    а јас пак си се надевам дека некако ќе успееме Русите да ги избегнеме или не :?: се си викам не пак Русија, само Русија не :tmi:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ..
    Tреба да играме агресивна одбрана(нешто по што нашата репрезентација е позната) и повеќе да ја форсираме играта во рекет.Незнам дали сте приметиле ама нашите играчи гледам се повеќе форсираат шут за тројка,чија реализација реално ни е многу лоша.Треба да се престана со тој модел на игра ,мора да играме во тоа што знам дека сме способни,агресивна одбрана и игра за рекет,треба веќе да се користи овој модел на игра,вечерва се виде во второ полувреме дека овој модел дава одлични резултати за нас ...

    Штета,Ангола немаа никаква игра а успеаа да триумфираат.Ццц,само тројки знаат да шутираат Анголциве,ништо друго.Лил,абе нашите болкираа со рака,ама па овие и преку рака дадоа 3ка.. :| Па и толку среќа да си има бе,од никаква акција добиваат поени,а нашите ќе се потат ќе се изнамачат,ќе креираат акција што ветува, за на крај -не сака да влезе па не сака.
    И една замерка..аман бе Лазовски,цела Македонија виде дека Самрџиски е подобар од Гечевски, само ти не виде!!
    А како фино,сите си беа спремни за славје,па оно реквизити ова она..пу ј'зк!
    Нов Зеланд реално се слаба репрезентација,и мораме да ги добиеме вечерва со голема разлика! :muscle:
    Па и имаме шанси да ја избегнеме Русија,ако среќата не посака...
    Изгубената битка не значи и изгубена војна! Главата горе..денес е нов ден! :)
     
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Незнам што да очекувам за вечер стварно...Вчера ми се влеа мала надеж при крајот дека можно е и да победиме,ама сите видовме на крај како заврши.Само вечер да тепаме зошто ќе бидам многу разочарана :doh:

    Еве јас на што наидов на нет :tmi:
    http://www.youtube.com/watch?v=ntXXP25McMA
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    Јас не се плашам толку за ечерашниот натпревар,колку што ми е дали ќе налетаме на Русија.
    Некако за вечер сум сигурна дека ќе победиме....ама па тоа значи дека ќе налетаме на Русија.
    Знае ли некој резултати на русија?до сега,со кого игра,резултати?
     
  10. Greenny

    Greenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    39
    Русија ја победи Кореја со 91:56 :tmi: сега не знам колку се јаки Кореја, ама пак ова е голема разлика.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    ^A денес со кого и во колку играат?
     
  12. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Русија 91-56 Кореја
    Кореја-Доминиканска Република (денес во 17:30)-пренос на сител 3
    Доминиканска Република-Русија (утре во 20:00) -пренос на сител 3

    Тешко дека нема да биде,прва во групата....
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    ^леле господе дај боже утре вечер да изгубат....да не налетаме на нив
     
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Angolа-Dominikanska Republika 72 : 67
    Анголците ги победиле на Доминиканска сеа во пријателските натпревари...
    И исто така на последната утакмица помеѓу Ангола и Нов Зеланд, победиле Нов Зеланд, со 70:73 и тоа за континенталниот куп.
    Ако вечерва ги победиме Нов Зеланд ќе имаме 2 бода, Анголците веќе имаат, а ако тие изгубат од Нов Зеланд ќе има изедначена ситуација, ама пак ќе одиме ние како втори а Ангола како први, поради меѓусебните мечеви, така да ни преостанува да се молиме Русите да бидат втори некако евентуално |( според мене никако :D :@
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    Жими се ми се плаче.....не заради тоа што сигурно одиме понатаму со вчерашната победа....туку што не ќе налетавме на Русија ;(
     
  16. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Ние најголема грешка правиме што го потценуваме противникот,и после ни е криво што не победиле. И за нас велеа во Литванија: Кој бе,Македонија? Не знаат да скокнат а не па кошарка да играат,гревчиња. За што,за после да ни бацуваат нозе буквално. Литванија ни се клањаше :D
    И сега демек,еее која е таа Ангола бе? Јас сум рекла,африканците ги бива за спорт. Ама нашиве се упрпаа кога ги видоа сите кула до кула,мислиш скокаат кога одат.
    Се надевам ќе се приберат за вечер и ќе играат плански и разумно,со препознатливата одбрана. Ние сме со вас,секогаш и секаде :rock:
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    Ма гајле ми е мене со кого ќе се паднеме.
    Битно да се избориме денеска за да одиме понатака. Заслужуваме.
    Искрено, менувавме ние канал кога ќе стигневме до 13 коша разлика, за кога ќе вратиме да биде некои 6 коша разлика. Значи баксузи сме им биле. Ништо ново.

    Секоја чест бре за дечкиве. Да изгубиш ти со 4 разлика против такви орангутани, ехее.
    Плус на крај како им опадна концентрацијата, да не беа слободните што им ги делеа ко од ракав, можевме и повеќе да направиме. Ама Македонче, не напнува дури не дојде јајцето на газот.

    Слаба ни е одбраната. Како бе они се лепеа до нашиве, а овие на еден метар од нив им мавтаат само со раце? Па ќе погодат тројки, никој не им застанал пред нос.
    И нападот не ни беше нешто посебен. Толку промашени шанси. :x
    Огромна грешка им е што кога ќе ја земат топката се вртат наоколу да најдат некој за подавање.
    Не бре. Нас секогаш тренерот не’ учеше дека штом така сигурно ја кренеме топката, ништо да не не’ спречува да шутираме, оти многу се поголеми шансите да дадеш кош, отколку да губиш време и ориентација барајќи некој за подавање. Барем пробај од прва, оти вака по секако промашуваме.

    И да не изигравам некојси експерт, ќе им ја пуштам сета среќа вечерва.
    Само малку поагресивна игра и топ ќе сме.
    Можат нашиве момци бре. Јаки се тие. :l:
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    ^важно е со кого ќе се паднеме,како не е важно
    не дека не би можеле да ја тепаме Русија....ама тоа се некои минимални шанси
     
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Останува да веруваме дека ќе се случи некое чудо и ќе ги избегнеме Русите :angel: или пак 3та среќа- победа над нив :P но прво :!: вечерва Нов Зеланд да ги победеме :)
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: Антиќ и Гешевски појма немав кои се до пред две години :$
    Пред две години во Кавадарци на Гроздоберот гледам сите се шушкаат, се сликаат со некои двометраши јас појма немам кои се.
    После става братучед ми слика на ФБ гледам еј со Антиќ слика, еј со Гешевски и морав да се информирам кои се :D



    Те поздрав од мене и Антиќ :rofl:
     
    На Sanniii, Adi888, Elena-97 и 2 други им се допаѓа ова.