^утре не играме утре чекаме да видиме Русија што ќе направи, ако победи играме со неа, ако изгуби не играме со неа
Ииии најдовме село без кучиња па удривме, а? Шала на страна, не очекував вака да ги растураме, се надевам ќе продолжиме вака до крај и нема да се опуштиме па тие да го искористат тоа како наша слабост. Туку, ако ја тепаме оваа идеме, ја не се разбирам у ова сеа 2 се или 3?
Абе го згмечија Борче, и за нив слободни? Акооо, акооо. Ќе видат они. Само малце треба на тројките да повежбаме.
Браво момцииии Мене не ми е јасно како овие од Нов Зеланд стигнале до тука па они само со слободни ги добија поените, појма немаат од кошарка овие Добро се нашиве браво, така треба момци проидолжете натаму
Aј дај боже со доминиканциве, и ако ги победиме, одиме на Oлимпијада, или треба уште да се бориме? сега како што разбрав сме 1/4 финале, ако е така има уште работа
^а нели кога игравме пријателски натпревари настапуваше уште едно црнче во нашата репрезентаци....втора постава игравме тогаш.И + уште едно ново дете. Па нели и третиот брат Стојановски требаше а е во репрезентацијава....? Кај се овие тројца?
Ме плаши искрено пасивноста што се појави кај нашиве тука при крај ... Немаат некој предизвик од страна на противниците тоа може лошо да е . У секој случај подобри сме од вчера се вративме некако у форма, само бре пак ме курчи моментот за Тројките аман до толку
Луѓе, овие повеќе се фокусирале на кореографијата од почеток, па затоа се неспремни, не им замерувајте. Тапи, еј! Не дека јас сум експерт, ама бруки се. Плавуша17, ги форсираше искрено и мене ме заплаши си реков кизнајт колку биле јаки....зато ги здробивме.
Потоа таа треба да ја победиме, ако не победиме...пакуваме куфери. Но ако победиме имаме две шанси. Едната е со директна победа. А втората е во случај да не победиме играме за трето место, и тој што ќе биде трето место исто иде на олимпијада
Тоа другото црнче не смее да игра,пошто смее само еден натурализиран играч да има у репрезентација,иначе не би била репрезентација него клуб нели Иначе спомна нешто коментаторов дека има шанси и први у група да сме ,ама не го разбрав баш.Ваљда ако утре Нов Зеланд ја победи Ангола со голема предност. А то ми се свиџа.Пошто нема да играме со Русија .
Аааа да сигурно ќе ја победи.........ние едвај глава излековме со Ангола, а ги смачкавме овие. а непа Нов Зеланд да ја победи Ангола