Алал да им е на нашиве, многу добро играат, додека не стасаат тие од Нов Зеланд, ќе им треба многу треба да ги помачиме, душа да им извадиме и па да ги победиме
Епа ај нека ни е честито пласманот во четврт финалето...... Сега најважно да си го дочекаме конкурентот, и да победиме-следниот натпреваер е најважен.
22 разлика! Па тоа братчеее! Браво! А Борче, злато вреди! Измеѓу толкави бандери, сам може да тури кош! Идеме даље! Камо да победи Д.Р. утре, па со нив да се бориме. БРАВО!
KАКВА ИГРА! Ах, не сакам да играме сега со тие Русиштата, кобни ни се! Подобро ќе биде со Доминиканците. Maкар што тие ги немало никаде, па лани на Шампионатот во Америка 3то место биле.. Пфф..
Aко победат русите, играме на 6ти бо 23 часот а доминиканциве ако тепаат, не знам кој ден, ама нели во 02 сабајле, е тоа ќе биде интересно да се гледа пренос, во 02 тоа не сме го доживеале до сега
Аааа браво за нашиве, одлично изиграа пред се во одбраната Па редно беше, на минатиот натпревар бевме како швајцарско сирење, изгледа сватија дека натпревар се добива со трчање, пожртвуваност и концетрација во одбрана! Ајде сега верувам и се надевам дека ќе победат и на следниов натпревар, мада ако играме со Русија ке биде доста интересно... Напред Македонијааааааааа, одиме на олимпијада!!!
Не, уште не се знае, а и неможе да се знае кога не се одиграни сите натпревари. Претпоставка е дека ќе е Русија. Ама прво и основно дури ни од нашата група не се завршени натпреварите, дури утре играат Ангола и Нов Зеланд. Инаку што се однесува до натпреваров јас сум задоволна од нашата одбрана, со тоа што сеуште неможам да сватам зашто ги губиме топките под обрачот. Антиќ е мисир! Реткост се неговите скокови под кош, за што е он центар? За да дреме? Нека му одржи некој предавање! И што се однесува до целокупната игра јас сум незадоволна. Вчера бевме повеќе борбени, 3 и 4та четвртина ја одигравме многу подобро од цел денешен меч. И друго... тие шутеви за 3ка на секои 30 секунди нека си ги вежбаат на тренинг. Имаме игра добра и под обрачите, јас не разбирам зашто кога играме со 3ца 2метраши ние форсираме 3ки на 30 секунди. Значи претеруваме. 2та поена мене повеќе ми значат него 100 промашени тројки а 3 погодени. Нема смисла. Ние денес не победивме зашто имавме добра игра, победивме зашто Нов Зеланд е многу слаб!
Утре ке се знае засигурно кој е нашиот следен противник..По одиграниот натпревар помеѓу Русија-Доминиканска република..... али шансите се поголеми дека ке играме го русите Да се надеваме дека ке ги поразиме и ке "Им го вратиме долгот " од Литванија.... Иначе денес супер играа на почеток после се опуштија како и секогаш,среќа што имавме голема предност па си дозволија малце слободна игра.....
Еуфориијата ме инспирираше за уште една творба. Почетокот одличен за нас беше, и секој кошаркар по некој кош редеше. Нов Зеланд не беше лош, ама и најдобриот не можеше да даде кош. Некогаш им подадовме рака, ама кошот не ги сака, можеби им фалеше среќа, ама имаа грешки полна вреќа. Кој што сака за кого било нека кажи, тоа за Бо и нема да важи. Одличен беше во секоја ситуација, и за секоја идеја наоѓаше реализација. Дамјан пред крај на клупа си седна, ама тројката негова беше вредна иако имаше негова замена, на Војдан никој не му беше до рамена. Кошаркарите наши растурија на терен, Лазоски на македонската публика и беше верен. Победата е знак, дека Македонецот е јак! Срце ми е тука Бошко.
Ајде и ја да се вклучам, како редовен гледач и бодрач на нашите кошаркари. Вчера многу подобро игравме од денес. Вчерашните беа стварно јаки. Кај шутне погодува. Што викаа едни до нас, ни во НБА не играат така Стварно добро играа..а на нашите што им се деси? Јас викам не вежбале баш за натпревариве..си се опуштиле веројатно...но затоа вчера навистина победи подобриот. А денес? Читам коментари и на фејсбук и тука, браво Македонија, им покажавме како се игра, ги растуривме аа уу...кај им покажавме како се игра? Па денешнава игра беше бетер од вчерашната.. Нов Зеланд беа многу лоши не ние сме биле добри? Какво растурање? Колку фрлања сите ги испоутињавме..реално според мене, многу лоша игра..очекувам подобра игра во иднина. Но секако сум пресреќна што победивме, и само напред!!
Се искупија денес, за вчерашната лоша игра... Јас не сум баш информирана, сега со кој ќе играме? Нешто знам пак велеја во 11 и пол вечерта ќе се играло, ама не слушнав со кој