Конечно нашата препознатлива игра Вчера едноставно преспавме 3/4 а кога се рабудивме беше предоцна... Само не ми е јасно зошто упорно се обидувавме со 3ки кога не ни одаат. Нас ни лежи некоја побавна игра со цврста одбрана и со сигурен напад. Се надевам дека во следниопт натпревар ќе се поправиме... Како и да е ова е ноќ за славење
Денешната игра е нешто што може да се нарече вистинска македонска игра! Навистина ми се допадна, само пофалби! Но вчерашната можеше да се изигра многу подобро. Да, бавна игра и добра игра, ама тоа вчера беше полжавска. Цел напад додавај се и шутирај во последна секунда, а Ангола само што фатиле топка си го менуваа резултатот за 2-3 поени. И одбраната беше катастрофа, споедено со тоа што денес и на европското го покажаа. Едноставно психички опаднаа уште во првата четвртина. Барем да ја имаа половина играта од последната четвртина ќе водеа и тоа видливо. Важно денес си се оправдаа! Против Русија ќе биде тешко, но сигурна сум дека момците нема да не разочараат!
Фала Богу не послушал Господ. Додуше не дека имавме некоја јака игра, ама доста топки украдовме, овие пола поена на слободни ги добија. Дрва бе, дрва. Ај сега да се надамо дека утре ќе тепа Доминиканска, не дека биле слаби колку што слушам, ама Куриленко - No, no, never again. Спојлер Додуше и за Нов Зеланд викаа јаки биле ама ги утепавме.
Ај да не повторувам, (не ги прочитав сите коментари ама сигурна сум дека прилично се состојат од тоа колку добро сме играле и сл.) ќе кажам само дека мерак ми е да гледам кошарка кога вака играат нашите, НО мислам дека не бевме толку добри колку што беа лоши Нов Зеланд. Колку што јас разбрав им фалеле некои клучни играчи, но и без тоа биле слаба репрезентација. Вака русите не би не оставиле, па мислам дека не треба сега да се опуштаат нашиве, или пак ние многу да ги величиме. Да, супер беа, но овие сите ги тепале. Да се надеваме дека супер ќе бидат и против другите противници и на време ќе се вклопат во нивниот начин на игра, бидејќи нели секоја држава игра различна кошарка, а не како со анголците во последните десет минути. И за крај еве уште едно браво од мене за нашиве што ни приредија вакво уживање вечерва.
Браво момци сигурно сте биле одлични, гледајќи го резултатот. Баш ми е жал што не успеав да ги гледам, но резултатот ми наполни срце Ви ја пуштам сета среќа за следнитот натпревар
Се гледа колку не се разбираме и колку само ни е битен резултатот на семафорот. НЕ, не игравме убаво. Вечер седнете и погледнете си ја репризата. Против Ангола игравме и 3 и 4та четвртина многу поубаво. Ама Ангола е шампион на Африка со одлични резултати секогаш. А Нов Зеланд е еден мал залак, Нов Зеланд е екипа за тренинг. Ние не игравме добро. Нов Зеланд играше лошо. Ама ако дувајте се за резултатот. Ние денес можевме и 50 коша да победиме ако игравме убаво, ама не игравме Дајте статистика само колку промашивме, колку само промашувавме Да не беше БО, богами можевме и да го јадеме.
Антич треба некој да го пее убаво, па и другиве. Што беше тоа со тројките, т.е со НЕторјките незнам. Сто посто си рекоа овие слаби се ај ќе се зафркаваме. Ама едно време се опуштија нашиве па стигнаа до 9 разлика и они. Со кој и да играме следно мора да се присоберат со покушаите за тројка,зашто на ништо не им личеше тоа. Инаку мислам дека ќе бидеме втори на табела. А незнам како тоа испланиравте дека ќе играме со Русија кога утре има Русија утамица, и не се знае која ќе биде по ред. Инаку сега за сега Бо ни е пет на листата освоени поени со 22 и ПРВ на листата за асистенции, алал да му е П.с Овие Доминиканска Република се ептен јаки изгледа доста поени паднале на натпреварот со Кореа па и од двете страни.
Добро јас незнам шо е работава, ама во мојот град видов само 3-4 луѓе кои беа со дрес на мк и со некакви реквизити, се осеќав многу јако, сите ми се звереа ко кузнајт шо да носев на мене,дрес бе батец дрес, одат в кафич да навиваат и да гледаат, а ја немаше таа еуфорија од порано, ми фали кога урлафме по улици до сабајле, многу јако беше, сакам пак!!! Играта бомбастична, а тие од Нов Зеланд, племе растурено , леле ко не исповратив ко го видов тој нивниот танц со јазици пуштање, лиги и такви мити глупости,никоаш не ќе повратам ... Абе шо ќе беше то тројка,двојка, а не пак од слободно да погоделе, олкај кепеци по 2 метра неможат од слободно да погодат а не пак за тројка, не ми е јасно како ја победиле Ангола за континенталниот куп, неможам да си објаснам, стварно неможам... Абе луѓе, ние имаме супер екипа,само да имаме двајца играчи да погодуваат тројки толку добро колку Анголците, никој жив не ќе може да не победи, а не да им се плашиме на Русите и внукот на Баба Рога=Кириленко ! Напред Македонија!!!
Потполно се согласувам.Нашите се навистина добри, доста добро играат, лани беа најдобри, мислам од нас страв имаа големите репрезентации.И вечерва доста добро играа, знам и дека така ќе продолжат и понатаму.Тука проблемот не е во тренерот, што е сменет, туку проблемот е и во среќата, концентрацијата, ништо друго, ако од тој аспект ги имаме сите услови, гарантирано ќе победиме.Лани беа одлични, секоја им чест, но знам дека тоа го можат и годинава.Од тренерот зависи само насоката на играта, но не и способноста на играчите, бидејки тренерот не игра наместо нив.Но, сосем друго е и кога политиката ќе се вмеша, а да ја нема неа, ма какви Руси, Литванци итн.Затоа ги почитувам нашите, затоа што се најдобри од секој аспект, не е само од аспект на игра.Џабе е ако тренерот едно вели, а нашите сосем друго играат и или немаат способност да донесат онаков резултат, каков што тие очекуваат. Ги подржувам потполно и така треба да продолжат со ова темпо, секако и уште подобро
Дали ние бевме јаки, или овие од Нов Зеланд беа слаби, незнам. Ама мислам дека нема кој не е задоволен од резултатот. А да ви кажам, јас лично и од играта сум задоволна (иако секогаш може подобро, нели) Само нека намалат малку со обидите за тројка, не ли гледаат дека не им оди и пак си продолжуваат. Инаку Бо денес беше машина, одличен. Браво! И се надевам дека некако ќе успееме да ја избегнеме Русија, иако и другиве биле јаки како што читам. Ама Русија ме загрижува некако.
Воопшто не бев задоволна од играта, како против Ангола, така против Нов Зеланд. Како да не е ова истиот тим од Европското првенство. Нашите играчи ми делуваат млитаво и дезориентирано, Нов Зеланд е очигледно дека има премногу слаба екипа, оние беа лоши, а ние две скалчиња над нив малку подобри. Генерално игравме лошо, се занесувавме со тие тројки, Илиевски си мисли дека ако дал една фамозна тројка против Литванија тогаш - дека всушност е прецизен тројкаш? Кој како фати топка така и шутираше, неорганизирани напади, слаба одбрана, едно време упорно си ја подаваа топката еден на друг како изгубени во просторот, се додека Макејлеб не се осуди да шутне. Малку сум разочарана од тимот моментално, дали дека ја немаат публиката како поддршка, таа еуфорија и атмосфера секако дека има удел во квалитетот на играта, ама не играат воопшто солидно. А Перо Антиќ малку да се смири и да ја намали неговата надменост и ароганција, нема да е лошо. Плус, имам чувство дека го мрзи да трча салам и да игра, ко тромав ми изгледа и таков - пффффф, ајде бе, нека заврши веќе утакмицава. И срамота е на таков висок човек како него, да му блокираат топка и да му лепат банани такви кепеци како овие Абориџиниве вчера.
Браќана Срби за џабе не кажале - Свако чудо за три дана! Е такво е македонче во спорт посебно, ќе земе сила, ќе се наметне и ќе постигне некој успех и после - Еј знаеш кој сум јас?! И заборава дека не завршува тука се ... и повторно на истиот испит паѓааа ... Е сака вложување, сака подигање на самодоверба константно ... сака труд итн. Мотивација најважно.
Мене синоќа она ми изгледаше на улична кошарка, јас не знам што е работава со нашиве кошаркари, арно што беа Нов Зеланд слаби па ги победивме. Нашиве како да немаат мотивација да играат, млитави ми се некако, а ние се надеваме да не однесат на Олимписки игри, е тешко богами. Се надевам дека ќе ја подобрат играта, а оној Антиќ да е пред мене ќе го здробам. Па кој сноб е бе човече. Јас мислам и народот не е многу загреан за натпревариве, не е како за Европско што беше, нема навивачи по улиците, можеби е и рано. Немаат ни кошаркариве таму поддршка, може и затоа се такви, нема кој да им пее Излези момче, Едно име имаме, и ред други работи. Синоќа можеби на Нов Зеланд требаше да им вратат со Излези момче право на тераса Искрено мислев дека со некои горила ќе играат кога ѓи видов такви
Браво за синоќешната игра. Им покажаа дека нема играчка со нив, иако мислам дека покажуваат послаба игра во однос на Европското лани. Јас немам којзнае колкави очекувања ( да не речам никакви ) за влез на Олимпијада ама што биде нака биде. И да не се пласираме не е крај на свет. А што е најважно од се не треба да плукаме по кошаркарите по секој пораз. Боже мој, не можеме наеднаш да се издигнеме и да се споредуваме со најсилните кошаркарски репрезентации во светот. Тоа се стекнува со текот на времето, требаат години а ние сакаме преку ноќ. Е така не иде. Искрено, лани ова време ни во сон не можевме да замислиме дека ќе бидеме четврти во Европа а камо ли дека ќе играме квалификации за Олимпијада. Јас сум презадоволна од тоа што го направи нашата кошаркарска репрезентација изминатава година.