Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ја не знам зашто се чудите на безвезните обиди за трјока.Од секогаш ги имаше,и на Европското(посебно од Чековски) и после него,а и сеа(најмногу од Илиевски).

    Реално ние немаме игра на напад.Немаме добри шутери и тоа е факт.Жими Мекејлеб и Војдан што ги бива само.
    Нашата игра се сведува на одбраната и тоа е тоа.Но таа игра далеку на оттурка,и затоа продолжуваме да ја играме.
    Да имаве еден Наваро,никој немаше да ни биде рамен :D .

    Споредбено со Европското,само Антич ми потфрлува некако сега,мислам дека Самарџиски му е одлична замена.Овој Антич е само бледа копија на оној Антич од Европското.
    А ни од Илиевски не сум нешто одушевена баш. :^)
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Па Илиевски немаше ни одлични резултати на Европското, освен таа фамозна тројка која ја даде за полуфинале и која го направи цар :)
    Илиевски има улога на водач, тој е плејмејкерот, тој секои 24 нови секунди ги осмислува, тој ни е мозокот во тимот, така да малку треба да намали со избрзаните шутеви, а Илиевски според мене и те како е потребен на тимов. Илиевски не е во топ форма како порано, ама среќа мозочето му работи одлично.

    А за пофалба сме за одбраната и украдените топки, ни нема рамен.
    А катастрофа сме во шутевите за 3ка, слаби шутери сме и слабо играме под обрач.

    И Ангола и Нов Зеланд се пониски екипи од нас. Ние алооо ги имаме Самарџиски, Антиќ, Гечевки и Чековски и пак сме слаби под обрач. Е како бе |(
    Па еден Бо скока ко луд и забива а Чековски не може од место да отскокне, а да не зборам колку само бунари даде вчера. Оф. :tmi:

    И Антиќ е потполно разочарување, не трча, дреме под кош и слабо поентира.
    Нека се одмори има 2 дена и нека не забушава на битниот ни меч!

    Ние сме фантастична екипа, со одлична одбрана и фина игра, со фина кондиција, со не толку добри шутери, НО ние често се опуштаме предвреме и често го потценуваме противникот.
    Само од нас зависи дал ќе одиме понатаму.

    Иако има големо значење и судењето. Приметивте само каква игра даваа против Ангола судиите од Америка? Отворена игра. А вчера од европскиот судија добивме постојано свирење на фаули и постојани прекини. И нас ни одговара европејското судење дефинитивно, ние сме екипа за одбрана, нас не ни одговара американското шоу шутерско.
     
    На LilBaby, Elennaa, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Е вчера веќе беше друго. Друга енергија владееше за разлика од завчера. Дали дека гледавме во кафуле па некако појачан глас, уз пивце, многу навивачи .. те понесува. Друго е од гледање дома во секој случај.
    Ама како да осеќаат кошаркариве бе. Првиот натпревар сите беа онака , не сеедно, али нешто приближно, е за вчера веќе кога сите се возбудија и овие се разиграа. Поврзани сме тоа е , нема друго. :lol: :lol:

    Ајде чекаме петок!!

    И искрено без Антич и Бо ништо не правиме, они се речиси цел тим за мене. :clap: :clap:
     
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Па затоа викам дека не сум нешто одушевена од Илиевски.Пошто е плејмеjкер треба да го организира нападот,а ние скоро ни една добра акција немаме (сега за квалифакациите зборам).
    Само се вртат у круг ,подаваат еден на друг,го трошат времето за напад без везе,и на крај се принудени да шутираат невозможни тројки.

    Иначе за судиите стварно имаш право.Не приметив,ама сега кога ќе го вратам филмот да имаш прво.
    И не само што повеќе ни лежи европското судење,туку и европската кошарка мислам дека повеќе ни лежи.
    Добро Нов Зеланд не е од Европа нели,ама пак таа игра ја игра.
    Мислам дека и оваа Афричка Јужно Америчка кошарка-да кажам не тактичка само шутерска,не ни лежи на нашата игра,
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Јaс па искрено не сум нешто воодушевена од Антич во претходниве утакмици па и општо.Не дека не го сакам, ама мислам дека знае и те како да забушава и да не игра пожртвувано. За разлика од него Илиевски повеќе се труди, барем според мене.
    И да реално и најреално без Бо, немаше да бидеме тоа што сме.Не дека нашиве не играат, ама Бо е клучен.
    За секунда ќе го видиш како фурија летнал од половина на терен и веќе имаш +2 за Македонија.
    Шутевите му се фантастични, незнам има некоја уметност во неговите скокови.
    Близнаците се супер, уште се млади и имаат многу да научат и да бидат подобри.
    Абре јас незнам како можевме да ги потцениме Ангола, абре факт е дека црнциве растур праат во кошаркарскиве води. И сите викате дека Ангола немаат тактика ама имаат повеќе напад и прецизни играчи, во баскет тоа е еден од клучните работи. Тактиката е битна секако и добрите контри, ама ако се повтори она од вчера, со само смешни обиди за 3ка, испаѓа џабе контра сме напраиле ако не сме поентирале. Знаат и сами вајда што им е предност што слабост, нека не се лакомат на 3ки, да беа скромни со 2чиња 90-60 ќе ги тепавме. Нема врска колку резултатот, но ако вака играат со посилни противници нема да биде убаво,според мене вчера многу несериозно си ја сватија работата. Антич некако серт ми се види или? Незнам што му беше ама не беше океј.
    Јас па мислем уште еден Бо ни треба за да праиме растур. Од секогаш сум викала мало ама техничарче, ем брз ем прецизен чиста 10ка 8)
    http://www.youtube.com/watch?v=ZAamJml1 ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=GOL9OkgCFyE
    П.С Имаме еден играч што нема играно до сега во репрезентација мислам заради повреди или операција така нешто, Kирил Николовски такозвани лижавче, висок е колку Антич а може и повисок детето игра супер барем играше одлично кога јас бев основно заедно со близнаците.
    Одвај чекам да го стави и него, да го видиме дали ќе се покаже :)
     
    На LilBaby, Smilly, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Прво браво за вчера, знаев дека ќе победиме :clap: . Овие будаливе од Нов Зеланд на почетокот магии ни правеа, ама не им успеа :D .

    Целокупно сум па може да се каже задоволна од нашава репрезантица, има поединци што ептен ме разочараа.
    Еве го Антиќ на пример. Човекот упорно пробува тројки да шутира ама кога не ти иде од рака брате откажи се. Не е се во тројките. Подобро стај едно двојче отколку да промашиш тројка.
    Овие Чеховски, Миркуловски или како и да се викаше, искрено исти ми се и двајцата. Не ги бива нешто многу многу брате. Не знам колку пати шутираа, дали еднаш погодија.
    Илиевски не ми е нешто посебно, ама човекот се труди :!: , тоа е битниот момент. Вака, така, детето се подобрува.
    Близнаците ми се супер, ги бива, немам што да кажам за нив.
    И јас се согласувам со Хипстер, Бо ни е клучниот момент, клучен беше и на европско. Ептен го бива човекот, трча како фурија, не му ја мисли. Ама си ја знае и способноста. Тројките не му се јака страна, него повеќе го бива за трчање и пикање на топката у кош :D . Без Бо немаше да бидеме тоа што сме.
    Исто се согласувам со Хипстер за Ангола. Јас барем отсекогаш сум имала мислење дека црнците се маестрални во кошарка. Тоа и се докажа, какви тројки даваа :o . Добро веќе пишував за тоа да не се повторувам.

    Како и да е, се надевам дека за следната утакмица ќе бидат уште поразбудени и дека ќе ни донесат победа :D .

    Иначе кога е следната утакмица и со кој играме :?: ?
     
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    ^
    Ако победи Русија денеска ќе играме во петок во 23:30, ако победи Доминиканска играме во 02:00, незнам кој ден.
    А во постот кај Чековски на другиот сигурно мислиш на Гечевски, Миркуловски е од ракометарите. :D
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    3та среќа со Русите :D валда овој пат ќе ги тепаме
    (секако ако ни се паднат тие)
     
  9. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Џабе им беше на Маориве тоа племенскиот ритуал, напред момци!
    Иако издвојувавме победа, играта не е таа која сите се навикнавме да ја гледаме. Можат каде каде подобро од ова!
    Треба да им се скратат шутевите на Чековски, Антиќ и Гечевски.
    Во контра наместо да се праќа Бо, се иде со тројка. А па можда и си вежбаа луѓето тројки, who knows.
    Што црта Лазовски цело време? Или позициите се само за на табла да стојат? Не може еден центар да има толку обиди за 3, секој треба да си го знае местото и според тоа задачата што му следува.

    Ајде да не бидам пред време песимистички расположена, ама се си мислам ќе биде исто како со ракометарите.

    http://www.youtube.com/watch?v=LWXcfof7 ... r_embedded
     
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Не знам дали оние од Нов Зеланд беа слаби, или пак ние бевме јаки вчера..

    Како и да е, стискаме палци за следната утакмица.
     
  11. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Е тој де :D . Исти ми се што да правиш, само на тие не им ги знам презимињата :rofl:
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува НЗ води против Ангола....леле господе просветли не :angel: :angel: :angel:
     
  13. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Според мене Антиќ игра многу добро и без него не можеме ништо, тоа е факт. Мислам дека стварно нема смисла да зборуваме дека бил ваков таков, но го бивало за трјки, не бил под кош, не крадел топки, ова она кога до вчера викавте дека без него не се може, зашто се откажал да биде капитен и ред други работи.Никој не знае што и како му било,изминатиов пероид имаше многу тренинзи, утакмици за Олимпијакос немаше време да се одмори и се гледа дека е многу изморен, па пак човекот се труди и игра.Како тим не сме лоши, близнаците се сложувам дека имаат најлесна рака од сите, многу се прецизни и погодуваат , но премногу ги форсираат....никаде ги намаше дадоа две, три тројки и ајде сега најдобри се. Неискусни се има време и за нив, но далеку подобри од Чековски и Гечевски ;). (воопшто не знам зошто тие уште играат).Клучните играчи се Бо и Антиќ и без нив ништо.
    За играта нема да коментирам, нашите очекувања се нели да победиме, но тие таму си имаат математика ....им кажуваат кои им се клучни натпревари кои Мораат да победат, а на кои да попуштат и да не си ги трошат силите дека понатаму ги чекаат посилни противници. Така беше со вчерашниот натпревар можеше и подобро , но не си ги трошеа силите. Сега имаат неколку ден одмор и се надевам дека ќе се одморат. :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Мислев на нашата одбрана. Многу подобро игравме одбрана против Нов Зеланд, не е битно колку се тие слаби, да игравме така во првата и втората четвртина со Анголците немаше толку да се оддалечеме во резултатот и можеби во третата и четвртата четвртина ќе ги победевме. Имаме ние квалитетни играчи и можеме против нив.

    Едит Ако тепат Нов Зеланд со 16 разлика ние ќе бидеме први во групата, а со тоа добиваме можност да ја избегнеме Русија :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Да не ги подречам НЗ се држи одлично....изгледа Ангола намерно не се форсира :clap: дај боже вака да остане
     
  16. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Нов Зеланд води 15 поени.Ангола нема ни една тројка.
    Чуда се случуваат. :D
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Господ е голеееем :angel:
     
    На Elennaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Дај просветлете ме, не сум ич упатена.Слушам муабети од сите страни од разни "стручњаци" :D

    Во петок играме или со Русија или со Доминиканска Репубика зависно од тоа кој ќе победи и важно ни е Нов Зеланд да ја победи Ангола заради поени така?

    Слушнав муабет дека сите наредни утакмици треба да победуваме ако сакаме на Олимписки,стварно? :^)

    А што се однесува на вчерашната утакмица,имам само да кажам едно огромно ЗНАЕЕЕЕВ !!!
    Знаев дека ќе победиме уште кога почна,а и знаев дека ќе играат Haka dance :lol: хахах
    Тие се ненормални :rofl:
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Ангола -Нов Зеланд 64-68
    Што значи ние сме први, а Ангола е втора.
    Не очекував ваков пресврт, но секако сигурно одевме понатака, не ни беше толку битно кои сме,први или втори. Ама сепак убав е филингот да си прв :wasntme:
    Сега кажа коментаторт на Сител понатка играме со тој што ќе изгуби вечер Русија или Доминикаска Р.
    Е сега тука е интересно,кој е стварно подобарм тие Доминиканска ќе повторам не се ама ич слаби.
    Можеби подобро вечер да губат, па утре со нив да си ги одмериме силите, Русиве секако не ни се среќни.
    Јас сигурно ја гледам вечер ептен ме интересира кој е подобар.
    Уште се чудам како Нов Зелад ги победија, пратев резултет, цело време беа у предност, не голема ама водеа. Вчера ние некако лесно ги добивме, изгледа тие на потценија нас...
    Вечер у 8 играат, дали ќе ја даваат само кај нас незнам, се надевам
    П.С Сега видов ќе даваат само на Сител 3.
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. The.Ring

    The.Ring Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    ^^ Од колку саатот играат вечер ?