Венецула е домаќин не Доминиканска Република. И не би било лошо да не ги потцениме и овие и да се прогласиме за победници уште однапред, не дека сме слаби никој не рече така, но се опуштаме премногу кога не треба некогаш И ако некој тука сака отворено да си критикува нешто што не му се свија во играта на својата репрезентација не значи дека плука по него а порано го величел. Нели е нормано кога некој прави грешки да го критикуваш а кога победува и е добар да го фалиш. Конструктивна критика е секогаш добредојдена, барем прави спортисти треба секогаш да прифаќаат критики... Не е се розево во животот па да ги фалиме само, без некогаш да им се налутме кога треба. Тоа не значи дека не ги сакаме или не се гордееме со нив. Јас при уште здрави очи неможам да кажам дека топ бевме вчера и маестрално одигравме само зошто победивме со голема разлика. Барем толку малку се разбирам во баскет за да знам дека 3ки се пробуваат на тренинг не на натревар за квалификации за олимпијада.
Прееска гледав спортски прилог на тв на некој српски ли хрватски ли канал везе немам. И даваа инфо и за квалификацииве,и нели и за нашата вчерашна утакмица,и тој новинарот вика дека демек нашиве намерно тактички во последната четвртина малку попуштиле и не искористиле некои шанси , зошто помалата разлика во кошеви би значело поголем мотив за денеска за Нов Зеланд,зошто ќе требале со помала разлика да ги победат Ангола за да идат понатаму, а ние така ќе го имаме првото место на табелата и гооолеми шанси за избегнување на Русија. Е сеа колку е точно болдираново не знам.До негде и ми има смисла а до негде и ми нема. A 100% е тоа дека по наше време во 2 навечер се игра?
А дали домакинот ќе оди понатака, за тоа сте се запрашале ? Венецуела испадна, понатака одат Литванците и Нигерија...
^Aха,Мисче баш сега прочитав. Официјално: Играме од 02:30 часот, Венецуела е елиминирана... ќе треба да славиме во 4 Богами биче забавно,има лудница да биде у кафиќ
Епа чим е во 2 саат, ќе има будење на комшии. Иначе мислам дека секогаш ќе го памтам коментаров. Спојлер
02:30 ? уште покасноо ? оф ќе биде закон и неповторливо!!! А кафичите ќе работат до толку касно? , мене не ми се верува
тешко, до 4-5 ќе треба да имаат отворено, јас искрено баш би сакала, сите по кафичи и да навиваме ама ....
дефинитивно ќе си легнам порано и во 2 ќе ставам алармот да ме разбуди,таман до 2:30 да се расонам....и домче пред тв ќе си гледам
Касно-некасно, мора да се гледа! Јас и онака не можам да заспијам до 3-3 ипол, се вртам натаму наваму на креветот па место тоа подобро кошарка ке гледам. Не се пропушта ова
Супер штом ќе е од 23:30, барем ќе можам да се наспијам за на работа. Се надевам дека нашиве ќе победат
Мора да победиме, и после ќе играме со Литванија најверојатно, (победникот меѓу Литванија и Порторико), што е најмало зло, од сите што се претпоставува да одат(Литванија, Грција, Русија И НИЕ СЕКАКО)... Литванците немаат континуитет, вчера од Нигерија загубија со 14-тина коша разлика, многу се ослабнати, Доменикана исто е послаб противник од Русија сигурно... Патот не ни е многу трнлив, во тој поглед овој пат не сакаше среќата... Само јака одбрана и ете не нас во Лондон, на Олимпијада.... Со цело срце верувам дека ќе успееме.... Ќе се навива нашироко и наголемо.... М А К Е Д О Н И Ј А !!!!!!!!
Абе работава Литванија со кој и да игра се очекува дека ќе победи. Инаку играме во 23:30, а ако ги победиме Доминиканците тогаш играме во 02:00.
И јас мислам дека е супер што ќе ја избегнеме Русија, видовме уште на Европско дека не ни оди со нив, ама па ни Доминикана не смееме да ја потцениме, за да не не удри од земја тоа потценување после. Како и да е, верувам во нашите и знам дека можат. Нека обрнат особено внимание на одбраната, мислам дека со добра одбрана можеме против било кој. И подобро сигурно двојче, отколку обид за три и нула на крај. Не дека играат лошо, ама далеку се од тоа што го покажаа на Европското. Незнам дали не се во форма, или е нешто друго, а освен тоа ни атмосферата не е иста, ни тука ни таму, навивачите во сала дефинитивно фалат многу. Во петок ќе се навива за Македонија, со цело срце!